Дознај ги најновите информации за активностите на ЕУ и настаните во Западен Балкан
Управниот одбор на Европскиот фонд за одржлив развој плус (EFSD+) денес одобри дополнителен пакет од 24 гарантни програми за поддршка на инвестиции во државите за проширување и во соседството. Заедно со трите гарантни програми за поддршка на малите и средни претпријатија во Западен Балкан, одобрени во декември; новите гарантни програми, вредни 2,4 милијарди евра, се очекува да генерираат инвестиции во висина од 17 милијарди евра во приоритетни сектори, вклучително и обновлива енергија, дигитално поврзување и конкурентност на приватниот сектор; и тоа во рамки на Економските и инвестициски планови кои претставуваат начин за испорака на Глобалниот портал во Западен Балкан, како и во Јужното и Источното соседство. Европскиот фонд за одржлив развој плус (EFSD+) е финансискиот орган во чии рамки Инструментот за соседство, развој и меѓународна соработка на ЕУ – Глобална Европа, овозможува гарантни програми за ублажување на ризикот за инвестиции во насока на приоритетите на ЕУ во партнерските држави.
Европските и меѓународни финансиски институции; како, на пример, Европската инвестициска банка, Европската банка за реконструкција и развој и националните банки за развој во ЕУ, заеднички ќе работат со Европската комисија за да овозможат можности за инвестиции, усогласени со водечките планови на Економскиот и инвестициски план, кои се очекуваат да привлечат приватни инвеститори.
По потпишувањето на гарантните спогодби од страна на ЕУ и единаесет европски и меѓународни финансиски институции; како Европската инвестициска банка, Европската банка за реконструкција и развој и националните банки за развој; овие ентитети ќе добијат три години за да генерираат инвестиции во следните сфери: конкурентност на приватниот сектор и агенда за иновации во Западен Балкан, поврзаност на Црното Море со Источното соседство, енергетска транзиција и безбедност во Јужното соседство итн. Се очекува, исто така, гарантните програми на ЕУ да ги зголемат финансиите на банките за малите и средни претпријатија, како и да го зголемат издавањето на зелени обврзници во партнерските држави на ЕУ.
Извор: European Union
Извор на фотографии: European Union
Please wait while your video is being uploaded...
Don't close this window!