Преспа ги исполнува хоризонтите: Истражување на непознати патишта за одржлив развој (Преспа се среќава)
Project Description
Проектот „Преспа ги исполнува хоризонтите: Истражување на непознати патишта за одржлив развој“ придонесува кон одржливиот развој на Преспанскиот регион преку промовирање еко-туризам, заштита и афирмација на културното наследство и зајакнување на прекуграничната соработка меѓу Северна Македонија, Албанија и Грција. Проектот е насочен кон оживување и подобро искористување на локалните културни и природни ресурси, создавајќи нови можности за развој на туризмот и активно вклучување на локалната заедница.
Еден од клучните сегменти на проектот е формирањето на „Караула Хаб“ во Љубојно, замислен како инкубатор за еко-туризам и заеднички простор за поддршка на локалните претприемачи, давателите на туристички услуги и културните иницијативи. Проектот опфаќа и развој на дигитални промотивни алатки, обуки и менторска поддршка за чинителите во туризмот, како и активности насочени кон унапредување на туристичките услуги и развој на одржливи бизнис-модели.
Преку зајакнување на соработката меѓу локалните заедници, институциите и туристичките чинители од трите земји, проектот придонесува за зачувување на уникатниот идентитет на Преспа и за создавање отпорни, одржливи и инклузивни туристички можности во регионот.
Specific Objective
• Да се зачува и вреднува културното, природното и живото наследство на Преспанскиот регион преку иницијативи за одржлив развој.
• Да се поддржи промоцијата, унапредувањето и диверзификацијата на одржливи и еколошки туристички производи и услуги во Преспанскиот регион.
• Да се зајакнат капацитетите на локалните туристички бизниси и претприемачи преку обуки, менторство, финансиска и техничка поддршка.
• Да се унапреди прекуграничната соработка и размена меѓу Северна Македонија, Албанија и Грција преку заеднички активности и активно вклучување на локалните заедници.
• Да се зголеми видливоста и привлечноста на Преспа како одржлива туристичка и културна дестинација.
Expected Results
• Основан и ставен во функција инкубаторот и хабот за екологија и туризам, „Караула Хаб“ во Љубојно, кој ќе го поддржува локалниот туристички развој.
• Развиена дигитална промотивна платформа и веб-апликација за промоција на локалните бизниси, туристичките понуди и можностите за посета на Преспа.
• Унапредени и разновидни еколошки туристички производи и услуги во Преспанскиот регион.
• Зголемени капацитети и вештини на локалните даватели на туристички услуги, претприемачи и други релевантни чинители преку обуки и менторска поддршка.
• Зајакната прекугранична соработка, стратешко планирање и учество на локалните заедници меѓу чинителите од Северна Македонија, Албанија и Грција.
Project map
Photo gallery
PROJECT DETAILS
Северна Македонија
Priority Area:
Економски развој Subsector:
Поддршка на претприемништвото и малите и средни претпријатија Topic:
Локален развој, Граѓанско општество, Прекугранична соработка, Култура, Животна средина Project Status:
Во тек Start Date:
16.05.2024 End Date:
15.05.2027 Website:
https://meetprespa.mk/
EU Project Number:
455-617 







