Образование за сите во Косово | WeBalkans | EU Projects in the Western Balkans

Образование за сите во Косово

Проект на ЕУ за инклузивно образование во Косово нуди поддршка за деца со посебни потреби и од ранливи заедници.

SCROLL DOWN

Арти е дванаесет годишно дете кое е тврдоглаво за својата независност. Живее со Даунов синдром, генетско нарушување кое, обично, е поврзано со потешкотии при учење. Косовскиот закон се изменил за време на образованието на Арти, па, отсега, децата со Даунов синдром и другите деца со посебни потреби ќе можат да одат во стандардните училишта. Денес, учениците како Арти учат во нова ера.

Може да биде предизвикувачки да се вклучат децата со посебни потреби во стандардните училишта без асистент на час. Со оглед на тоа што училиштето не можело да обезбеди асистент, таа улога ѝ припаднала на мајката на Арти. Тоа траело неколку години; сè додека проектот „Образование за сите“, финансиран од ЕУ, не настапил со помош за асистент за Арти и другите деца со посебни потреби во неговото училиште. Со помош на посветениот асистент, Арти успеа да биде целосно независен од мене и да развие вештини преку исполнување на повеќето од целите во неговиот индивидуален план за учење,“ вели мајката на Арти, Флорентина.

„Децата со посебни потреби се соочуваат со различни предизвици: некои имаат потешкотии при читањето, други, пак, со математика или некои останати материи. Затоа, изработуваме и спроведуваме индивидуален план за учење на секое дете со посебни потреби.“

Џенета Шабани, асистентка-стажант

Арти добива придружба во своите секојдневни училишни активности од Џенета Шабани, дипломка на педагошкиот факултет која се придружила на проектниот тим како стажантка. Веднаш штом започнала со работа, се состанала со класниот наставник за да состават индивидуален план за учење за Арти и започнале со негова имплементација. „Децата со посебни потреби се соочуваат со различни предизвици: некои имаат потешкотии при читањето, други, пак, со математика или некои останати материи. Затоа, изработуваме и спроведуваме индивидуален план за учење на секое дете со посебни потреби,“ вели Џенета.

Џенета му помага на Арти за време на часот и е присутна през целиот час во училницата заедно со наставникот. Покрај работата со Арти, им дава поддршка и на другите деца. Нејзин долгорочен план е да работи како училиштен советник, па, затоа, искуството кое го добила преку работата на овој проект е особено значајно. „Можеби најдобриот дел од мојот ангажман во проектот е тоа што кога ќе започнам да работам како училиштен советник, ќе можам да го пренесам сето знаење од проектот во училиштето во кое работам, за, на тој начин, и други наставници и деца да можат да извлечат корист,“ вели таа.

Проектот „Образование за сите“ е имплементиран од чешката невладина организација „Луѓе во потреба“ (People in Need) и други партнери од Косово. Њомза Емини од „Луѓе во потреба“ објаснува колку е неопходен проектот за децата со посебни потреби во Косово. „Имавме случаи кога училиштата беа неволни да прифатат деца со посебни потреби затоа што имаат потреба од посветување внимание, а училиштата немаат доволно персонал за поддршка. Дури и да имаат време за децата со посебни потреби, на постоечките наставници им недостига посебна обука за исполнување на потребите на овие деца,“ вели Њомза.

Оттука, нејзиниот проект спроведува програма која ангажира 42 стажанти кои обезбедуваат поддршка за 250 деца како Арти кои имаат посебни потреби или, пак, доаѓаат од ранливи заедници. Проектот нуди, исто така, и обука за постојаните наставници за инклузивно образование на децата со посебни потреби. Досега, проектот обучил преку 150 наставници и планираат да достигнат бројка од 225 до неговиот крај. Проектот вклучува теми како принципи на инклузија, комуникација со деца со посебни потреби, како и препознавање и управување со случаи на задевање. „Проектот беше добредојден од страна на училишните управители и наставниците кои учествуваа,“ вели Њомза.

„Има значајни празнини во инклузивното образование во Косово и, сè додека нашите институции не успеат да ги пополнат истите, поддршката од ЕУ и други донатори е особено важна.“

Њомза Емини, „Луѓе во потреба“ – невладина организација

Во осмислувањето на обуката за наставници, проектот го искористил искуството на образовниот отсек „Varianty“ на организацијата „Луѓе во потреба“ во Република Чешка и нивната примена на насоките од Европската агенција за инклузивно образование. „Има значајни празнини во инклузивното образование во Косово и, сè додека нашите институции не успеат да ги пополнат истите, поддршката од ЕУ и други донатори е особено важна,“ вели Њомза.

Проектот содржи и дополнителен сегмент кој се фокусира на подобрување на инклузивното образование на институционално ниво. Инклузивни едукативни платформи биле поставени на секоја од проектните локации; вклучувајќи ги и локалните чинители како што се општините, организациите за човекови права, а, исто така, и родителите. Инклузивната едукативна платформа во градот Јањево обезбедила стабилност во одржливоста на програмата за стажирање преку нејзино вклучување во општинскиот буџет по завршувањето на проектот. Во Обилич, пак, со поддршка на општината, успеале да реновираат специјална училница за дека со посебни потреби.

За проектот

Проектот „Образование за сите“, финансиран од ЕУ, бил основан во 2018 година и се фокусира на правото за еднакво образование за деца и адолесценти со посебни потреби, како и Ромите кои доаѓаат од ранливи заедници. Финансиран под покровителство на Европскиот инструмент за демократија и човекови права, проектот е имплементиран од чешката невладина организација, „Луѓе во потреба“ („People in Need“), во партнерство со косовските невладини „Autizmi Flet“ и  „Партнерство за идеи“ („The Ideas Partnership“).

Photo credits: People in Need

Please wait while your video is being uploaded...

Don't close this window!

Subscribe to the newsletter

I have read and understood the terms of the privacy statement.