Бран на просперитет | WeBalkans | EU Projects in the Western Balkans

Бран на просперитет

Чистење на потонати бродови од Втората светска војна придонесува за побезбеден Дунав и зголемување на економијата на Србија.

SCROLL DOWN

Дунав е втората најдолга европска река која тече низ десет држави. Нејзиното целосно течение во Србија (588 км) е пловно, но нејзиниот воден пат е значително потесен кај кањонот Џердап поради многуте потонати бродови при крајот на Втората светска војна.

Во тој дел на Дунав, нагоре по течението на пристаништето Прахово, водниот пат е широк само 180 метри, а дваесет и трите потонати брода дополнително го стеснуваат протокот на само 100 метри. Оттука, проектот, поддржан од Европската инвестициска банка, за отстранување на потонатите бродови е од исклучителна важност, затоа што подводните пречки ја отежнуваат пловидбата; особено кога нивото на реката е ниско. Првиот дел од проектот е фокусиран на изнаоѓање соодветен начин за отстранување на мини и опасни супстанции од бродовите; како и наоѓање на нивната точна локација.

„Инвестицијата ќе го подобри речниот транспорт во Србија затоа што државата годишно губи сè до 5 милиони евра поради небезбедна пловидба во овој дел на Дунав.“

Зорана Михајловиќ

Побрза и побезбедна пловидба по Дунав

Одредени делови од бродовите коишто повеќе од седум декади лежат на дното на Дунав ќе бидат изложени, а остатокот ќе се биде вратен во Германија. Чистењето на речното корито ќе ја направи пловидбата во овој дел на Дунав далеку побезбедна и побрза, а ќе биде, истовремено, и еколошко подобрување. Инвестицијата ќе го подобри речниот транспорт во Србија затоа што државата годишно губи сè до 5 милиони евра поради небезбедна пловидба во овој дел на Дунав, според поранешната министерка за Конструкција, транспорт и инфраструктура – Зорана Михајловиќ.

Проектот за отстранување бродови ќе биде финансиран преку заем од Европската инвестициска банка (ЕИБ), со исклучително поволни услови, во соработка со Владата на Србија.

„Начинот на којшто сакаме да работиме стреми кон враќање на безбедноста при пловидбата на Дунав: отстрануваме пречки, рушејќи ги видливите и невидливите бариери; во конкретниот случај подводно,“ вели Сем Фабризи, амбасадорот на ЕУ во Србија.  Европската интеграција е, пред сè, процес на мир и обединетост. Уште од основањето, ЕУ е фокусирана на надминување на пречките од минатото и прочистување на патот кон понатамошна интеграција. „Нашата заложба е насочена кон тоа Србија и целиот регион на Западен Балкан да бидат дел од оваа голема авантура,“ вели Фабризи.

„Секој еден во оваа држава е емоционално приврзан за оваа река која открива значајни приказни од минатото.“

Дубравка Негре

Реката претставува, исто така, непроценлив извор на енергија, храна и вода за пиење; сочинувајќи 22% од енергетското снабдување на државата. Истовремено, се протега ширум клучна пловидбена рута, нудејќи економични транзит можности како за регионалните, така и за пазарите на ЕУ.

Дубравка Негре, директорка на Европската инвестициска банка во Западен Балкан, вели дека овој проект не само што е значаен за економскиот развој на Србија, но е, исто така, и од голема историска важност. „Секој еден во оваа држава е емоционално приврзан за оваа река која открива значајни приказни од минатото,“ вели таа.

Негре додава дека преку својот придонес за развивање на меѓународни економски врски, реката ги поврзува и луѓето на Балканот, кои споделуваат заедничко минато. Денес, после бројни декади, тие можат да се сретнат на ист пат кон нов, заеднички пазар со европски вредности и перспективи за подобро утре.

Во врска со Европската инвестициска банка (ЕИБ)

Европската инвестициска банка е органот за кредитирање на Европската Унија. ЕИБ е најголемата мултилатерална финансиска институција во светот и еден од најголемите обезбедувачи на климатско финансирање и инвестирање во одржлива иднина за сите нас. Европската инвестициска банка во Србија е активна од 1977, со инвестиции од преку 6 милијарди евра во најразлични проекти. Најголемиот дел од средствата, скоро 40% (2,1 милијарди евра), се инвестирани во транспортни проекти, со 165 милиони евра инвестирани во енергетскиот сектор.

 

Photo credits: European Investment Bank

 

This is an adaptation of an article published by the European Investment Bank. Read the original article

 

Please wait while your video is being uploaded...

Don't close this window!

Subscribe to the newsletter

I have read and understood the terms of the privacy statement.