Учење на бизнис уметноста на необично место | WeBalkans | EU Projects in the Western Balkans

Учење на бизнис уметноста на необично место

05 Ное 2020

Торралба де Рибота (Torralba de Ribota) е место со само 120 жители, а неговата економија е далеку од динамична. Ова селце во североисточна Шпанија поседува само еден бар, а агростопанството е основниот извор на примања за мештаните. Посекако, триесет и едно годишниот српски претприемач, Младен Савковиќ, токму тука одлучил да помине цел еден месец за да ги подобри своите бизнис вештини.

Младен е професионалец во доменот на односи со јавноста кој, по десет години работа во новинарство, а и како хонорарец за односи за јавност и културни активности, неодамна отвори своја агенција за односи со јавност. Но, Младен заклучил дека му е потребна поддршка за да работи подобро.  “ Налетав на приказна за една жена од Србија која основала компанија за домашни тестенини. За да го подобри својот бизнис, успешно аплицирала за финансии од ЕУ со цел да оди неколку месеци во Сицилија и да го научи занаетот од локалните експерти. Ова ми делуваше совршено! Оттука, започнав со истражување како успеала да стигне до таму“, вели тој.

“ Мислев дека ако научам како да стапам во контакт со публика таму, потоа ќе успеам каде било.“

Младен Савковиќ, претприемач

На тој начин, Младен дознал за проектот “ MOVE-YE“, под покровителство на ЕУ програмата “ COSME“. Како и бројни други млади, Младен ја зграпчил можноста за работна посета на држава во ЕУ. Со оглед на тоа што зборува шпански, Шпанија била сосема очигледен избор.

Каде да се оди?

Првично, размислувал да оди во Мадрид или Барселона. Вели дека можел да избира помеѓу бројни компании, повеќето од доменот на туризам, ИТ или други сектори. Но, привлечна му била можноста во културниот домен која ја добил во Торралба де Рибота. “ Ме интервјуираа две дами кои го раководат локалниот фестивал за уметност и музика “ Saltamontes“ и бев навистина импресиониран. Се работи за сосема малечко селце, а тие успеале да организираат успешен уметнички фестивал. Си помислив дека ако научам како да стапам во контакт со публика таму, потоа ќе успеам каде било и одлучив дека е вистинската можност за мене.“

Младен поминал цел еден месец работејќи на фестивалот “ Saltamontes“. Добил прилика за промоција на уметноста и културата надвор од урбаните подрачја, каде што сè уште претставуваат составен дел од секојдневието, но на потполно различен начин. “ Станав далеку посвесен за важноста од стапувањето во контакт со локалната заедница и слушањето на нивните културни потреби и интереси“, вели тој.

“ Станав далеку посвесен за важноста од стапувањето во контакт со локалната заедница и слушањето на нивните културни потреби и интереси.“

Младен Савковиќ, претприемач

Носење на искуството дома

Младен работи, воглавно,  со институции кои организираат културни настани и фестивали. Сега, на своите клиенти во Србија, планира да им ги претстави методите за стапување во контакт со публиката кои ги научил во Шпанија. “ Можете да организирате изложба и само да ја направите постановката. Но, научив дека е уште поважно да работиме заедно со публиката и да се фокусираме кон поактивно инволвирање на заедницата. Искуството со фестивалот “ Saltamontes“ ме натера да размислувам за идеи кои можам да ги применам во Србија“, вели тој.

Проектот “ MOVE-YE“ (Мобилизирање претприемнички вредности и идеи низ Европа), финансиран од ЕУ, цели кон издигнување на претприемничката култура и воспоставување деловни контакти помеѓу европските претприемачи. Финансиран како дел од програмата “ COSME“, проектот им овозможува како на младите, така и на искусните претприемачи, можност за набљудување на различни деловни практики, разбирање нови пазари, како и прилики за интернационализирање и иновирање на нивните бизниси преку шема за меѓугранична мобилнос

Дознај повеќе

Photo Credits: Mladen Savković

Please wait while your video is being uploaded...

Don't close this window!

Subscribe to the newsletter

I have read and understood the terms of the privacy statement.