Започнуваат работите на првото училиште поддржано од образовната програма на Инвестициската рамка за Западен Балкан во Црна Гора
Започнуваат работите на првото училиште поддржано од образовната програма на Инвестициската рамка за Западен Балкан во Црна Гора
На 26. август се случи значајно достигнување во сеопфатниот план за реновирање на предуниверзитетските училишта во Црна Гора и тоа со поставување на темелите на основното училиште „Владимир Назор“ во Подгорица. На церемонијата присуствуваше премиерот на Црна Гора – Дритан Абазовиќ, министерот за образование – Миомир Војиновиќ и директорката на училиштето – Лилјана Марковиќ. Изградбата на училиштето се очекува да биде завршена за 17 месеци.
Образовните институции во Црна Гора се соочуваат со особени предизвици поради недоволното финансирање и одржување кои влијаат врз квалитетот на образованието. Оваа сеопфатна програма, поддржана преку Инвестициската рамка за Западен Балкан, со цел реновирање на претшколскиот систем, вклучува изградба, реновирање и опремување на образовните објекти и градинки во Подгорица и девет други општини. Фокусот е ставен на зголемување на школските капацитети во државата преку отворање 2100 нови места и околу 530 работни места, главно за наставници. Планираниот развој ќе помогне да се намали пренатрупаноста во училиштата и да се зголеми пристапот на децата до подобри алатки за учење со што ќе се зголеми и капацитетот за вработување на младите. До 2026 година, над 10000 ученици годишно ќе исползуваат од иновативна средина за учење благодарени на овие инвестиции.
Преку програмата, се очекува да се инвестираат над 64 милиони евра во образовна инфраструктура, додека, пак, половина од инвестицијата доаѓа од државниот буџет на Црна Гора. Билатералните донатори и ЕУ придонесуваат со 11,4 милиони евра преку грант од Инвестициската рамка за Западен Балкан, а Европската инвестициска банка учествува со заем од 18 милиони евра и грант од 2,5 милиони евра. Грантот на Европската инвестициска банка ќе ја покрие техничката и советодавна поддршка за подготовка на проектот и набавки, како и за развој на државни стандарди за мониторирање кои ќе се применуваат во слични проекти. Инвестицискиот пакет ќе ја забрза модернизацијата на инфраструктурата на државното образование во државата.