Здрав потсетник | WeBalkans | EU Projects in the Western Balkans

Здрав потсетник

Проект, финансиран од ЕУ, помага за зголемување на степенот на вакцинација кај децата во БиХ

SCROLL DOWN

Емина Плех, од Горажде, ги заврши сите вакцинации за својата ќерка; но, кога дојде време за вакцинација на нејзиниот син, пандемијата КОВИД-19 веќе беше во тек, па, затоа, одлучи да почека. На почетокот од минатата година, доби повик од Јавниот институт за здравје на босанскиот кантон Подриње, потсетувајќи ја за имунизацијата на нејзиниот син; насочувајќи ја кон службата на педијатрија за повеќе информации. „Ми кажаа дека треба да го завршиме процесот пред да започне со предучилишната програма, па така и направивме,“ раскажува Емина.

Емина е една од 500-те родители од босанскиот кантон Подриње која доби повик од Јавниот институт за здравје; потсетувајќи ја за пропуштениот термин за вакцинација. Оваа иницијатива е дел од програмата на УНИЦЕФ, финансирана од ЕУ, за ублажување на ефектите од пандемијата КОВИД-19 врз животот на децата и семејствата во Западен Балкан и Турција.

„Кога ги потсетувате родителите дека треба да го донесат своето дете на вакцинација, најчесто, тоа и го прават. Недостигаше оваа комуникација.“

Фатима Ченгиќ, специјалист на програми при УНИЦЕФ во БиХ

Надополнување за пропуштената комуникација

Фатима Ченгиќ е специјалист за програми при УНИЦЕФ во БиХ. Таа објаснува дека УНИЦЕФ со години работи на подобрување на имунизацијата во БиХ; и, притоа, извршиле анкети и анализи за причините поради кои родителите избегнуваат да ги вакцинираат своите деца. Главните детектирани причини се однесуваат на недостатокот споделени информации, од страна на здравствените работници, за придобивките и ризиците од вакцинацијата; но, исто така, и самиот факт дека родителите, понекогаш, забораваат на вакцинацијата. „Кога ги потсетувате родителите дека треба да го донесат своето дете на вакцинација, најчесто, тоа и го прават. Недостигаше оваа комуникација,“ вели Фатима.

Затоа, УНИЦЕФ започна со развивање комуникациски стратегии; вклучително развој и лансирање нова онлајн апликација која ги потсетува родителите за вакциналните распореди. Меѓутоа, кога започна пандемијата КОВИД-19, одлучија да ангажираат посветен персонал со цел заземање различен пристап. Персоналот, најпрво, ги прегледуваше здравствените извештаи на децата родени меѓу 2014 и 2020 година; лекувани во здравствените центри во Горажде, Прача и Устиколина. Креираа листа од сите кои пропуштиле една од задолжителните вакцини и потоа засегнатите родители беа телефонски контактирани и упатени да стапат во контакт со педијатрите; а локалните центри за здравје ги обезбедија со сите неопходни информации во врска со имунизацијата и закажувањето термин.

„Сигурна сум дека центрите за здравје немаше да дадат приоритет на вакцинирањето деца доколку не беше преземена оваа акција од наша страна, а со поддршка од ЕУ.“

Фатима Ченгиќ, специјалист на програми при УНИЦЕФ во БиХ

Оттогаш, проектот се проширил и во Кантонот Сараево каде што покрива осум дополнителни центри за здравје. Неодамнешна програмска посета констатира дека од вкупно 500 ставени вакцини во еден центар за здравје во декември, 175 биле преку овој проект. „Тоа значи дека, отприлика, една третина од вакцините кои биле ставени во еден месец, биле преку нашиот проект, а тоа е огромен успех,“ вели Фатима.

Фатима објаснува дека вакцинациите биле критично прашање за здравствениот систем во БиХ, бидејќи една од првите регуларни активности кои запреле за време на пандемијата била вакцинацијата на деца. Таа верува дека проектот и поддршката од ЕУ имале клучно влијание; додавајќи: „Сигурна сум дека центрите за здравје немаше да дадат приоритет на вакцинирањето деца доколку не беше преземена оваа акција од наша страна, а со поддршка од ЕУ.“

За проектот

Програмата за ублажување на ефектите на пандемијата КОВИД-19 врз животите на децата и семејствата во Западен Балкан и Турција е двогодишна иницијатива, започната во 2021 година, од УНИЦЕФ и Европската комисија.

Целта на оваа иницијатива е зајакнување на системите за национално здравје, образование, ран детски развој и детска заштита, во насока на обезбедување клучни услуги за ранливите категории деца и нивните семејства, како непосреден и долгорочен одговор за закрепнување од КОВИД-19. Преку оваа програма, вредна 5 милиони евра, се очекува 490000 деца и родители да добијат подобар пристап до јавните услуги кои промовираат ран детски развој, образование, здравје и заштита; како дел од закрепнувањето од КОВИД-19.

Photo credits: Unicef

Please wait while your video is being uploaded...

Don't close this window!

Subscribe to the newsletter

I have read and understood the terms of the privacy statement.