Водење загаден урбан живот | WeBalkans | EU Projects in the Western Balkans

Водење загаден урбан живот

05 Јун 2021

Тирана е динамичен град и дом на една третина од населението во Албанија. Со бројка од 0,85 милион жители, која постојано расте, Тирана е збирно место за секој кој е желен за можност за образование или бизнис. Но, градот има ограничена инфраструктура за јавен превоз која ги тера луѓето да возат автомобил, а побарувачката за домување, пак, направи градежната индустрија да биде во вистински подем во текот на последните три децении. Ваквата ситуација го „наплаќа својот данок“ врз квалитетот на животот како резултат на постојаното воздушно загадување.

Во држава со малку контролори, Албанците можат само да претпоставуваат за квалитетот на воздухот кој го дишат. Но, веќе докажаната организација за животна средина, „Milieukontakt, сакала да ја промени ситуацијата. Сакале да го измерат загадувањето на многу поголем размер – 500 локации. Истовремено, сакале да инволвираат што е можно повеќе луѓе за да ја подигнат свеста за овој невидлив, но сосема очигледен, еколошки проблем.

„Секој кој живее во Тирана е свесен за слабиот воздушен квалитет, но сега имаме податоци кои го потврдуваат тоа и докажуваат колку, всушност, ситуацијата е лоша.“

Арион Сауку, проектен координатор на проектот „Green Lungs“

„Секој кој живее во Тирана е свесен за слабиот воздушен квалитет, но сега имаме податоци кои го потврдуваат тоа и докажуваат колку, всушност, ситуацијата е лоша,“ вели Арион Сауку, проектен координатор на проектот „Green Lungs“ кој, имено, е првиот проект кој нуди разбирливи податоци поврзани со проблемот. Користејќи алтернативни техники за контрола, проектот го мери загадувањето со подвижни броила на стотици локации низ главниот град. Тука спаѓаат: бурниот центар на градот, местата околу училиштата, како и постојките ширум најдолгите автобуски маршрути во Тирана. Проектот „Green Lungs“ разгледува осум различни параметри за да ги измери загадувачите. „Најголемите воздушни загадувачи се индустриите за транспорт и градежништво. Нивоата кои ги мериме редовно ги надминуваат стандардите на ЕУ, а во одредени случаи се дури три или четирипати повисоки,“ вели Сауку.

Во текот на тригодишен период, проектот „Green Lungs“, финансиран од ЕУ, ја проширил својата контрола во трите најголеми градови: Драч, Елбасан и Скадар. Резултатот бил следниот: загадувањето е предизвикано од тоа што најмногу се бара – домување и автомобили. Сè уште нема еколошки стандарди кои се применуваат за градежната индустрија која предизвикува високи нивоа прашина во текот на годината. Во меѓувреме, постојан извор на загадувачи се и нестандардните автомобили кои испуштаат опасни честички при согорувањето гориво. Резултатите покажуваат дека приближно 700000 автомобили се во употреба во државата.

 

„Постојат бројни информации, поврзани со трите компоненти, за  носителите на одлуки да можат да реагираат – генериравме податоци, илустриравме мапи и наративи за да ги посочиме жариштата.“

Арион Сауку, проектен координатор на проектот „Green Lungs“

Овие сектори бараат брза и континуирана интервенција за намалување на воздушното загадување, особено сега кога проблемот може да биде поддржан со разбирливи и бројни податоци. Меѓутоа, проблемот „се прелива“ и кон останатите урбани подрачја во регионот. Нивото на воздушно загадување во Западен Балкан е едно од највисоките во Европа и има директно влијание врз здравјето на граѓаните. Оттука, Европската Унија постави план за дезагадување; вклучувајќи ги водата и почвата, меѓу главните подрачја кои треба да се решат во рамки на Зелената агенда (Green Agenda). Се работи за нова стратегија за раст која има за цел да направи премин од традиционалниот економски модел кон одржлива економија, во согласност со Европскиот зелен договор.

Дополнително на мерењата на воздушниот квалитет, алтернативата платформа, создадена од проектот „Green Lungs“, го контролира и звучното загадување предизвикано од човечки фактор, како и урбаниот екосистем за позеленување. „Постојат бројни информации, поврзани со трите компоненти, за  носителите на одлуки да можат да реагираат – генериравме податоци, илустриравме мапи и наративи за да ги посочиме жариштата,“ вели Сауку кој верува дека политиките треба да покриваат повеќе аспекти со цел подобрување на животот на луѓето во големите градови во Албанија.

Дотогаш, пионерската работа, во доменот на визуелизирање на проблемот со воздушниот квалитет, е направена. Истовремено, при имплементирањето на проектот, „Green Lungs“ успеале да ги едуцираат младите за овој проблем околу нивното училиште и секојдневното движење. Покрај љубопитните минувачи кои ги забележале стотиците броила во нивните соседства, проектот оставил и незаменлива онлајн податочна база за секој кој сака да го лоцира жариштето на воздушен квалитет во својот град.

За програмата

Проектот „Green Lungs“ дизајнирал и имплементирал алтернативна и сеопфатна платформа за контролирање на воздушниот квалитет, звучното загадување, и евалуација на услугата обезбедена од страна на системот за урбано позеленување. Сево ова беше постигнато со поддршката на ЕУ за зацврстување на меѓусекторската соработка помеѓу Владата и граѓанското општество, како и развој на капацитетите на Организацијата на граѓанското општество.

Дознај повеќе

Photo credits: Green Lungs / MilieuKontakt

Please wait while your video is being uploaded...

Don't close this window!

Subscribe to the newsletter

I have read and understood the terms of the privacy statement.