Дознај ги најновите информации за активностите на ЕУ и настаните во Западен Балкан
На 9. декември 2022 година, Европската комисија објави извештај за културната димензија на одржливиот развој во акциите на ЕУ.
Извештајот ја потенцира неопходната улога на културата во имплементирањето на политиките на ЕУ, програмите и иницијативите поврзани со Агендата за одржлив развој 2030 на Обединетите Нации. Комисијата одреди клучни домени во кои треба стратешки да се зајакне соработката со културните и креативни сектори со цел поттикнување одржлив развој. Исто така, се објаснува, од аспект на различни перспективи и политики, колку културните и креативни сектори се уникатно позиционирани со цел толкување и имплементирање економски, општествени и еколошки димензии во Агендата 2030. Доброволниот преглед на ЕУ за имплементација на цели за одржлив развој, кој треба да биде претставен на Форумот на високо ниво на ОН, во средината на 2023 година, може да извлече полза од предлозите кои се претставени во извештајот.
Извештајот ги надополнува и се повикува на некои од препораките на Отворениот метод за координирање; работна група на земјите-членки за културната димензија на одржливиот развој, во чии рамки беше објавен извештај насловен „Бурни времиња. Природата и луѓето: културна храброст за промена“, на 20. септември 2022 година. Истиот се надоврзува на резултатите од конференцијата на УНЕСКО „MONDIACULT 2022“, која повика културата да биде вклучена како посебна цел во следните развојни цели на Обединетите Нации.
Извор на фотографии: iStock
Извор: Creative Europe
Please wait while your video is being uploaded...
Don't close this window!