Skip to main content

Јакнење на системите за управување со нерегуларната миграција и борба против организираниот криминал во Северна Македонија

Project Description

Проектот „Јакнење на системите за управување со нерегуларната миграција и борба против организираниот криминал во Северна Македонија“ е развиен со цел да одговори на приоритетните потреби на земјата во областа на управувањето со миграцијата, земајќи го предвид тековниот контекст и идентификуваните предизвици. Тој директно придонесува кон исполнување на целите утврдени во Акциониот документ „Јакнење на системите за управување со нерегуларната миграција и борба против организираниот криминал во Западен Балкан за 2024 година“, со цел да се продлабочат капацитетите за управување со границите и миграцијата, како и за да се одговори посилно на транснационалниот организиран криминал.

Надградувајќи ги претходните иницијативи финансирани од Европската Унија во областа на управувањето со миграцијата, овој проект ќе продолжи да ја поддржува работата на Владата за ефикасно управување со миграцијата и заштита на ранливите категории. Тој дополнително ќе придонесе кон зајакнување на граничните системи и системите за миграција во земјата, во согласност со Комуникацијата за проширување на Европската Унија за 2024 година, Акцискиот план на ЕУ за Западен Балкан и Програмскиот рамковен документ на ИПА III.

Главните владини чинители ги вклучуваат Министерството за внатрешни работи и неговите надлежни организациски единици за управување со границите; Министерството за социјална политика, демографија и млади и неговите поврзани служби; како и Министерството за здравство, заедно со неговите надлежни институции.
Specific Objective

• Да се зајакнат капацитетите во областа на управувањето со границите, надзорот и борбата против организираниот криминал, во согласност со основните права.
• Да се подобрат можностите за пристап на мигрантите до безбедни и законски патеки и перспективи, како и да се зајакнат мерките за санкционирање на трговците со луѓе.
• Да се обезбеди пристап на мигрантите до заштита и услуги за поддршка.
Expected Results

• Зголемена способност на институциите за управување со границите и миграцијата за контрола на границите и спречување на криумчарење мигранти, трговија со луѓе и други форми на транснационален организиран криминал, во целост да ги почитуваат владеењето на правото и основните права.
• Зајакнати системи за заштита и упатување на лицата во движење, како и унапредени механизми за санкционирање на криумчарите, во согласност со стандардите на Европската Унија и меѓународните стандарди.
• Обезбедена соодветна заштита и помош за мигрантите кои имаат потреба од тоа, вклучително ранливи категории и деца без придружба.
Project map
Photo gallery
Workshop on Human Trafficking Cases and Victim Protection
PROJECT DETAILS
Priority Area:
Демократија, добро владеење и основни права
Subsector:
Владеење на правото, безбедност и миграција
Topic:
Миграција
Project Status:
Во тек
Start Date:
01.04.2025
End Date:
31.03.2029
Social Media Links:

EU Project Number:
INTV-27536