Дознај ги најновите информации за активностите на ЕУ и настаните во Западен Балкан
Почитувани членови на Европскиот парламент,
Драги претставници на ромските заедници,
Млади Роми, академици, општествени партнери и граѓанско општество,
Дами и господа,
Нашите демократии се засноваат на едноставно ветување: Еднакви права за сите граѓани. Тука не станува збор за тоа како некој изгледа, кој јазик го зборува или, пак, кое презиме го носи. Демократиите мораат да го исполнат тоа што се очекува од нив. Знаеме дека ова не се случува секогаш. За многумина од шесте милиони Роми Европејци, овие еднакви права не се целосно дадени. Ромите сè уште се соочуваат со предизвици при барањето работа или стан. Тажно беше да се види дека бројни Роми, бегалци од Украина, беа соочени со тешкотии и дискриминација при доаѓањето во Унијата. Ромите во Европа сè уште се соочуваат со навреди и клевети на улиците, во медиумите и, честопати, во политичките говори. Ова мора да се промени. И може да се промени. Во демократиите, напредокот е секогаш возможен; дури и најдлабоко вкоренетите предрасуди и дискриминации можат да бидат искоренети доколку јавните авторитети и граѓанското општество работат рамо до рамо со заедничка визија за движење кон еднаквост и еднакви права.
Затоа, во 2020 г., предложивме нова стратешка рамка за Ромите во ЕУ; со цел постигнување еднаквост, инклузија и учество. Сведоци сме на позитивна промена ширум Унијата. Во Романија, на пример, нашиот Европски план за закрепнување, „NextGenerationEU“, им помага на ромските семејства да добијат пристап до здравството и до матичен лекар. Во Белгија, младите Роми кои бараат работа добиваат обука и менторство благодарение на фондовите на ЕУ. Полска вработува повеќе културни медијатори за поддршка на децата Роми во училиштата. Додека, пак, во Италија; за првпат беше поставен меморијален камен, „Stolperstein“, за одбележување на сеќавањето за еден млад Ром депортиран во нацистички концентрационен логор. Споменикот беше поставен на плоштадот каде што младичот свирел на виолина. Ова се значајни чекори напред. Во правец на инклузија. Во правец на поголема свесност за ромското наследство и неговиот придонес за европското културно наследство. Во правец на поголема еднаквост за сите Европејци.
Напредокот мора да продолжи. Мораме да ги ставиме правата на Ромите во центарот на нашата политичка агенда. Од овие причини, минатиот јануари, направивме прва проценка на новите национални стратегии за Ромите. Ја потенциравме важноста за поттикнување иницијативи и добри практики ширум Европа. Но, најкритичните прашања по однос на кои останува најмногу работа се, на пример, борбата против антициганизмот и сегрегацијата. За да се подобри квалитетот на живот на Ромите, Стратегијата за Роми на ЕУ постави прецизни цели кои треба да се исполнат до 2030 година. Тука спаѓаат намалување, за 50 %, на невработеноста кај Ромите и нивното учество во раното детско образование. Бројни земји-членки ги поставија своите национални цели. Тоа ќе ни овозможи мониторирање и мерење на нашиот напредок со цел напредување во нашето патување кон еднаквоста.
Градењето Унија заснована на еднаквост бара соодветни политики и цели. Но, исто така, што е уште поважно, размени со граѓанското општество. Размени со ромските заедници, со невладините организации кои се борат за еднакви права, со културните здруженија кои ја промовираат ромската култура во Европа. Вашиот глас мора да биде чуен. Ромските гласови мораат да бидат чуени. Како во институциите, така и во јавните дебати во нашите општества. Затоа, ви благодарам за организирањето и присуството на овој важен настан. Дозволете ми да ви посакам пријатна Недела на Ромите.
Ви благодарам.
Извор: DG NEAR
Извор на фотографии: DG NEAR
Please wait while your video is being uploaded...
Don't close this window!