Фаза на имплементација за отворање кампус на Колеџот на Европа во Тирана
Project Description
Со овој проект се поддржува првата академска година на кампусот на Колеџот на Европа во Тирана, Албанија, со што се означува почетокот на работењето на оваа образовна институција на Западен Балкан. По подготвителната фаза, која траеше 16 месеци, проектот сега е фокусиран на обезбедување непречена реализација на првото издание на магистерската програма по Европска трансформација и интеграција (ЕТИ).
Проектот опфаќа неколку клучни аспекти, вклучувајќи: вработување и консолидирање на локалните административни и академски тимови; преземање и управување со трите главни згради на кампусот, вклучително студентскиот дом; како и пружање секојдневни услуги и академска поддршка за првата генерација студенти. Една од активностите е и ангажирање наставен кадар и визитинг професори, спроведување на академската програма и организација на конференции, студиски посети и активности за претставување на образовната институција.
Покрај тоа, кампусот го зајакнува својот институционален идентитет и видливост во Албанија и во целиот регион преку воспоставување соработка со институциите на ЕУ, националните органи, универзитетите и актерите од граѓанското општество. Преку овие активности, проектот директно придонесува кон мисијата на Колеџот за оспособување на идните европски професионалци, како и кон пошироката цел за унапредување на меѓусебното разбирање, интеграцијата и соработката меѓу Европската Унија и Западен Балкан.

Specific Objective
Проектот има неколку цели кои ја отсликуваат академската мисија на Колеџот на Европа и пошироките цели на ЕУ за промоција на знаењето, соработката и извонредноста ширум Западен Балкан. Овие цели опфаќаат педагошки, институционални и оперативни аспекти, со што се обезбедува долгорочно влијание на кампусот и по завршувањето на првата академска година.
Главна цел:
Зајакнување на духот на заедништво и знаењето од областа на европските прашања кај младите од ЕУ и земјите од Западен Балкан, преку обезбедување можност за следење на квалитетна постдипломска програма од областа на европските прашања во уникатна средина за европски студии.
Специфични цели:
• Унапредување на академската извонредност во областа на европските прашања на Западен Балкан преку квалитетна магистерска програма за европска трансформација и интеграција.
• Промовирање на родова рамнотежа, разновидност и одржливост преку избор на студенти според извонредност и воспоставување мрежи на експерти во областа на европските прашања.
• Поттикнување на оперативна извонредност и институционална соработка преку обезбедување соодветна оперативна инфраструктура и ефикасни институционални мрежи.

Expected Results
Се очекува спроведувањето на проектот да донесе конкретни резултати на академско и оперативно ниво, што ќе придонесе за консолидирање на кампусот на Колеџот на Европа во Тирана и ќе обезбеди негова долгорочна одржливост. Овие резултати ќе го отсликуваат напредокот остварен во текот на првата академска година и ќе постават темел за продолжување и проширување на активностите во периодот 2025–2026 година.
• Магистерската програма по Европска трансформација и интеграција (ЕТИ) е воведена, оперативна и реализирана.
• Остварена е академска извонредност (една академска програма е целосно ревидирана и ажурирана за академската 2025–2026 година).
• Воспоставена е мрежа на поранешни студенти на кампусот во Тирана од првата родово-балансирана и разнолика генерација дипломирани студенти на Колеџот на Европа во Тирана.
• Избрана е втора родово-балансирана и разнолика генерација студенти, како и наставен кадар за академската 2025–2026 година.
• Зголемена е видливоста на проектот и зголемен е бројот и квалитетот на апликациите од различни кандидати за академската 2025–2026 година.
• Отворен е целосно функционален привремен кампус за првата академска година.
• Консолидирани се постоечките институционални мрежи на меѓународно, национално, регионално и локално ниво.

Project map
College of Europe campus in Tirana
PROJECT DETAILS
Priority Area:
Поврзаност и регионална соработка Subsector:
Прекугранична соработка Topic:
Образование EaP Countries:
Албанија Project Status:
Во тек Start Date:
01.05.2024 End Date:
30.06.2027 EU Project Number:
455-237 