Од мала фарма до живинарска корпорација | WeBalkans | EU Projects in the Western Balkans

Од мала фарма до живинарска корпорација

08 Авг 2023

Во своите дваесетти години, Радован Јововиќ дипломирал на Правниот факултет во Белград со намера да стане адвокат и да работи во државна компанија. Сепак, сè се променило за време на патување низ Европа,кога налетал на фарма за кокошки што многу го заинтересирала. Заинтригиран, тој застанал да разговара со сопственикот на фармата, несвесен дека оваа средба длабоко ќе влијае на неговиот живот. „Додека разговарав со сопственикот на фармата за кокошки, почнав да сфаќам дека ова може да биде интересен бизнис потфат за истражување“, се присетува Радован.

” Како семеен бизнис, успеавме да заработиме пристоен приход, особено имајќи ги предвид економските услови во 90-тите”

Radovan Jovovic, Alkoset

По враќањето во Црна Гора, Радован ја продолжил својата кариера како адвокат во владина институција. Сепак, неговата фасцинација со основањето фарма за кокошки сè уште тлееше. Со поддршка од неговите родители, тој одлучил да ризикува и основал мала фарма со околу 70 кокошки несилки. На негово задоволство, потфатот се покажа како профитабилен. Цената на добиточната храна за кокошки беше разумна, а пазарните цени за јајцата беа поволни. „Како семеен бизнис, успеавме да заработиме пристоенприход, особено имајќи ги предвид економските услови во 90-тите“, споделува Радован.

Конфликтите и војните што се случија во поранешна Југославија имаа штетно влијание врз бизнисот; но, компанијата опстојуваше и покрај предизвиците. Радован објаснува дека економските санкции наметнати на Југославија и нестабилните пазарни услови екстремно им го отежнале работењето. Сепак, околу 2004 година, ситуацијата почна да се нормализира, а пазарот постепено се стабилизира. Токму во тоа време Радован отиде на уште една посета на Европа, овој пат со цел да набави опрема и технологија што ќе им овозможи да гопрошират својот бизнис за да сместат над 10.000 кокошки несилки.

Во 2007 година тие успешно се здобија со најсовремена компјутерска технолошка опрема од Европа. Истовремено, тие го проширија физичкиот простор на фармата и изградија нов, модерен објект со значително поголем капацитет од над 15.000 кокошки несилки. „Инвестицијата означи пресвртница во историјата на нашата компанија, трансформирајќи ја од мало семејно претпријатие во корпорација“, тврди Радован.

“Како еден од пионерите што аплицираше за IPARD програмата во Црна Гора, можам со сигурност да кажам дека поддршката што ја добивме беше пресвртница и катализатор, не само за нашата компанија, туку и за многу други компании во нашата земја.”

Радован Јовавиќ, Алкосет

Радован објаснува дека во последниве години се соочиле со дополнителни предизвици, вклучително и пазарни проблеми како резултат на COVID-19 пандемијата и недостиг на добиточна храна и суровини за кокошки поради агресијата на Русија врз Украина. „Сепак, успешно се справивме со овие предизвици, што дополнително ја потврдува одржливоста и стабилноста на нашата компанија“, уверува Радован.

Како одржливо и стабилно претпријатие, Алкосет, исто така, успеа да ја искористи поддршката од ЕУ преку IPARD програмата за Црна Гора. Компанијата имаше голема корист од помошта за изградба, реконструкција и набавка на опрема, вклучувајќи агрегат, термотехника, опрема за одгледување кокошки во кафези, опрема за кокошки несилки и за изградба на нов објект. „Како еден од пионерите што аплицираше за IPARD програмата во Црна Гора, можам со сигурност да кажам дека поддршката што ја добивме беше пресвртница и катализатор, не само за нашата компанија, туку и за многу други компании во нашата земја“, додава Радован

За програмата

Дел од Инструментот за претпристапна помош (IPA) дизајниран да ги поддржи реформите во земјите во процес на пристапување кон ЕУ, Инструментот за претпристапна помош за рурален развој (IPARD) се фокусира на земјоделско-прехранбените сектори и руралните области на тие земји. Преку оваа алатка, ЕУ им обезбедува на корисниците финансиска и техничка помош за да ги направат земјоделскиот сектор и руралните области поодржливи, при тоа усогласувајќи ги со заедничката земјоделска политика на ЕУ.

Дознај повеќе

Photo credits: Alkoset

Please wait while your video is being uploaded...

Don't close this window!

Subscribe to the newsletter

I have read and understood the terms of the privacy statement.