Мала компанија која сака да остане таква каква што е | WeBalkans | EU Projects in the Western Balkans

Мала компанија која сака да остане таква каква што е

Српски текстилен бизнис кој сплотува креативност и еко-дизајн, расте благодарение на поддршката на ЕУ.

SCROLL DOWN

Регенерик (Regenerik) е дел од новиот бран иновативни брендови за облека кои земаат замав во Србија. Компанијата произведува урбана облека и рачно изработени додатоци од природни влакна, рециклирани и биоразградливи материјали. Овој начин на производство не е многу застапен во Србија ниту, пак, во остатокот на Западен Балкан.

Даница Томиќ е една од основачките на Регенерик (Regenerik). Дипломирана архитектка која до пред една година воопшто не ни замислувала да работи во некој друг домен. По дипломирањето, започнала со стаж во архитектонска фирма, но, набрзо потоа, била фрустрирана од административните обврски со кои се занимаваат стажантите. Даница во себе носела нескротлива пасија за креативност.

Од архитектура до мода

 Кога близок пријател ја напуштил работата и ѝ предложил да му се придружи во новиот бизнис, таа прифатила, но само под еден услов – работата во старт-ап бизнисот да се заснова на нејзината креативност. Сестра ѝ набрзо се приклучила во тимот, така што ново формираното трио изобилувало со енергија, но им недостасувала конкретна бизнис идеја. Немале никаков поим ниту каде да се обратат за совет.

“Кога учествував во првата работилница, немав јасна идеја за тоа каков бизнис сакам да започнам… Архитектка сум, но отсекогаш сум имала пасија за моден дизајн.“

Даница Томиќ,Регенерик

Даница е проактивна личност, па веднаш започнала да пребарува на Интернет, а ги замолила и своите пријатели за совети како да започне бизнис. Еден пријател ѝ кажал за програма наменета за старт-ап бизниси, финансирана од ЕУ, која нуди поддршка за младите претприемачи заинтересирани да ги развијат своите бизнис вештини.

“Кога учествував во првата работилница, немав јасна идеја за тоа каков бизнис сакам да започнам… Архитектка сум, но отсекогаш сум имала пасија за моден дизајн, па, по дискусијата и анализата со менторите на курсот, одлучив да го основам Регенерик (Regenerik)“ – објаснува Даница.

На овие работилници, Даница ги подобрила своите вештини за развој на производи и претставување, а научила, исто така, и за бизнис менаџмент. Спојувајќи го стекнатото знаење со својата пасија, таа и нејзиниот пријател успешно го отпочнале нивниот бизнис. Оттогаш се прошириле, така што денес вработуваат дополнителни работници кои заедно работат на производството на Регенерик (Regenerik).

“Се чувствувам подобро и поудобно кога знам дека и други луѓе ќе растат заедно со нас. Ова е идејата водилка на Регенерик (Regenerik): заедничка работа, заедничка придобивка и заштита на животната средина.“

Даница Томиќ,Регенерик

Мала е најдобрата величина

Даница не мечтае за голема компанија. Вели дека би била прерадосна ако нејзиниот бизнис рамномерно расте за да може да ангажира повеќе луѓе кои би работеле на рачното производство на Регенерик (Regenerik).

“Се чувствувам подобро и поудобно кога знам дека и други луѓе ќе растат заедно со нас. Ова е идејата водилка на Регенерик (Regenerik): заедничка работа, заедничка придобивка и заштита на животната средина“ – вели таа.

Тренинг програмата во која учествуваше Даница беше организирана од проектот WeB4YES финансиран од ЕУ. Покрај Даница, преку 1000 млади од Западен Балкан извлекоа бројни придобивки и се стекнаа со нови вештини, креираа свој бизнис или беа вработени од други компании веднаш по учеството во овој проект.

Проектот имаше, исто така, за цел да влијае на вработувањето кај младите и тоа на долгорочен план. Проектните партнери стремеа кон развивање на капацитетите на 120 организации на граѓанското општество во Западен Балкан со цел да овозможат соработка во доменот на креирање и имплементација на иновативни приоди за вработување на младите.  Овој проект е под раководство на Belgrade Open School во соработка со партнери од Босна и Херцеговина, Косово и Црна Гора, како и Olof Palme International Centre(Шведска).

Photo Credits: Djurdjina Tomic @dzurdzina

Please wait while your video is being uploaded...

Don't close this window!

Subscribe to the newsletter

I have read and understood the terms of the privacy statement.