Дознај ги најновите информации за активностите на ЕУ и настаните во Западен Балкан
Европската инвестициска банка (The European Investment Bank (EIB)), институцијата за позајмување на ЕУ, ќе обезбеди грант од 400000 евра за техничка помош на Инвестицискиот и развоен фонд на Црна Гора (Investment and Development Fund (IDF)). Грантот ќе го зајакне капацитетот на Инвестицискиот и развоен фонд за обезбедување финансиски услуги наменети за малите и средни претпријатија во Црна Гора; помагајќи им, истовремено, да ја одржат својата ликвидност, да ги прошират своите инвестиции и да одржуваат и креираат инклузивни и долготрајни работни места. Преку оваа техничка помош, Европската инвестициска банка го поддржува Инвестицискиот и развоен фонд во подобрувањето на неговиот организационен и деловен модел со цел негово хармонизирање со најдобрите практики за националните развојни банки.
Грантот на Европската инвестициска банка цели кон забрзување на зацврстувањето и развојот на приватниот сектор во Црна Гора и создавање нови можности за вработување; особено за младите, жените и лицата од останатите општествено ранливи групи. Грантот потекнува од Иницијативата за економски отпор, креирана од Европската инвестициска банка во 2016, која има за цел мобилизирање на финансиите за побрз развој, создавање работни места, општествена кохезија и развој на неопходните инфраструктурни проекти во Западен Балкан.
Од почетокот на пандемијата во 2020, Европската инвестициска банка потпиша со Инвестицискиот и развоен фонд финансиски операции во вредност од 100 милиони евра кои им помогнаа на околу 350 компании во Црна Гора побрзо да закрепнат од кризата КОВИД-19. Во 2021, Европската инвестициска банка го потпиша својот прв заем со Инвестицискиот и развоен фонд кој имаше за цел поддршка при воведувањето на енергетско-ефикасни практики и проекти за малите и средни претпријатија во Црна Гора; обезбедувајќи побрза транзиција кон одржлива и циркуларна економија во државата.
Извор: EIB
Извор на фотографии: EIB
Please wait while your video is being uploaded...
Don't close this window!