Револуционизирање на сточарството во Србија | WeBalkans | EU Projects in the Western Balkans

Револуционизирање на сточарството во Србија

Запознајте го Робо-овчарот – креиран во рамки на научно-технолошкиот парк во Ниш

SCROLL DOWN

Најверојатно, многумина од вас се запознаени со RoboCop – протагонист во филм од 80-тите, половина човек, а половина машина. Во тој период, концептот на роботи кои ги заменуваат луѓето во најразлични улоги беше замисла претставена само во научно-фантастичните филмови. Но, во текот на изминатите децении, идејата постепено се претвори во реалност и, денес, сведочиме како роботите ни помагаат во најразлични задачи. Неодамна, одличен пример беше претставен во Србија. Но, овој пат, целта не е да се замени човечката работа туку да се адресираат задачите поврзани со животинското однесување, особено оние кои се поврзани со овчарските кучиња.

 

Српската информациско-технолошка компанија „Coming Computer Engineering“ соработуваше со инженери од Факултетот за механичко инженерство при Универзитетот во Ниш со цел развивање и воведување најсовремен и мултифункционален робот познат како Робо-овчар. Оваа иновативна креација се справува со еден од најголемите предизвици со кои се соочени производителите во Србија: недостатокот од работници.

„Робо-овчарот е дизајниран со цел да се ревитализира традиционалното сточарство, вклучително и одгледувањето добиток на пасиштата.“

Душан Крстиќ, проектен менаџер при „Coming Computer Engineering“

„Робо-овчарот е дизајниран со цел да се ревитализира традиционалното сточарство, вклучително и одгледувањето добиток на пасиштата,“ изјавува Душан Крстиќ, проектен менаџер при „Coming Computer Engineering“. „Земајќи ја предвид намалената работна сила, наша цел е да ги замениме луѓето со роботи. Овие роботи ќе ги водат животните на пасиштата, ќе ги заштитуваат од предатори и ќе се погрижат животните да пасат доволно трева.“ Веројатноста робот-овчар да се грижи за стадо од 620 овци може да стане позната глетка на српските пасишта. Освен за грижа за добиток, „Coming Computer“ развива роботи за најразлични земјоделски работи, како, на пример, садење, наводнување,  берба и орање.

За разлика од машините, овие електрични асистенти можат да функционираат на исклучително стрмен терен. „Ја тестиравме способноста на прототипот за влечење товар од 345 килограми на угорнина од 30 %, користејќи систем за автоматско урамнотежување,“ објаснува Никола Велчев, инженер при „Coming Computer“. „Ваквиот систем му овозможува на роботот да ја наведне својата предна страна кога се искачува по стрмни предели, со што се спречува негово паѓање при носење голем товар или при влечење приколка.“ Исто така, роботот се адаптира на операции на ниво на земјата, како што се собирање јагоди, и може веднаш да ја прилагоди својата роботска платформа за да се издигне на височина до 2 метри. „Наша цел е да развиеме платформа која може да инкорпорира најразлични додатоци за различни активности,“ раскажува Велчев. „Роботот се контролира со џојстик, опремен со сензор на движење кој може да детектира пречки и да ги избегне. Со помош на GPS навигација, роботот може самостојно да се врати од пасиштето до шталата.“

Во текот на следните три години, роботите ќе навлезат во доменот на производство, со ценовна стратегија која ќе ги направи достапни за малите земјоделски производители. Во моментов, роботите од овој вид чинат преку 100000 евра и не се достапни за повеќето земјоделци во Србија и околниот регион.

„Суштината на научно-технолошкиот парк лежи во креирањето заедница од иновативни компании кои поттикнуваат размена на знаење, меѓусебна поддршка и активно учество во организирани активности.“

Милан Ранџеловиќ, научно-технолошки парк во Ниш

Подигнување на стандардите во напредното земјоделство

 Обично, би биле потребни меѓу пет и десет години за да се развијат вакви специјализирани земјоделски решенија засновани на вештачка интелигенција. Дури и за глобалните високотехнолошки компании сместени во главните информациско-технолошки центри како што е Силициумската долина. Но, иноваторите во научно-технолошкиот парк во Ниш го реализирале овој предизвик за зачудувачки три години, со поддршка од Фондот за иновации на Република Србија и ЕУ.

Меѓу бројните компании кои оперираат во рамки на научно-технолошкиот парк во Ниш – иновативен центар отворен во 2020 година, е и „Coming Computer Engineering“. Паркот се развил како централна точка за унапредување на научни и технолошки проекти, како и нивна меѓународна промоција. Соработуваат со универзитетите и академската заедница, обединувајќи преку 500 млади ИТ инженери со цел да го претворат регионот во глобален центар за најсовремени технологии.

„Суштината на научно-технолошкиот парк лежи во креирањето заедница од иновативни компании кои поттикнуваат размена на знаење, меѓусебна поддршка и активно учество во организирани активности,“вели Милан Ранџеловиќ, директор на научно-технолошкиот парк во Ниш. „Нашата цел е да ги поддржиме локалните високотехнолошки претприемачи и да ја зголемиме свеста, истовремено зајакнувајќи го целиот иновациски екосистем во регионот.“

Заедно со своите виртуелни членови, компаниите сместени во научно-технолошкиот парк вработуваат приближно 5000 индивидуи. Изградбата на просториите на научно-технолошкиот парк беше финансирана од Владата на Србија и заем од Европската инвестициска банка, обезбеден во 2010 година, за секторот за истражување и развој во Србија.

За проектот

Проектот „Истражување и развој на јавниот сектор“ опфаќа серија инвестиции насочени кон ревитализирање на истражувањето и развојот на јавниот сектор во државата. Овие инвестиции вклучуваат надградување на постоечката инфраструктура, креирање центар за промоција на наука, изградба на капацитети за сместување на студенти и млади научници, како и изградба на центри за усовршување во приоритетните полиња на истражување. Висината на проектот е процената на 420 милиони евра. Проектот е целосно усогласен со приоритетите за позајмување на Европската инвестициска банка насочени кон зајакнување и развој на активности во поддршка на земјите-кандидати и земјите потенцијални кандидати. Европската инвестициска банка, долгорочна финансиска институција на ЕУ, поддржува одржливи капитални инвестициски проекти кои ги унапредуваат целите на политиката на ЕУ. Во државите од Западен Балкан, финансиските операции на ЕИБ придонесуваат за олеснување на процесот на интеграција во ЕУ. Од 2001 година, ЕИБ издвоила 2,6 милијарда евра во корист на проекти во Србија.

Photo credits: Technology Park in Nis

Please wait while your video is being uploaded...

Don't close this window!

Subscribe to the newsletter

I have read and understood the terms of the privacy statement.