
Возобновениот иконичен мозаик на Албанија го добива својот оригинален сјај на главниот плоштад во Тирана
Мозаикот на фасадата од Националниот историски музеј се смета за еден од најдобрите примери на доцниот албански социјалистички реализам. Поставен во 1981 година, мозаикот ги прикажува, на површина од 565 м2, едни од најзначајните достигнувања во историјата на државата, од стариот период, па сè до ерата на Комунизмот. Дизајнот е изработен од реномирани уметници; вклучително Вилсон Килика, Јосиф Дробонику, Агим Небиу, Анастас Костандини и Александар Филипи.
Во ноември, 2019 година, Албанија ја погоди еден од најсмртоносните земјотреси во последните 50 години. Последиците беа ужасни, причинувајќи голема штета во 11 општини, вклучително и бројни локалитети на културно наследство, меѓу кои и мозаикот. Како одговор на кризата, ЕУ го започна проектот „ЕУзаКултура“ („EU4Culture“), имплементиран од Бирото на ОН за поддршка на проекти, во блиска соработка со Министерството за култура на Албанија. Проектот се фокусира на реновирање и ревитализирање на локалитетите на културно наследство кои беа оштетени од земјотресот и е една од најголемите програми за културно наследство, на светско ниво, со целосен буџет од 40 милиони евра.