Затворање на образовниот јаз | WeBalkans | EU Projects in the Western Balkans

Затворање на образовниот јаз

22 Апр 2023

Хирије Криези, 15-годишна средношколка од Призрен, се соочи со предизвикот да донесе одлука за нејзината идна кариера и универзитетските студии, но не беше сигурна дали ќе го направи вистинскиот избор за нејзината финансиска и професионална стабилност. За среќа, таа доби покана да се приклучи на менторскапрограма за поддршка од Roma Versitas. Програмата е финансирана преку грант од заеднички проект на Европската Унија и Советот на Европа, наменет за ученици Роми, Ашкали и Египќани во високото средно образование. Таа доби ментор кој дава насоки за кариера и други прашања поврзани со образование. Размислувајќи за своето искуство, Хирије признава дека поддршката и советите од нејзиниот советник ѝ помогнале да ги разјасни своите соништа и ѝ ги отвориле очите кон нови можности. Таа сега се стреми да стане полицајка и покажа значително подобрување во севкупните академски перформанси.

“Поддршката и советите од мојот советник ми помогнаа да си ги разјаснам соништата и ми ги отворија очите кон нови можности.”

Хирије Криези, корисник на програмата

Генц Броќи е еден од проект менаџерите на Roma Versitas Косово (РВК). RVK работи на слични проекти повеќе од една деценија, а нивното позитивно влијание врз заедницата ја прави очигледна потребата за продолжување на ваквите проекти. „Повеќето ромски, ашкалски и египетски семејства во Косово живеат во лоши економски и социјални услови, со ограничено ниво на образование кај возрасните кои не можат да им помогнат на своите деца со домашна или друга академска работа. Како резултат на тоа, децата Роми често заостануваат во образованието, што го прави овој тип на проекти од суштинско значење“, вели Генц.

Поддршката од проектот е двојна. Прво, вклучува назначување на еден ментор за следење на присуството и академскиот напредок на најмногу пет студенти и менторот редовно го ажурира проектот за сите прашања со кои се соочуваат студентите. Со ова проектот може да обезбеди индивидуална поддршка за решавање на овие прашања. Второ, тука е и програмата за туторство, која обезбедува дополнителна настава за ученици кои имаат проблеми со одредени предмети. Порано за ментори се избираа професори од средните училишта, но сега како ментори се ангажираат успешни матуранти од ромската, ашкалиската и египетската заедница. Според Генц, членовите на заедницата кои веќе се соочиле со слични проблеми се најпогодни лица за ова, за да ги разберат проблемите со кои се соочуваат учениците од оваа заедница.

Дополнително, проектот нуди обуки за основни вештини за средношколци од завршна година, кои вклучувааттеми како подготовка на CV, вештини за интервју за работа и управување со времето.

“Без помошта од Советот на Европа и ЕУ, немаше да можеме да ја продолжиме оваа поддршка, како резултат на што сега ќе имаме десетици кандидати за универзитетски образовани доктори, инженери и други професионалци од ромската, ашкалската и египетската заедница.”

Генц Броќи, проект менаџер, Roma Versitas Kosovo (RVK)

Стапката на напуштање на училиштето кај средношколците од ромската, ашкалаката и египетската заедница беше сериозен проблем, а во 2013 година над 80% од учениците го напуштија училиштето. Сепак, благодарение на иницијативите како овој проект, стапката на напуштање се намали на околу 10 -15%. Првично, проектот имаше ниски стапки на учество, со само 40 ученици, од кои 80% беа машки и 20% жени. Меѓутоа сега има стотици учесници, а преку 100 одат на универзитет секоја година, по завршувањето на средното училиште.

Проектот обезбедува поддршка за вкупно над 600 студенти. Генц нагласува дека проектот не би бил возможен без поддршката на Советот на Европа и Европската унија. „Без помошта од Европската унијаи  Советот на Европа, немаше да можеме да го продолжиме овој проект и како резултат на оваа поддршка, сега ќе имаме десетици кандидати за универзитетски образовани доктори, инженери и други професионалци од ромската, ашкалската и египетската заедница “, додава Генц

За проектот

Целта на проектот „Зајакнување на средношколците преку менторство“ е да се поттикне квалитетно инклузивно образование во Косово и една од специфичните цели е да се подобри пристапот до образование за децата од ромската, ашкалиската и египетската заедница. Програмата за менторство е финансирана преку грант од заедничкиот проект на Европската Унија и Советот на Европа „ Градење капацитет за инклузија во образованието – ВКЛУЧИ СЕ“ и имплементиран од Ромите Верситас Roma Versitas Косово. Проектот започна во јануари 2023 година и ќе се реализира во период од 12 месеци.

Дознај повеќе

Roma Versitas Kosovo

Photo credits: Roma Versitas Kosovo (RVK)

Please wait while your video is being uploaded...

Don't close this window!

Subscribe to the newsletter

I have read and understood the terms of the privacy statement.