Градење мостови преку уметност | WeBalkans | EU Projects in the Western Balkans

Градење мостови преку уметност

Проект финансиран од ЕУ за помош на културните организации од Косово и Србија да се поврзат и да развијат нови партнерства.

SCROLL DOWN

Ана Пинтер, театарска режисерка од Белград, Србија, се идентификува себеси како експериментален уметник. Таа е активен член на Здружението на независната културна сцена на Србија (ICSS), платформа за соработка која опфаќа над 80 организации од 21 град во културниот и уметничкиот сектор на Србија. Во моментов, Ана е во посета на градот Пеќ во Косово, како учесник на Меѓународниот фестивал за анимиран филм ANIBAR. Ова е нејзина инаугуративна посета на Косово и градот Пеќ. „Воодушевена сум од динамичноста на овој град и прекрасниот фестивал, кој годинава ја избра Љубовта за своја тема. Возбудена сум што ќе се сретнам и ќе имам можност да дискутирам со моите колеги од ANIBAR, при тоа истражувајќи ги основите за потенцијални соработки“, вели Ана.

 “Затоа, сметавме дека е важно да се создаде можност за младите од Косово и Србија да соработуваат, каково формални, така и во неформални услови. Па така, го развивме проектот, аплициравме за финансирање, добивме поддршка и сега почнуваме со негова имплементација.”

Лука Књежевиќ Стрика, Здружение на независната културна сцена на Србија

Ана и други уметници од Здружението на независната културна сцена на Србија (ICSS) се во посета на ANIBAR како дел од проектот финансиран од ЕУ „Поттикнување на одржливи партнерства и дијалог: Уметничка и културна соработка меѓу Косово и Србија“. Овој проект заеднички го имплементираат ANIBAR иICSS. Лука Књежевиќ Стрика, претставник на ICSS, објаснува дека тие соработуваат со ANIBAR изминативедве години во поширок регионален контекст, со фокус на развивање меѓународна културна соработка и меѓусекторска соработка во областа на културата во Србија и Косово. Нивната цел е да воспостават нови модели на организација и партнерство помеѓу граѓанските и јавните сектори.

Иако постоја кооперативни иницијативи меѓу културните организации во двата ентитета, сепак сè уште иманедостиг на одржлива и структурирана соработка помеѓу организациите во Србија и Косово. Дополнително, постои недостиг на технички и човечки вештини во секторот во двете земји, како и ограничени можности за помладите организации и поединци да влезат во секторот. Многу млади луѓе во двете земји немаат мотивација и вештини, потребни за активно вклучување во нивните локални заедници. „Затоа, сметавме дека е важно да се создаде можност за младите од Косово и Србија да соработуваат, како во формални, така и во неформални услови. Така, го развивме проектот, аплициравме за финансирање, добивме поддршка и сега почнуваме со негова имплементација, “ објаснува Лука.

Проектот опфаќа низа активности дизајнирани за подобрување на можностите на културниот сектор и поттикнување соработка помеѓу независните уметници, културните простори и институциите во Косово и Србија. Овие активности вклучуваат опремување на културните простори со потребната опрема, организирање културни јавни програми и настани и олеснување на размената на современи културни и уметнички програми. Проектот, исто така, вклучува свикување собранија на членови на мрежата, производство на независно списание за култура, објавување написи на блог на интернет со цел покривање на независната културна сцена, спроведување работилници и обуки за млади уметници и поддршка на 24 заеднички уметнички размени и копродукции меѓу Косово и Србија.

“Исто така, се обидовме да истражиме и експериментираме со нови начини на културна соработка меѓу Косово и Србија, при тоа учејќи едни од други со цел да ги подобриме нашите перформанси и влијание“.

Лука Књежевиќ Стрика, Здружение на независната културна сцена на Србија

Преку овие заеднички напори, партнерите имаат за цел да го продлабочат нивното разбирање за разликите и сличностите помеѓу културниот и општествениот контекст на Косово и Србија. „Ние, исто така, се обидовме да истражиме и експериментираме со нови начини на културна соработка меѓу Косово и Србија, при тоа учејќи едни од други со цел да ги подобриме нашите перформанси и влијание“, истакнува Лука.

Културните организации и иницијативи во регионот постојано го преземаат водството во промовирањето на важни актуелни прашања како што се човековите права, родовата еднаквост, демократијата, доброто владеење и одржливоста на животната средина. Anibar и ICSS, особено, беа инструментални во залагањето за иновативни модели на граѓански јавни партнерства за управување со јавната инфраструктура. Преку овој проект, организацијата која го спроведува истиот, ќе има можност да воспостави партнерства и да ги интегрира овие прашања во културните и уметничките програми што се одржуваат на културните простори.

За проектот

Проектот „Поттикнување одржливи партнерства и дијалог: Уметничка и културна соработка меѓу Косово и Србија“ е поддржан од Програмата за граѓанско општество и медиуми на ЕУ/Западен Балкан и Турција за 2021-2023 (IPA III) финансирана од ЕУ. Започнат во 2023 година, проектот треба да трае 48 месеци. Неговата главна цел е јакнење и негување на одржливи, инклузивни и партиципативни современи културни колаборативни практики и структури меѓу Србија и Косово.

Photo credits: ANIBAR

Please wait while your video is being uploaded...

Don't close this window!

Subscribe to the newsletter

I have read and understood the terms of the privacy statement.