Чествување на жени креативци | WeBalkans | EU Projects in the Western Balkans

Чествување на жени креативци

Запознајте ја Доника, визуелна уметница од Тирана која го зачувува сеќавањето на една стара куќа и нејзината бунтовна сопственичка која одбила да се предаде на незапирливиот бран на урбаниот развој.

SCROLL DOWN

Мислим Шири е една од најпрометните улици во Тирана, престолнината на Албанија. Со децении била тивка станбена населба без продавници или кафулиња. Сето тоа се променило по падот на комунизмот во 90-тите; кога скоро сите куќи и станови ги претвориле своите приземја во комерцијални простори. Сите освен една.

Ова е стан како многу други, но на приземјето, ниту една продавница или кафуле не оставиле стапка. Многумина секојдневно поминуваат крај него, а една од честите минувачи била Доника Чин; визуелна уметница која живее во Тирана. Била инспирирана да го инкорпорира просторот во својот уметнички перформанс.

„Имаше и, сè уште, има бројни гласини за Биа: нејзиниот живот, нејзините намери и душевна состојба. Нејзината одлука никогаш да не го продаде или изнајмува својот дом за комерцијални цели делува особено значајно.“

Доника Чин

Сеќавањето продолжува да живее

Доника била особено заинтересирана за една старица, сопственичката која редовно го чистела и бојадисувала екстериерот на своето приземје. Нејзиното име било Биа. „Имаше и, сè уште, има бројни гласини за Биа: нејзиниот живот, нејзините намери и душевна состојба. Нејзината одлука никогаш да не го продаде или изнајмува својот дом за комерцијални цели, како што многумина прават на улицата Мислим Шири, делуваше особено значајно,“ вели Доника.

Во 2017, кога Доника започнала да работи на својот перформанс, дознала дека Биа починала. Куќата сè уште беше тука, но Доника не била сигурна уште колку време ќе остане така. „Морав да преземам нешто,“ вели таа, „за да го одржам во живот сеќавањето, пред куќата да се претвори во уште едно кафуле.“

Како дел од нејзиниот перформанс, Доника ги повторила, пред куќата, дневните ритуали за чистење на Доника. Перформансот бил снимен со три безбедносни камери и пренесуван во живо на монитор во изложбениот простор на галеријата Зета во Тирана.

Нејзиниот перформанс имал за цел да ги испита прашањата поврзани со дневниот ритуал на Биа на чистење пред куќата: дали на тој начин Биа покажувала знак на протест кон запоставувањето од страна на градот?  Дали сметала дека просторот пред нејзината куќа е продолжување на нејзиниот личен простор? „Не можеме да ѝ ги поставиме овие прашања. Но, можеме да продолжиме да се запрашуваме за нашиот удел во јавниот простор; значењето на нашите совесни дела; влијанието врз сите нас од прикривањето на нашите ѕидови, бетон или дрва,“ вели Доника.

„Перформансот ќе го одржи во живот културолошкото сеќавање за градот и постапката на Биа како кревок и значаен индивидуален протест.“

Доника Чин

Опстојување

Екстериерот на куќата на Биа е, сè уште, недопрен, дури и пет години после нејзината смрт. Меѓутоа, потребна е дополнителна работа за да изгледа како кога Биа била сè уште жива. Неодамна, Доника презела иницијатива за надополнување на нејзиниот уметнички проект, преку работа на екстериерот на станот, како и негово снимање во 3Д; пред истиот да се претвори во бизнис, како другите приземја во соседството.

За да ја продолжи работата на својот проект, Доника аплицирала за поддршка од уметничката резиденција во Тирана којашто е поддржана од фондови на ЕУ. „Перформансот ќе го одржи во живот културолошкото сеќавање за градот и постапката на Биа како кревок и значаен индивидуален протест,“ вели Доника.

Повикот за престој бил започнат од „Tirana Art Lab – Центар за современа уметност“, „Tallinn Art Hall“ и „ZKM I – Центар за уметност и медиуми“, поканувајќи уметнички практичари и теоретичари да аплицираат за еден од трите престои во Карлсруе, Талин и Тирана.

За проектот

Овие престои се замислени во рамките на долготраен проект, „Beyond Matter“; меѓународен, заеднички и истражувачки проект заснован на пракса, носејќи ги културата и културното наследство до работ на виртуелната реалност. Една од целите на проектот е развивање на нови решенија за пристапна дигитална документација и мрежно претставување на изложби кои моментално постојат или претходно постоеле, во физичкиот простор – вклучувајќи уметнички дела, артефакти и образовни материјали. Проектот е поддржан од програмата „Креативна Европа“ (Creative Europe) на Европската Унија.

Photo credits: Jean-Baptiste Engbland Béranger, Donika Çina

Please wait while your video is being uploaded...

Don't close this window!

Subscribe to the newsletter

I have read and understood the terms of the privacy statement.