Кластерот за ресурси, земјоделство и кохезија започнува со Албанија и Северна Македонија News | WeBalkans

Кластерот за ресурси, земјоделство и кохезија започнува со Албанија и Северна Македонија

19 Јул 2023
19/07/2023

Кластерот за ресурси, земјоделство и кохезија започнува со Албанија и Северна Македонија

На 17. јули се одржа првиот објаснувачки состанок на кластерот за ресурси, земјоделство и кохезија (Кластер 5). Овој кластер опфаќа земјоделство и рурален развој, безбедност на храна, ветеринарна и фитосанитарна политика, рибарство, регионална политика и координација на структурни инструменти, како и финансиски и буџетски одредби. Фокусот на првите два дена од состанокот беше ставен на земјоделство, рурален развој и рибарство, безбедност на храна и буџетски одредби. Билатералните скрининзи за Кластерите 1, 2, 3 и 4 се финализирани.

 

Аналитичкото испитување на правото на ЕУ, т.н. скрининг, им овозможува на земјите-кандидати да се запознаат со правото на ЕУ, стандардите и обврските кои произлегуваат од истите. Исто така, овозможува и испитување на подготвеноста на државата за понатамошно усогласување и на тој начин добивање прелиминарни индикации за проблемите кои најверојатно би искрснале за време на преговорите. Скринингот е првиот чекор во процесот на претпристапни преговори. Истиот е составен од шест тематски кластери кои ги вклучуваат релевантните поглавја на правото на ЕУ заедно со поопштите теми поврзани со добро управување, меѓународен пазар, економска конкурентност и поврзаност.

 

За Албанија и Северна Македонија, скринингот започна на 19. јули 2022 година, веднаш по Меѓувладините конференции, а продолжи во септември со Кластер 1 – Основи, во октомври со Кластер 2 – Меѓународен пазар, во февруари со Кластер 3 – Конкурентност и инклузивен развој и во јуни со Кластер 4 – Зелена агенда и одржлива поврзаност.

 

Скрининг вежбата се состои од две фази:

 

– објаснителна сесија за време на која различните отсеци на Комисијата го објаснуваат правото на ЕУ, поглавје по поглавје;

 

– билатерална сесија за време на која секоја земја-кандидат добива покана да покаже во кое поглавје се наоѓа во рамки на подготовките за примена и имплементирање на правото на ЕУ.

 

Европската комисија ќе го извести Советот и ќе ја евалуира подготвеноста на секоја држава-кандидат за одреден кластер и за плановите за идни подготовки за прелиминарни индикации за проблеми кои најверојатно ќе искрснат за време на преговорите.

 

Советот ќе одлучи, едногласно, дали да дефинира влезни стандарди за секој преговарачки кластер врз основа на предлогот од Комисијата во скрининг извештајот.

Read more

Извор: European Union

Извор на фотографии: European Union

 

Please wait while your video is being uploaded...

Don't close this window!

Subscribe to the newsletter

I have read and understood the terms of the privacy statement.