Route WB6 волонтерскиот караван ќе мине низ осум града во Западен Балкан News | WeBalkans

Новости

Дознај ги најновите информации за активностите на ЕУ и настаните во Западен Балкан

11/03/2022

Route WB6 волонтерскиот караван ќе мине низ осум града во Западен Балкан

Route WB6 волонтерскиот караван тргна на пат! Овој единствен креативен караван е составен од 40 млади европски амбасадори, Route WB6 волонтери и млади новинари од платформата Hajde од целиот Западен Балкан. Како дел од последната фаза од проектот Route WB6, кој ги промовира младинската мобилност, волонтирањето и градењето мир во регионот, караванот има за цел да промовира регионална размена на волонтери и младинско волонтерство низ целиот регион. Волонтерскиот караван на тркала патува во осум градови од регионот во период од една недела каде младите волонтери заедно со локалните партнери ќе се вклучат во активности како што се акции за заштита на животната средина, реставрации, детски креативни работилници, средби и младински совети. Активноста се спроведува во соработка со мрежата на Млади европски амбасадори.

 

Патувањето започна од Подгорица на 9 март, а завршува во Тирана на 15 март. На својот пат волонтерите ќе имаат можност да ги посетат Мостар, Сараево, Копаоник, Приштина и Битола каде што ќе се дружат со своите врсници и ќе придонесуваат во локалните заедници.

 

Еден од Младите европски амбасадори (YEA) вклучен во Route WB6 волонтерскиот караван рече „Како YEAs сме патувале низ Западен Балкан за студиски патувања, прашања што ја засегаат животната средина, сме се дружеле, дебатирале, пееле и играле на фестивали. Многу сум возбуден што сме дел од Route WB6 волонтерскиот караван. Сите се движиме кон иста цел: регион кој ги прифаќа европските вредности. Ајде заедно да му се приклучиме на овој караван, да одиме по истиот пат кој води до помирување и стабилност, како и заедничка европска иднина за регионот.“

Please wait while your video is being uploaded...

Don't close this window!

Subscribe to the newsletter

I have read and understood the terms of the privacy statement.