Планинскиот регион Пеќ, во западно Косово, се фокусира на надминување на масовниот туризам, нудејќи персонализирани искуства кои ги мешаат локалните традиции и грубиот терен. Туристичкиот потенцијал на регионот бил забележан години наназад преку инвестиции во инфраструктурата и човечкиот капитал. Денес, тука посетителите го поминуваат своето време пешачејќи, планинарејќи и возејќи велосипед.
Љубителите на природа избираат да поминат време во Албанските Алпи чие име, во локалните јазици, се преведува како „Проколетие“ – планински венец кој се протега меѓу Косово, Црна Гора и Албанија. Група ентузијасти, од кои дел, ваквата активност ја претворија во извор на егзистенција; се горди да ги споделат своите „богатства“ со остатокот од светот и сега го жнеат успехот на својата работа.
Онаму каде што оделе само овчарите
Локалното планинарско здружение, „Ѓеравица“, нашло партнер во прекуграничниот проект меѓу Косово и Црна Гора, финансиран од ЕУ, кој инвестира во маркирање на постоечки и нови патеки за планинарење и велосипедизам. „Овој проект е, несомнено, најуспешната интервенција имплементирана на овие планински венци во последните 20 години,“ вели Раиф Ѓиколи од „Ѓеравица“. Здружението било вклучено во сите фази на проектот; како при советувањето за предложените патеки, така и за нивното маркирање. “Со гордост ги избираме најдобрите патеки по кои оделе само локалците; една од нив е и патеката од центарот на градот, каде што надморската височина изнесува 550 метри, преку пасиштата и овчарските трла во планинските венци на надморска височина од 1800 метри,“ вели Ѓиколи, потврдувајќи дека маркирањето е во согласност со меѓународните стандарди.
Патеките минуваат низ живописни делови ширум заштитени предели во Косово и Црна Гора. Љубителите на надворешни активности можат да ги поминат своите денови преминувајќи ги границите и пресекувајќи ги добро познатите регионални планински патики како што се „Балкански врвови“ или „Вија Динарица“.
Информации собрани на едно место
Маркираните патеки се протегаат преку граници, но, истовремено, го следат и природниот тек на планинските венци; водејќи ги посетителите ширум воодушевувачките глетки на Проклетие. Организациите за имплементација добиле позитивен одговор од туристичките водичи кои работат во регионот каде што биле спроведени стотици маркирања ширум 334 км планинарски и велосипедски патеки.
Сокол Лута од Агенцијата за регионален развој – „Запад“ (West), партнер за имплементација од косовската страна, објаснува дека со помош на ЕУ биле поставени 25 информациски паноа, биле идентификувани извори на вода, а сега знаци го обележуваат патот до панорамските глетки. „Маркирањето на патеките, како и придружните активности, се во согласност со плановите и стратегиите за локален развој и развој на туризмот во регионот,“ вели Лута.
Додава дека имало одлична соработка меѓу чинителите од двете страни на границата со цел подобрување на квалитетот на туристичката понуда за Проклетие, зголемување на видливоста и, најнакрај, претставување на прекуграничниот простор како единствена и атрактивна надворешна дестинација. Како за пример, организациите за имплементирање ги собрале на едно место – во форма на веб-страница и телефонска апликација, сите понуди за сместување, гастрономија и останати туристички услуги. Освен дигитализираните мапи за патеките, посетителите имаат можност да изберат и организирани тури или самостојно да го истражат регионот.
За проектот
Проектот „Проклетие – исклучителна дестинација на отворено“ беше создаден со цел зајакнување на прекуграничниот простор помеѓу Косово и Црна Гора како дестинација на отворено. Била маркирана мрежа од приближно 334 км планинарски и велосипедски патеки помеѓу Косово и Црна Гора. Целокупниот граничен простор е опремен со места за почивка, видиковци и вело-паркинг. Овој проект, финансиран од ЕУ, ќе поттикне економски развој и ќе создаде нови можности за вработување.
Photo credits: Accursed Mountains Kosovo
Please wait while your video is being uploaded...
Don't close this window!