Дознај ги најновите информации за активностите на ЕУ и настаните во Западен Балкан
Новости / Инфраструктурно финансирање од ЕУ за нова автопатска делница во Република Српска
Првата завршена делница од автопатот долж коридорот Vc во Република Српска (РС), која води од Јоховац до Руданка, беше отворена со церемонија на која присуствуваа српскиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина (БиХ), Мирослав Додик, претседателката на РС, Жељка Цвијановиќ, како и други владини претставници на РС, од претпријатието Аутопутеви РС, Европската банка за обнова и развој (EBRD) и од канцеларијата на ЕУ во Босна и Херцеговина.
Делницата долга 6,1 км беше завршена благодарение на грантот од ЕУ од 15 милиони евра, кој овозможи дополнително финансирање во форма на поволни заеми од ЕБОР (ЕBRD) вредни речиси 70 милиони евра. Делницата Јоховац до Руданка обезбедува директно поврзување на автопатот Бања Лука – Добој и постоечката магистрала М17 во Босна и Херцеговина. Таа ги дополнува двете други делници, Вукосавље – Јоховац и Руданка – Путниково Брдо кои ги гради Аутопутеви РС. Брзината на движење на патниците и товарот на оваа делница ќе се зголеми од 60 км/ч до 100 и 120 км/ч.
Покрај побрзото и побезбедно патување, проектите за автопати долж коридорот Vc поддржани од ЕУ, обезбедуваат и економски придобивки преку поддршка на поврзувањето во Западен Балкан, како и меѓу Западен Балкан и единствениот пазар на ЕУ кој е најголемата економска област во светот. Властите и даночните обврзници продолжуваат да ја уживаат користа која ја обезбедуваат многу поволните финансиски услови кои се нудат за инфраструктурни проекти во Босна и Херцеговина поддржани од ЕУ.
Source: WBIF
Photo credit: WBIF
Дознај повеќе
Регистрирај се за нашиот месечен билтен за најновите вести, можности за финансирање приказни и настани!
Исто така можеш да избереш да добиваш кратки неделни вести или инстант нотификации. Билтенот и нотификации се на англиски јазик.
Please wait while your video is being uploaded...
Don't close this window!Thank you! Please check your e-mail
We have sent you an email with a confirmation link. Click on the link and complete your subscription.
If you don’t see the email in your inbox please check your spam folder.