Сместен на подножјето на Шар Планина, покрај своето културно наследство, Призрен има прекрасна природна средина подготвена за откривање преку скијање и други активности поврзани со природата кои, воедно, претставуваат мотив за туристите да останат подолго. Но, сè до пред три години, инфраструктурата не била доволно развиена за туристите да можат да уживаат во планините. Здружението “ Sharri Mountaineers“, невладина организација од Призрен, одлучило да дејствува. Заедно со колеги од друга, поискусна, невладина организација – Здружението на алпинци “ Marimangat“ од Пеќ, започнале со планови за маркирање и означување на нови планинарски патеки, како и развивање на промотивна кампања за рекламирање на регионот како природна авантуристичка дестинација.
“ Ова беше одлична можност, бидејќи ни беа потребни средства за ја да спроведеме нашата идеја. Но, за да се пријавиме за повикот, потребно беше да најдеме партнер од другата страна на границата.“
Дени Хамели
Прекугранични партнери
Истовремено, програмата за прекугранична соработка Косово – Северна Македонија, финансирана од ЕУ, објавила повик за проекти кои би придонеле за поттикнување на туризмот и културното наследство во меѓуграничниот простор помеѓу Косово и Северна Македонија. Градот Тетово, на страната на Северна Македонија, имал слични проблеми како Призрен во поглед на недостиг на туристички престои со преноќевања. Шарпланинскиот ланец се протега низ Косово и Северна Македонија, оттука се појавил и потенцијал за заедничка работа.
“ Ова беше одлична можност, бидејќи ни беа потребни средства за ја да спроведеме нашата идеја. Но, за да се пријавиме за повикот, потребно беше да најдеме партнер од другата страна на границата“, вели Дени Хамели од здружението “ Sharri Mountaineers“. Кога ги разгледувале своите контакти, здружението склучило партнерство со невладината организација “ ALKA“ од Северна Македонија.
Дени објаснува дека невладината “ ALKA“ била совршената партнерска организација затоа што веќе имала искуство со слични проекти. “ Навистина беа од голема вредност во процесот на составување на предлогот, како и за имплементација на проектот“, вели Дени. Предлогот бил одобрен и во текот на следните години, партнерските организации работеле на имплементација на проектот кој сега наближува кон својот крај.
Холистички пристап
Проектот зазел холистички пристап со цел зголемување на привлечноста на регионот како туристичка дестинација. Работата вклучувала подобрување на инфраструктурата преку мапирање и означување 21 нова планинарска патека, покривајќи 200 километри. Проектот, исто така работел на зголемување на капацитетите на домаќинствата и туристичките водичи за примање гости. Најнакрај, проектот развил видеа, летоци; како традиционални, така и кампањи на социјалните медиуми, сè со цел рекламирање на регионот како туристичка дестинација за локалните и меѓународните туристи.
“Дополнително, низ планинските патеки, туристите ќе можат да ги видат и културните знаменитости. На овој начин, ја спојуваме природата со културата: совршена дестинација за планински туризам.“
Јован Божиноски
Јован Божиноски е туристички водич и член на планинарскиот клуб Љуботен од Тетово, Северна Македонија. Земајќи предвид дека сите нови планинарски патеки проаѓаат покрај ресторани и домаќинства кои нудат храна и сместување, Јован верува дека проектот ќе има значаен економски исход во поглед на привлекување повеќе клиенти во регионот. “ Дополнително, низ планинските патеки, туристите ќе можат да ги видат и културните знаменитости. На овој начин, ја спојуваме природата со културата: совршена дестинација за планински туризам“, вели Јован.
Проектот насловен “ Поддржување на потенцијал за регионален туризам“ беше финансиран од ЕУ во рамки на програмата “ Прекугранична соработка Косово – Северна Македонија“ како инструмент на претпристапната програма (ИПА). Проектот беше имплементиран со невладините организации “ ALKA“ и “ Balkania“ од Северна Македонија и планинарските здруженија “ Marimangat“ и “ Sharri Mountaineers“ како невладини организации од Косово.
Photo credits: Fitim Shala
Сместен на подножјето на Шар Планина, покрај своето културно наследство, Призрен има прекрасна природна средина подготвена за откривање преку скијање и други активности поврзани со природата кои, воедно, претставуваат мотив за туристите да останат подолго. Но, сè до пред три години, инфраструктурата не била доволно развиена за туристите да можат да уживаат во планините. Здружението “ Sharri Mountaineers“, невладина организација од Призрен, одлучило да дејствува. Заедно со колеги од друга, поискусна, невладина организација – Здружението на алпинци “ Marimangat“ од Пеќ, започнале со планови за маркирање и означување на нови планинарски патеки, како и развивање на промотивна кампања за рекламирање на регионот како природна авантуристичка дестинација.
Прекугранични партнери
Истовремено, програмата за прекугранична соработка Косово – Северна Македонија, финансирана од ЕУ, објавила повик за проекти кои би придонеле за поттикнување на туризмот и културното наследство во меѓуграничниот простор помеѓу Косово и Северна Македонија. Градот Тетово, на страната на Северна Македонија, имал слични проблеми како Призрен во поглед на недостиг на туристички престои со преноќевања. Шарпланинскиот ланец се протега низ Косово и Северна Македонија, оттука се појавил и потенцијал за заедничка работа.
“ Ова беше одлична можност, бидејќи ни беа потребни средства за ја да спроведеме нашата идеја. Но, за да се пријавиме за повикот, потребно беше да најдеме партнер од другата страна на границата“, вели Дени Хамели од здружението “ Sharri Mountaineers“. Кога ги разгледувале своите контакти, здружението склучило партнерство со невладината организација “ ALKA“ од Северна Македонија.
Дени објаснува дека невладината “ ALKA“ била совршената партнерска организација затоа што веќе имала искуство со слични проекти. “ Навистина беа од голема вредност во процесот на составување на предлогот, како и за имплементација на проектот“, вели Дени. Предлогот бил одобрен и во текот на следните години, партнерските организации работеле на имплементација на проектот кој сега наближува кон својот крај.
Холистички пристап
Проектот зазел холистички пристап со цел зголемување на привлечноста на регионот како туристичка дестинација. Работата вклучувала подобрување на инфраструктурата преку мапирање и означување 21 нова планинарска патека, покривајќи 200 километри. Проектот, исто така работел на зголемување на капацитетите на домаќинствата и туристичките водичи за примање гости. Најнакрај, проектот развил видеа, летоци; како традиционални, така и кампањи на социјалните медиуми, сè со цел рекламирање на регионот како туристичка дестинација за локалните и меѓународните туристи.
Јован Божиноски е туристички водич и член на планинарскиот клуб Љуботен од Тетово, Северна Македонија. Земајќи предвид дека сите нови планинарски патеки проаѓаат покрај ресторани и домаќинства кои нудат храна и сместување, Јован верува дека проектот ќе има значаен економски исход во поглед на привлекување повеќе клиенти во регионот. “ Дополнително, низ планинските патеки, туристите ќе можат да ги видат и културните знаменитости. На овој начин, ја спојуваме природата со културата: совршена дестинација за планински туризам“, вели Јован.
Проектот насловен “ Поддржување на потенцијал за регионален туризам“ беше финансиран од ЕУ во рамки на програмата “ Прекугранична соработка Косово – Северна Македонија“ како инструмент на претпристапната програма (ИПА). Проектот беше имплементиран со невладините организации “ ALKA“ и “ Balkania“ од Северна Македонија и планинарските здруженија “ Marimangat“ и “ Sharri Mountaineers“ како невладини организации од Косово.
Photo credits: Fitim Shala
Please wait while your video is being uploaded...
Don't close this window!