Замисли си регион каде што можеш да најдеш споменици од античкото Грчко, Римско или Отоманско Царство, но и од социјалистичките режими. Ова е место каде што се мешаат источните и западните култури – нивната храна, традиционална облека, јазикот и бројни други аспекти од нивното културното наследство: ова е Западен Балкан. Невладина организација од Србија – Здружение „Манифесто“, заедно со други партнери од Црна Гора и Северна Македонија, развила единствен начин за промоција на ова помалку познато наследство.
Се работи за нивниот иновативен концепт, развиен како дел од проект финансиран од ЕУ – „Прошетки и разговори низ културното наследство“. Ги доближуваат локациите на културно наследство до посетителите и ја зголемуваат привлечноста на помалку познатите локации преку употреба на иновативни раскажувачки методи за да ги претстават не само фактите, туку и усната историја и урбаните легенди. Сево ова го промовираат преку современи далечински методи, вклучувајќи ги социјалните медиуми и специјално креирана мобилна апликација. Проектот вклучува промоција на споменици од Втората светска војна, кралски палати и антички населби, движејќи се низ праисториски населби, сместени во прекрасни пејзажи.
Концептот „Прошетки низ културното наследство“ бил за првпат претставен во Советот на ЕУ, во рамки на Конвенцијата „Фаро“. Оваа конвенција се однесува на вредностите на културното наследство како добра пракса за општествено засновани иницијативи за културно наследство. Идејата на проектот била развиена врз основа на овој концепт преку кој учесниците се запознаваат со скриени катчиња од околината преку интересно раскажување. Концептот „Прошетки низ културното наследство“ ги зближува туристите не само со локалните куриозитети, туку и со локалните даватели на услуги, поврзувајќи ги сите заедно преку посебна приказна.
„Во секој музеј или културна институција, имаме професионалци кои добро го владеат својот домен како, на пример: археологија, антропологија или биологија, но не се особено добри за раскажување. Сакавме да заземеме нов приод.“
Иван Светозаревиќ, проектен менаџер, Здружение „Манифесто“
Различен начин на раскажување
Иван Светозаревиќ е проектен менаџер во Здружението „Манифесто“ кое добило грант од Проектот за туристички развој и промоција, финансиран од ЕУ, а имплементиран од Советот за регионална соработка. Тој објаснува дека идејата на проектот била развиена врз основа на неколку конкретни предизвици со кои туристичката индустрија се соочува при промовирањето на културното наследство. Главниот предизвик бил недостатокот на привлечни методи за толкување и раскажување на културното наследство, особено во руралните средини.
„Во секој музеј или културна институција, имаме професионалци кои добро го владеат својот домен како, на пример: археологија, антропологија или биологија, но не се особено добри за раскажување,“ вели тој.
Проектот избрал осум локации во три држави на Западен Балкан; вклучувајќи ги Гамзиград или Феликс Ромулијана во Србија, средновековната тврдина Швац во Црна Гора, Самуиловата тврдина во Северна Македонија, и други. Исто така, ангажирале професионалци за да создадат приказни засновани на факти, но и на усна историја и урбани легенди, и да осмислат оригинален пристап кој ја сместува приказната во поширок контекст. „Сакавме да понудиме нов пристап кон раскажувањето за наследството во Западен Балкан: нов производ,“ вели Иван. Напоредно, проектот развил и посебни патеки околу локациите. Патеките вклучуваат локални бизниси како, на пример: мали продавнички и ресторани и на овој начин нудат можност за ангажирање и создавање бенефити за локалните заедници и бизниси околу локациите.
„Кога станува збор за културен туризам, повеќето посетители, по правило, избираат поголеми градови. Локациите избрани од нашиот проект се, главно, во руралните средини кои сега можат да извлечат економска корист од туризмот.“
Иван Светозаревиќ, проектен менаџер, Здружение „Манифесто“
Избраните локации се од Црна Гора, Северна Македонија и Србија. Патеките и приказните се прикачени на нашиот веб сајт и мобилна апликација создадени од проектот со цел посетителите да можат независно да ги посетат и да уживаат во нив. Ова им нуди можност на посетителите да доживеат прекугранично искуство преку уживање во културното наследство промовирано од проектот. На овој начин, проектот придонесува за заедничка промоција на регионалната културна понуда, зголемување на престојот на посетителите во регионот и приходите кои се генерираат од вработувањето во туристичката индустрија.
Повеќето од локациите во проектот се во руралните средини, објаснува Иван: „Кога станува збор за културен туризам, повеќето посетители, по правило, избираат поголеми градови. Локациите избрани од нашиот проект се, главно, во руралните средини кои сега можат да извлечат економска корист од туризмот.“
За проектот
Проектот за туристички развој и промоција, финансиран од ЕУ, а имплементиран од Советот за регионална соработка, е вреден 5 милиони евра. Истиот стреми кон развивање и меѓународно промовирање на заеднички понуди за регионален културен и авантуристички туризам, зголемување на бројот на туристи кои ги посетуваат шесте држави во Западен Балкан и проширување на нивниот престој во регионот. Здружението „Манифесто“ беше меѓу добитниците во вториот круг грантови, секој во вредност од 54 илјади евра, доделени во октомври 2019. Советот за регионална соработка е инцијатива, финансирана од ЕУ, која промовира соработка, помирување и економски и општествен развој во регионот.
Photo credits: Association Manifesto
Се работи за нивниот иновативен концепт, развиен како дел од проект финансиран од ЕУ – „Прошетки и разговори низ културното наследство“. Ги доближуваат локациите на културно наследство до посетителите и ја зголемуваат привлечноста на помалку познатите локации преку употреба на иновативни раскажувачки методи за да ги претстават не само фактите, туку и усната историја и урбаните легенди. Сево ова го промовираат преку современи далечински методи, вклучувајќи ги социјалните медиуми и специјално креирана мобилна апликација. Проектот вклучува промоција на споменици од Втората светска војна, кралски палати и антички населби, движејќи се низ праисториски населби, сместени во прекрасни пејзажи.
Концептот „Прошетки низ културното наследство“ бил за првпат претставен во Советот на ЕУ, во рамки на Конвенцијата „Фаро“. Оваа конвенција се однесува на вредностите на културното наследство како добра пракса за општествено засновани иницијативи за културно наследство. Идејата на проектот била развиена врз основа на овој концепт преку кој учесниците се запознаваат со скриени катчиња од околината преку интересно раскажување. Концептот „Прошетки низ културното наследство“ ги зближува туристите не само со локалните куриозитети, туку и со локалните даватели на услуги, поврзувајќи ги сите заедно преку посебна приказна.
Различен начин на раскажување
Иван Светозаревиќ е проектен менаџер во Здружението „Манифесто“ кое добило грант од Проектот за туристички развој и промоција, финансиран од ЕУ, а имплементиран од Советот за регионална соработка. Тој објаснува дека идејата на проектот била развиена врз основа на неколку конкретни предизвици со кои туристичката индустрија се соочува при промовирањето на културното наследство. Главниот предизвик бил недостатокот на привлечни методи за толкување и раскажување на културното наследство, особено во руралните средини.
„Во секој музеј или културна институција, имаме професионалци кои добро го владеат својот домен како, на пример: археологија, антропологија или биологија, но не се особено добри за раскажување,“ вели тој.
Проектот избрал осум локации во три држави на Западен Балкан; вклучувајќи ги Гамзиград или Феликс Ромулијана во Србија, средновековната тврдина Швац во Црна Гора, Самуиловата тврдина во Северна Македонија, и други. Исто така, ангажирале професионалци за да создадат приказни засновани на факти, но и на усна историја и урбани легенди, и да осмислат оригинален пристап кој ја сместува приказната во поширок контекст. „Сакавме да понудиме нов пристап кон раскажувањето за наследството во Западен Балкан: нов производ,“ вели Иван. Напоредно, проектот развил и посебни патеки околу локациите. Патеките вклучуваат локални бизниси како, на пример: мали продавнички и ресторани и на овој начин нудат можност за ангажирање и создавање бенефити за локалните заедници и бизниси околу локациите.
Избраните локации се од Црна Гора, Северна Македонија и Србија. Патеките и приказните се прикачени на нашиот веб сајт и мобилна апликација создадени од проектот со цел посетителите да можат независно да ги посетат и да уживаат во нив. Ова им нуди можност на посетителите да доживеат прекугранично искуство преку уживање во културното наследство промовирано од проектот. На овој начин, проектот придонесува за заедничка промоција на регионалната културна понуда, зголемување на престојот на посетителите во регионот и приходите кои се генерираат од вработувањето во туристичката индустрија.
Повеќето од локациите во проектот се во руралните средини, објаснува Иван: „Кога станува збор за културен туризам, повеќето посетители, по правило, избираат поголеми градови. Локациите избрани од нашиот проект се, главно, во руралните средини кои сега можат да извлечат економска корист од туризмот.“
За проектот
Проектот за туристички развој и промоција, финансиран од ЕУ, а имплементиран од Советот за регионална соработка, е вреден 5 милиони евра. Истиот стреми кон развивање и меѓународно промовирање на заеднички понуди за регионален културен и авантуристички туризам, зголемување на бројот на туристи кои ги посетуваат шесте држави во Западен Балкан и проширување на нивниот престој во регионот. Здружението „Манифесто“ беше меѓу добитниците во вториот круг грантови, секој во вредност од 54 илјади евра, доделени во октомври 2019. Советот за регионална соработка е инцијатива, финансирана од ЕУ, која промовира соработка, помирување и економски и општествен развој во регионот.
Photo credits: Association Manifesto
Please wait while your video is being uploaded...
Don't close this window!