Северна Македонија: ЕУ обезбедува грант, во висина од 70 милиони евра, за најголемиот проект за заштита на животната средина News | WeBalkans

Северна Македонија: ЕУ обезбедува грант, во висина од 70 милиони евра, за најголемиот проект за заштита на животната средина

23 Мар 2023
23/03/2023

Северна Македонија: ЕУ обезбедува грант, во висина од 70 милиони евра, за најголемиот проект за заштита на животната средина

„EIB Global“, органот на Европската инвестициска банка за активности надвор од ЕУ, потпиша инвестициски грант, во вредност од 70 милиони евра, со владата на Република Северна Македонија за изградба на пречистителна станица за отпадни води во Скопје. Потпишан на Светскиот ден на водата, се работи за најголемиот инвестициски грант на ЕУ доделен на земја во рамки на Инвестициската рамка Западен Балкан. Овој значаен еколошки проект ќе овозможи подобри услови за живот за околу 500000 луѓе и е дел од Економскиот и инвестициски план на Европската комисија; како и од Зелената агенда за Западен Балкан.

 

Амбасадорот на ЕУ во Македонија, Дејвид Гир, изјави: „Патот кон ЕУ е процес на трансформација, подобрување на животите и на животните стандарди. Инвестицијата од „Тимот Европа“ во пречистителната станица во Скопје е практичен пример за тоа. Пречистителната станица ќе овозможи безбедно прочистување на отпадната вода создадена од приближно една третина од населението во државата. На тој начин, ќе се придонесе за позелена европска иднина на оваа држава.“

 

Во својата подготвителна фаза, проектот исползува техничка помош, во форма на грантови, од Европската инвестициска банка, Европската банка за реконструкција и развој и Владата на Република Франција; како доказ за посветеноста на „Тимот Европа“ кон Северна Македонија и нејзините приоритетни проекти. Водниот сектор е меѓу клучните приоритети на „EIB Global“ во државата. Се работи за втората инвестиција во овој сектор во временски размер од помалку од пет месеци, веднаш по заемот од 50 милиони евра, потпишан во ноември 2022 година, за изградба и рехабилитација на инфраструктурата за снабдување со вода, собирање и прочистување отпадна вода; како и итни заштитни мерки во услови на поплава за 80 општини ширум Северна Македонија.

Read more

Извор на фотографии: EIB

Извор: EIB

 

Please wait while your video is being uploaded...

Don't close this window!

Subscribe to the newsletter

I have read and understood the terms of the privacy statement.