Дознај ги најновите информации за активностите на ЕУ и настаните во Западен Балкан
Новости / RYCO и ЕУ ги прославуваат успесите на поддржаните проекти во Албанија
Регионалната канцеларија за младинска соработка (Regional Youth Cooperation Office (RYCO) организираше завршен онлајн настан во рамки на својот проект поддржан од ЕУ – „Подобрување на младинската соработка и младинската размена во WB6“ во Тирана на 3 февруари. На настанот беа презентирани резултатите од два проекти од Албанија кои беа поддржани во рамките на четвртиот отворен повик на RYCO за предлог проекти. Во воведното обраќање, Шефот на локалната подружница на RYCO во Албанија, Крешник Лока, зборуваше за тоа како младите уште еднаш ја потврдиле својата посветеност и интерес за запознавање и работа со своите врсници од регионот и нагласи дека овој проект го отворил патот за одржлива соработка не само меѓу младите туку и за граѓанското општество во регионот.
Проектите поддржани од RYCO и ЕУ во рамки на четвртиот отворен повик во Западен Балкан се насочени кон помирување и регионална младинска соработка, како и зајакнување на капацитетите на граѓанското општество за прилагодување кон Ковид-19 реалноста. Проектите беа имплементирани од февруари до октомври 2021 година.
Во фазата за пријавување примени се 129 апликации со кои се креирани 400 партнерства во регионот. Вкупниот финансиски пакет на повикот изнесуваше 333.000 евра.
Дознај повеќе
Регистрирај се за нашиот месечен билтен за најновите вести, можности за финансирање приказни и настани!
Исто така можеш да избереш да добиваш кратки неделни вести или инстант нотификации. Билтенот и нотификации се на англиски јазик.
Please wait while your video is being uploaded...
Don't close this window!Thank you! Please check your e-mail
We have sent you an email with a confirmation link. Click on the link and complete your subscription.
If you don’t see the email in your inbox please check your spam folder.