Додека повеќето од другарите на Михаило се интересирале за фудбал и други игри во училишниот двор, неговото омилено игралиште била училишната лабораторија. Ни самиот не знае од каде потекнува неговата пасија за науката: „Не се сеќавам дека сум имал некоја посебна надворешна причина која ме инспирирала за наука, чувствувам како секогаш да била во мене“, вели тој.
Низ детството, неговата пасија за науката продолжила да расте. На училиште, добивал пофалби од наставниците, а во средно, пак, започнал да добива награди за своите научни експерименти. „Во средно започнав да работам на теми поврзани со електрично инженерство. Оттука, кога завршив со средното образование, одлуката да студирам електрично инженерство беше сосема природна“, вели тој.
Михаило се запишал на Факултетот за електрично инженерство на Универзитетот во Подгорица. Како посветен студент, продолжил да добива високи отценки и, набрзо, го привлекол вниманието на професорите. Бил еден од најдобрите студенти во својата генерација и кратко после дипломирањето бил поканет да работи како асистент на Факултетот за инженерство. Иако Михаило бил среќен за приликата, имал, исто така, и неколку сомнежи. Неговата главна цел била да продолжи со научно-истражувачки студии и не бил сигурен дали новата позиција ќе му дозволи да има доволно време и можности за да остане посветен на својата пасија.
Поголемо и подобро
Црна Гора е мала држава со, отприлика, 600 000 жители. Оттука, Универзитетот на Подгорица има ограничени ресурси за работа на големи научни проекти. Истовремено, Михаило чувствувал потреба да работи на нешто поголемо кое би имало влијание не само во Црна Гора туку и надвор од границите на неговата земја.
Набрзо откако Михаило ја започнал својата работа како асистент, факултетот му понудил можност за работа на проектот “ Crossbow“, финансиран од ЕУ. Ова било точно тоа што Михаило го барал: ново и важно експериментално поле кое би имало позитивно влијание на далеку позначаен број луѓе.
Надминување граници
Тринаесет држави, меѓу кои и Црна Гора, учествуваат во проектот. Неговата цел е да промовира прекугранично управување со различни видови обновливи енергии и складиштни единици со крајна цел обезбедување енергија за интернационален големопродажен пазар за обновливи енергии.
Научни тимови од сите партнерски држави работеле на различни компоненти на проектот. “ Искрено, најпрво, бев изненаден што ми беше пружена оваа огромна можност, знаејќи дека немам многу искуство. Бев преплавен со ентузијазам и со радост ја прифатив поканата“, вели тој. Задачите на Михаило во рамки на проектот вклучувале моделирање соларна енергија и енергија од биомаса. Ова вклучува предвидување на енергетско производство од соодветните видови енергетски централи; работа којашто според него е “ нешто ново, интересно и возбудливо.“
Михаило земал учество во работилници и конференции организирани како дел од проектот. Работилниците му овозможиле да запознае научници кои се автори на важни дела од доменот на обновлива енергија во партнерските држави. Ова било значајно едукативно искуство затоа што Михаило немал многу знаења и искуства од овој домен. “ Работата на проектот бараше многу време и енергија, но не почувствував никаков притисок или замор затоа што, за мене, ова искуство беше како да живеам во сон“, вели тој. Михаило успешно ја заврши својата улога во проектот и стекна бројни нови и неопходни знаења. Сега со нетрпение чека понатамошни искуства во доменот на обновливи енергии, затоа што според него: “ нашата сегашност и иднината на целата планета и енергетски систем зависи од обновливите извори на енергија.“
“ Crossbow“ е проект, во висина од 17,2 милиони евра, од доменот на паметни електроенергетски мрежи, финансиран од програмата за истражување и иновација на Европската Комисија, “ Horizon2020“. Во него земаат учество дваесет и четири партнери, од 13 европски држави, со осум национални оператори за пренос. Проектот започна во ноември 2017 и ќе трае четири години.
Photo Credits: Mihailo Micev
Please wait while your video is being uploaded...
Don't close this window!