Дипломатска програма на ЕУ за регионот за проширување
Project Description
„Дипломатската програма на Европската Унија“ (ЕUDP) е петмесечна резиденцијална програма чија цел е унапредување на знаењата и вештините на дипломати и државни службеници од земјите од регионот за проширување (Албанија, Босна и Херцеговина, Грузија, Косово, Република Молдавија, Црна Гора, Северна Македонија, Србија, Украина и Турција) во областа на надворешното дејствување на ЕУ и процесот на пристапување кон Европската Унија.
Програмата ќе се спроведува до 2028 година, во рамки на шест изданија, при што ќе бидат обучени до 90 дипломати и државни службеници. Секое издание ќе опфати до 15 учесници, со што вкупно до 90 лица ќе имаат корист од програмата.
Програмата за секој циклус е структурирана на следниот начин:
1. Првите четири месеци се посветени на настава во училница и студиски посети на седиштето на Европската служба за надворешно дејствување (ЕЕАС), како и на други институции и тела на Европската Унија и земјите членки, релевантни за надворешното дејствување на ЕУ и Заедничката надворешна и безбедносна политика. Во овој период се предвидени и заеднички активности со групата ЕУДА, како и други придружни активности.
2. Петтиот месец е наменет за едномесечна специјализирана обука за учесниците, при што не се реализираат заеднички активности со ЕУДА. Обуката е фокусирана на политиките и процесите на пристапување кон ЕУ и вклучува студиски посети, со посебен акцент на Европската комисија – Генералниот директорат за проширување и источно соседство (DG ENEST).

Specific Objective
Општата цел на програмата е да се поттикне регионална соработка меѓу младите од земјите од регионот на проширување, како и соработката помеѓу тие земји и Европската Унија.
Во таа насока, програмата има за цел да придонесе кон развој на посилно чувство на заедништво и продлабочено знаење за прашањата поврзани со Европската Унија кај
младите од земјите членки на ЕУ и земјите од регионот на проширување, особено кај оние кои се професионално ангажирани во областа на надворешната политика, Заедничката надворешна и безбедносна политика (ЗНБП) и процесот на пристапување кон ЕУ.
Логиката за интервенција на програмата се заснова на претпоставката дека преку зајакнување на капацитетите на дипломатите и државните службеници од земјите кандидатки и потенцијалните кандидатки во областа на дипломатијата на ЕУ, како и преку обезбедување обуки што ќе поттикнат меѓусебно вмрежување и воспоставување контакти со дипломати од земјите членки на ЕУ и институциите на ЕУ, учесниците ќе бидат оспособени да дадат поголем придонес кон усогласување на националните политики и позиции со оние на Европската Унија и, во поширока смисла, кон напредокот на процесот на пристапување кон ЕУ.

Expected Results
• До 90 млади дипломати и службеници од земјите од регионот на проширување се обучени во областа на надворешното дејствување на Европската Унија и процесот на пристапување кон ЕУ.
• Спроведена е програма за обука на дипломати на почетно ниво во областа на Заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ и процесот на пристапување кон ЕУ, со интегрирана родова перспектива.
• Воспоставена и понатаму развиена е мрежа на поранешни учесници – дипломати и службеници од земјите од регионот на проширување.

Project map
Photo gallery
PROJECT DETAILS
Priority Area:
Поврзаност и регионална соработка Subsector:
Прекугранична соработка Topic:
Образование, Добро владеење, Млади EaP Countries:
Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија, Србија Project Status:
Во тек Start Date:
21.10.2024 End Date:
08.02.2028 EU Project Number:
459-533 