Донесување на магијата на анимираниот филм во град во косово | WeBalkans | EU Projects in the Western Balkans

Донесување на магијата на анимираниот филм во град во косово

Пред единаесет години, пет тинејџери од Косово основаа фестивал за анимиран филм. Денес, ANIBAR е еден од водечките фестивали од овој вид во Европа.

SCROLL DOWN

Во 2005 година, петорица тинејџери, фанови на анимиран филм, барале начин да научат за анимација. Живееле во градот Пеќ, во Косово, и, на времето, никаде низ Косово немало училиште за анимација, а немале ни средства да заминат во странство за да учат. Па, затоа, одлучиле да ја донесат можноста за учење анимација во нивниот град. Штом наполниле 18 години, се зачлениле во невладина организација и започнале да работат на основање на еден од денес најпознатите филмски фестивали за анимација во Европа – ANIBAR.

“Обично, фестивалите се развиваат во спротивен правец“, вели Арба Хаташи, сегашната директорка на фестивалот. “Најпрво, се започнува со училиште за анимација каде што се учи техниката на анимираниот филм, а потоа се организира фестивалот за да се прикажат филмовите. Ние го направивме спротивното: го основавме фестивалот со цел да донесеме филмски и меѓународни ментори во Пеќ и да научиме како се прават анимирани филмови.“

Единаесет години отпосле, образованието е, сè уште, важен аспект на фестивалот. На почетокот, основачите на фестивалот, заедно со други млади, бенефитирале од “мастер часови и работилници“ обезбедени од обучувачи кои доаѓале во Пеќ за време на фестивалската седмица. Во 2016 година, ја отпочнале академијата за анимација во Пеќ и Приштина; и тоа во форма на континуиран курс за анимација во текот на цела година.

“Оригиналната идеја на фестивалот беше да ја научиме младата генерација на уметноста и вештините на анимацијата.“

Арба Хаташи

Академијата, ја обучува, денес, четвртата генерација студенти, додека, пак, многумина од минатите генерации веќе работат во филмскиот сектор за анимација во Косово, а четворица од нив студираат во држави во ЕУ. Академијата се финансира преку фестивалот и преку поддржувачи на организацијата. “Оригиналната идеја на фестивалот беше да ја научиме младата генерација на уметноста и вештините на анимацијата. Ова останува нашата најважна мисија“, вели Арба.

Од предност во предност

Филмскиот фестивал ANIBAR прикажал стотици краткометражни филмови и поканил видни професионалци од доменот на анимацијата; меѓу кои и Коџи Јамамура (Koji Yamamura) како и многу други докажани продукции за анимација, вклучувајќи ги и: The SimpsonsBoJack Horseman и Rick and Morty.

“Минатата година, прикажавме околу 300 краткометражни филмови и имавме неколку работилници и “мастер часови“. Денес, фестивалот е неопходен настан како за младите, така и за економијата на градот.“

Арба Хаташи

Филмскиот фестивал ANIBAR придонел и за економијата на Пеќ. Минатата година, 11000 луѓе го посетиле градот за време на фестивалската седмица. Ова е значајна бројка за град со 49000 жители. “Минатата година, прикажавме околу 300 краткометражни филмови и имавме неколку работилници и “мастер часови“. Денес, фестивалот е неопходен настан како за младите, така и за економијата на градот“, вели Алба.

Ваквото влијание не би можело да се постигне без помошта на донорите, а ЕУ е еден од најголемите поддржувачи на фестивалот низ годините. Алба објаснува дека дури и на почетокот на фестивалот, персоналот бенефитирал од обуки преку низа активности поврзани со Еразмус+. Директната поддршка од ЕУ започнала во 2014 и оттогаш не запрела. “Оваа поддршка е добредојдена зашто фестивалот вклучува огромни трошоци како, на пример, трошоци за патување и сместување на меѓународните посетители, и трошоци за филмско прикажување“, вели Арба. Таа се надева дека ЕУ и во иднина ќе продолжи со поддршката за фестивалот; затоа што тоа претставува инвестиција во економијата, уметноста и младината.

Личен и професионален развој

Арба се приклучила кон фестивалот како волонтерка во 2013 година; кога имала само 14 години. Оттогаш, како дел од фестивалот ANIBAR, многу научила и се развила како личност. “Кога за првпат станав дел од фестивалот, не знаев ни да напишам мејл. Да се биде дел од  фестивалот ANIBAR, неизмерно придонесе за мојот личен и професионален развој“, вели таа. Лани, била назначена како директорка на фестивалот, станувајќи, на тој начин, една од најмладите директорки во Европа. Вели дека ќе остане дел од фестивалот и во наредните години, на каков и да е начин. “Можеби мислите дека ќе го загубиме почетниот занес за фестивалот“, вели Арба. “Но, искрено, со секој изминат ден во работа на фестивалот, од ново ја наоѓаме истата пасија и фасцинација од првиот ден, затоа што фестивалот постојано нè храни со енергија и љубов.“

Photo credits: Arba Hatashi

Please wait while your video is being uploaded...

Don't close this window!

Subscribe to the newsletter

I have read and understood the terms of the privacy statement.