ЕУ и Европската банка за реконструкција и развој прошируваат нови финансирања за бизниси во Србија News | WeBalkans

ЕУ и Европската банка за реконструкција и развој прошируваат нови финансирања за бизниси во Србија

06 Мај 2022
6/05/2022

ЕУ и Европската банка за реконструкција и развој прошируваат нови финансирања за бизниси во Србија

Малите и средни претпријатија во Србија ќе можат да ги искористат придобивките од новите фондови на ЕУ и Европската банка за реконструкција и развој достапни преку „Intesa Leasing“.

 

Нова кредитна линија, во вредност од 5 милиони евра, ќе биде достапна за српските фирми преку „Intesa Leasing“ и тоа во форма на лизинг за опрема и возила; овозможувајќи им, на овој начин, да инвестираат во работните стандарди и процеси и да станат поконкурентни на локалните и пазарите на ЕУ. Малите и средни претпријатија ќе можат да добијат и пристап до грантови од ЕУ во вредност од, најмногу, 15 % од севкупниот износ на лизингот. 

 

Целта на финансирањето е охрабрување на малите и средни претпријатија за инвестирање во надградување; и тоа во три клучни области: заштита на животната средина, здравје и безбедност, и квалитет на производите. Особен фокус ќе се посвети на инвестициите во зелени технологии, за да им се помогне на малите и средни претпријатија да се прилагодат на еколошките стандарди на ЕУ и да ја подобрат својата енергетска ефикасност со, најмалку, 60 % од сите лизинг средства наменети за поддршка на мерките за енергетско штедење.

 

Новиот инструмент е дел од Програмата за поддршка на конкурентност на малите и средни претпријатија во Западен Балкан; во која ЕУ придонесува со стимулативни плаќања и техничка помош додека, пак, Европската банка за реконструкција и развој е задолжена за заемите. Целта е да се обезбеди помош за модернизација на активностите на малите и средни претпријатија и да се искористат трговските можности во регионот на Западен Балкан и поширокиот европски пазар.

Прочитај повеќе

Извор: EBRD

Извор на фотографии: EBRD

Please wait while your video is being uploaded...

Don't close this window!

Subscribe to the newsletter

I have read and understood the terms of the privacy statement.