Ако ги следеше советите на своите родители, сега Едона би била инженерка. И двајцата нејзини родители имаат дипломирано во доменот на науките и нивната желба била Едона да го следи истиот пат. Но, таа избрала различна професија. Раскажува како почнала да ја пополнува пријавата за факултетот за инженерство. “ Знаев дека ќе биде голема одлука која ќе има влијание врз остатокот од мојот живот. Чувствував дека не треба да продолжам со пополнување на пријавата, па запрев“, вели таа. Заминала и се упатила кон факултетот за економија каде што ја пополнила пријавата за бизнис администрација.
Можеби изгледало како ненадејна одлука, но не било така. Веќе некое време Едона имала скриена пасија за бизнис менаџерка. Десет години подоцна, нејзината одлука се оправдала.
Станување успешен менаџер
Запишувањето на факултетот за економија бил почеток на една успешна кариера. Неколку години после запишувањето, станала асистентка, а потоа била унапредена и во звање професор. Истовремено, започнала да работи и во консултантска компанија каде што била унапредена во управувачи партнер.
“ Нашиот пазар беше ограничен на Албанија и Косово, а јас сакав да истражиме нови пазари затоа што нашиот персонал, главно сочинет од жени, е компетентен и способен за поголем волумен на работа.“
Едона, Претприемачка
Компанијата обезбедува советување за бизниси во врска со имплементација на ИСО (Меѓународна организација за стандардизација ) стандардите и развивање проектни предлози за локални и меѓународни шеми за донаторски грантови. Годишно, нудат услуги на преку 200 бизниси и компанијата расте. “ Сепак, нашиот пазар беше ограничен на Албанија и Косово, а јас сакав да истражиме нови пазари затоа што нашиот персонал, главно сочинет од жени, е компетентен и способен за поголем волумен на работа“, вели таа.
Пристапот до меѓународни пазари, особено во консултантскиот бизнис, е предизвикувачки подвиг. Ова е уште позабележливо во Албанија; држава која се соочува со бројни економски предизвици. На Едона ѝ било потребна помош. Пријател ја советувал да побара поддршка од Претприемничката мрежа за развојни иницијативи (ENGI4NE-2). Овој проект, финансиран од ЕУ, на младите претприемачи им нуди можност за поминување одредено време со искусен претприемач во странство; сè со цел стекнување нови способности за бизнис менаџмент.
Подобрување вештини со нова технологија
На почетокот, Едона не била сигурна дали да учествува затоа што мислела дека искуството можеби ќе ѝ одземе од времето неопходно за управување со нејзината компанија. Но, на крајот, се разубедила и донела одлука да се пријави за нешто за коешто воопшто не жали. Избрала домаќинска компанија во Австрија затоа што таму веќе била запишана на докторски студии.” Бев заинтересирана за помала компанија, како нашата, а не за голема корпорација, како, на пример, Deloitte или некоја слична голема меѓународна компанија. Во помала компанија, предизвиците би биле слични со нашите, а мене ме интересираше како тие се соочуваат со нив“, објаснува таа.
“Беше искуство кое “ ми ги отвори очите“ и направи да сфатам колку брзо нештата се развиваат во нашиот сектор. Особено научив за подобрување на комуникацијата со помош на технологија.“
Едона, Претприемачка
Вели дека многу научила од престојот кој се протегал седум месеца.“Беше искуство кое “ ми ги отвори очите“ и направи да сфатам колку брзо нештата се развиваат во нашиот сектор. Особено научив за подобрување на комуникацијата со помош на технологија“, вели таа.
Едона објаснува дека сè дотогаш комуницирала со своите клиенти, а и со нејзиниот тим, со потрадиционални методи. Благодарение на искуството во Австрија вовела апликации, како Slack, за интерна комуникација, и Google Drive за комуникација со клиентите. Како последица, сега нејзината компанија е многу поефикасна во далечинското функционирање; што се покажало особено корисно во новата средина наметната со пандемијата КОВИД-19.
Меѓутоа, главната цел на нејзиното учество во проектот била да истражи и научи како да пристапи до меѓународни пазари. И во овој поглед, исто така, Едона била успешна; за време на нејзиниот престој добила австриска компанија како клиент.
Растечки претприемачи
Покрај Едона, 126 други претприемачи (75 нови и 51 веќе утврден) го искористиле овој проект и оствариле успешни размени. Конзорциумот за имплементација на проектот е со мешовит географски состав, обезбедувајќи, на тој начин, целосно покривање на дестинациите кои се привлечни за новите претприемачи, вклучително и Албанија и Турција. Водечкиот партнер беше “ Confindustria Ancona (CA)“ во Италија, а партнерот во Албанија беше Тиранската агенција за регионален развој.
За проектот
Проектот беше поддржан од Еразмус за млади претприемачи; програма за прекугранична размена, финансирана од ЕУ, која им нуди на младите и надежни претприемачи можности да учат од искусни претприемачи кои управуваат со мали бизниси во земјите учеснички. Домаќинот добива можност за откривање нови перспективи и можности, градење врски со странски партнери и учење за нови пазари. Албанија, заедно со останатите држави од Западен Балкан, учествува во оваа програма.
Photo credits: Edona Bilali
Можеби изгледало како ненадејна одлука, но не било така. Веќе некое време Едона имала скриена пасија за бизнис менаџерка. Десет години подоцна, нејзината одлука се оправдала.
Станување успешен менаџер
Запишувањето на факултетот за економија бил почеток на една успешна кариера. Неколку години после запишувањето, станала асистентка, а потоа била унапредена и во звање професор. Истовремено, започнала да работи и во консултантска компанија каде што била унапредена во управувачи партнер.
Компанијата обезбедува советување за бизниси во врска со имплементација на ИСО (Меѓународна организација за стандардизација ) стандардите и развивање проектни предлози за локални и меѓународни шеми за донаторски грантови. Годишно, нудат услуги на преку 200 бизниси и компанијата расте. “ Сепак, нашиот пазар беше ограничен на Албанија и Косово, а јас сакав да истражиме нови пазари затоа што нашиот персонал, главно сочинет од жени, е компетентен и способен за поголем волумен на работа“, вели таа.
Пристапот до меѓународни пазари, особено во консултантскиот бизнис, е предизвикувачки подвиг. Ова е уште позабележливо во Албанија; држава која се соочува со бројни економски предизвици. На Едона ѝ било потребна помош. Пријател ја советувал да побара поддршка од Претприемничката мрежа за развојни иницијативи (ENGI4NE-2). Овој проект, финансиран од ЕУ, на младите претприемачи им нуди можност за поминување одредено време со искусен претприемач во странство; сè со цел стекнување нови способности за бизнис менаџмент.
Подобрување вештини со нова технологија
На почетокот, Едона не била сигурна дали да учествува затоа што мислела дека искуството можеби ќе ѝ одземе од времето неопходно за управување со нејзината компанија. Но, на крајот, се разубедила и донела одлука да се пријави за нешто за коешто воопшто не жали. Избрала домаќинска компанија во Австрија затоа што таму веќе била запишана на докторски студии.” Бев заинтересирана за помала компанија, како нашата, а не за голема корпорација, како, на пример, Deloitte или некоја слична голема меѓународна компанија. Во помала компанија, предизвиците би биле слични со нашите, а мене ме интересираше како тие се соочуваат со нив“, објаснува таа.
Вели дека многу научила од престојот кој се протегал седум месеца.“Беше искуство кое “ ми ги отвори очите“ и направи да сфатам колку брзо нештата се развиваат во нашиот сектор. Особено научив за подобрување на комуникацијата со помош на технологија“, вели таа.
Едона објаснува дека сè дотогаш комуницирала со своите клиенти, а и со нејзиниот тим, со потрадиционални методи. Благодарение на искуството во Австрија вовела апликации, како Slack, за интерна комуникација, и Google Drive за комуникација со клиентите. Како последица, сега нејзината компанија е многу поефикасна во далечинското функционирање; што се покажало особено корисно во новата средина наметната со пандемијата КОВИД-19.
Меѓутоа, главната цел на нејзиното учество во проектот била да истражи и научи како да пристапи до меѓународни пазари. И во овој поглед, исто така, Едона била успешна; за време на нејзиниот престој добила австриска компанија како клиент.
Растечки претприемачи
Покрај Едона, 126 други претприемачи (75 нови и 51 веќе утврден) го искористиле овој проект и оствариле успешни размени. Конзорциумот за имплементација на проектот е со мешовит географски состав, обезбедувајќи, на тој начин, целосно покривање на дестинациите кои се привлечни за новите претприемачи, вклучително и Албанија и Турција. Водечкиот партнер беше “ Confindustria Ancona (CA)“ во Италија, а партнерот во Албанија беше Тиранската агенција за регионален развој.
За проектот
Проектот беше поддржан од Еразмус за млади претприемачи; програма за прекугранична размена, финансирана од ЕУ, која им нуди на младите и надежни претприемачи можности да учат од искусни претприемачи кои управуваат со мали бизниси во земјите учеснички. Домаќинот добива можност за откривање нови перспективи и можности, градење врски со странски партнери и учење за нови пазари. Албанија, заедно со останатите држави од Западен Балкан, учествува во оваа програма.
Photo credits: Edona Bilali
Please wait while your video is being uploaded...
Don't close this window!