Дознај ги најновите информации за активностите на ЕУ и настаните во Западен Балкан
Новости / Делегацијата на ЕУ во Албанија ја отпочнува иницијативата „Следи ја вистината“ во рамки на кампања за подигнување на свеста за дезинформации.
„Следи ја вистината“ („Track the Truth“) доаѓа како повик од Делегацијата на ЕУ во Албанија за заедничка борба против искривените перцепции за реалноста. Оваа кампања за подигнување на свеста за дезинформации веќе го започна своето патување во вторникот, 31. јануари, со свечено отворање на уникатна инсталација на плоштадот „Скендербег“; во близина на Националниот историски музеј. Се работи за графички тунел, прекриен со дезинформации и, навидум, провокативни пораки, кои ја покануваат публиката да ги следи вистините зад секоја една од нив.
Граѓаните, проверувачите на факти и медиумските професионалци се поканети да размислат за влијанието на дезинформациите, поминувајќи преку овој тунел, долг девет метри; прекриен, од внатрешната страна, со вистинити пораки, графички изопачени за да личат на некои од најчестите лаги за КОВИД-19, војната во Украина или проблемите поврзани со климатските промени. Тунелот е опремен со QR код кој има врска до сајтот на кој пораките се разоткриени, благодарение на проверени и објективни информации. Истата платформа нуди совети за тоа како да се забележат содржини со дезинформации.
Дознај повеќе
Регистрирај се за нашиот месечен билтен за најновите вести, можности за финансирање приказни и настани!
Исто така можеш да избереш да добиваш кратки неделни вести или инстант нотификации. Билтенот и нотификации се на англиски јазик.
Please wait while your video is being uploaded...
Don't close this window!Thank you! Please check your e-mail
We have sent you an email with a confirmation link. Click on the link and complete your subscription.
If you don’t see the email in your inbox please check your spam folder.