Skip to main content

Регионална програма за стратешка комуникација за Западен Балкан („WeBalkans“)

Project Description
Регионалната програма за стратешка комуникација за Западен Балкан е осмислена со цел да им помогне на граѓаните подобро да ја разберат улогата на Европската Унија во нивниот регион. Програмата го истакнува влијанието на политиките, инвестициите и вредностите на ЕУ врз секојдневниот живот – од проектите за инфраструктура до областа на образованието и деловните можности.

Програмата спроведува комуникациски кампањи, соработува со локалните медиуми и активно ги вклучува младите преку мрежата на Млади европски амбасадори. Таа учествува и во борбата против ширењето дезинформации и се залага точните информации за процесот на пристапување кон ЕУ навремено да стигнат до јавноста. Преку дигитални алатки и истражување на јавното мислење се креираат поефективни пораки, додека соработката со инфлуенсерите и новинарите овозможува поширок досег и подобра видливост.

Целта е поддршката од ЕУ да се направи повидлива, да се поттикнат информирани дискусии и да се изградат посилни врски меѓу Западен Балкан и ЕУ. Проектот „СМС фасилити“ („SMS Facility“) ги поддржува малите локални медиуми од Западен Балкан, обезбедувајќи финансирање, обука и застапување за подобрување на квалитетот на содржината, одржливоста и независноста на медиумите. Има за цел да им помогне на 120 медиуми, нудејќи им два вида грантови: мали грантови за создавање квалитетна содржина и мали грантови за технички/организациски интервенции.
Specific Objective
Програмата ги има следниве конкретни цели:
• Повидлива улога на ЕУ – Програмата им помага на луѓето од Западен Балкан подобро да разберат како ЕУ го поддржува нивниот регион, од финансирање на инфраструктурата и образованието до поттикнување на економскиот раст. Таа ги истакнува реалните придобивки од политиките и инвестициите на ЕУ.
• Борба против дезинформации и поттикнување на вклученоста на граѓаните – Со оглед на тоа дека кружат голем број дезинформации за ЕУ, програмата им овозможува на луѓето пристап до јасни информации и факти за поддршката од ЕУ и за тоа што навистина подразбира процесот на пристапување. Во рамките на програмата, се остварува соработка со новинари, инфлуенсери и млади лидери, како што се Младите европски амбасадори, со цел да се поттикнат значајни јавни дебати.
• Слушање на јавното мислење – Преку редовни анкети и истражување на јавното мислење, програмата ги следи ставовите и перцепциите за ЕУ на луѓето од Западен Балкан. Овие информации одат во прилог на подобрување на комуникацијата, во насока на испраќање пораки кои ќе бидат релевантни и ќе поттикнат вклученост на граѓаните.
• Поддршка за поефикасна комуникација на ЕУ – Програмата придонесува за подобрување на комуникацијата на Европската Унија преку унапредување на дигиталните алатки и осмислување појасни и подостапни пораки. Ги поддржува Делегациите на ЕУ и Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување (ДГ НЕАР) на Европската комисија во нивните заложби за поефикасна комуникација, со цел проектите финансирани од ЕУ да добијат ја видливоста што ја заслужуваат.
• Зајакнување на врската помеѓу ЕУ и Западен Балкан – Без разлика дали преку кампањи, медиумска покриеност или вклучување на граѓаните, програмата придонесува да се изградат доверба и посилни врски меѓу ЕУ и жителите на Западен Балкан, со што европската интеграција добива пореална димензија.
Expected Results
Од Регионалната програма за стратешка комуникација за Западен Балкан се очекуваат следниве резултати:
• Зголемена јавна свест за улогата на ЕУ како главен донатор, инвеститор и партнер во регионот.
• Посилна поддршка за вредностите и политиките на ЕУ, со поголемо разбирање на придобивките од членството во Европската Унија.
• Поголемо вклучување на граѓаните во јавните дебати, особено меѓу младите, преку иницијативи како што е мрежата на Млади европски амбасадори.
• Поефикасно справување со дезинформациите, со што ќе се овозможи јавноста да добива информации кои се темелат на факти и произлегуваат од доверливи извори.
• Поцврсти медиумски партнерства, кои ќе овозможат поширока и поквалитетна покриеност на проектите и иницијативите финансирани од ЕУ.
• Подобра јавна перцепција за ЕУ, преку опипливи приказни што јасно го прикажуваат нејзиното влијание врз секојдневниот живот на граѓаните.
• Редовни истражувања на јавното мислење, кои обезбедуваат увид во ставовите на граѓаните и придонесуваат да се осмислат поефикасни комуникациски стратегии.
• Покоординирана и стратешка комуникација, со подобри алатки за Делегациите на ЕУ и Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување (ДГ НЕАР) на Европската комисија.
• Проширена дигитална комуникација, со користење на онлајн платформите и социјалните мрежи за да се постигне максимално влијание.
• Поблиски врски меѓу ЕУ и Западен Балкан, со цел да се зајакне довербата и да се зголеми вклученоста во процесот на интеграција.
Project map
Made of Us Campaign
Culture Connects Campaign
PROJECT DETAILS
Priority Area:
Демократија, добро владеење и основни права
Subsector:
Стратешка комуникација и видливост
Topic:
Комуникација
EaP Countries:
Србија, Северна Македонија, Црна Гора, Косово, Босна и Херцеговина, Албанија
Project Status:
Во тек
Start Date:
01.01.2024
End Date:
31.12.2027
EU Project Number:
452-576