Дознај ги најновите информации за активностите на ЕУ и настаните во Западен Балкан
Кампањата „Од нас направено – патување низ ЕУ и Западен Балкан“, финансирана од ЕУ, а до вас доведена од страна на „WeBalkans“, неделава продолжува во Србија. Кампањата за сензибилизација има за цел промовирање позитивна слика за ЕУ меѓу луѓето од Западен Балкан и обратно. Протагонисти на кампањата се 12 млади влогери од ЕУ и Западен Балкан кои ќе патуваат ширум регионот, во парови. Секој пар ќе ги споделува искуствата од патувањето преку креирање сопствена онлајн содржина.
Делегацијата на ЕУ во Србија беше домаќин на медиумски ручек за објавување на почетокот на патувањето во Србија. Г-ѓа Пламена Халачева, шеф на делегацијата на ЕУ во Србија ги пречека влогерите.
Влогерите Јелена Радовановиќ (fluorescentni_producent) од Србија и Џошуа Стеиб (joshua.steib) од Германија, денес поаѓаат на нивното патување. Ќе патуваат седум дена, од 16. до 22. мај, прикажувајќи го најдоброто од Србија, како и инвестиции од ЕУ во регионот. Ќе посетат различни места; вклучително и проекти од доменот на технологија, култура и здравство, поддржани од ЕУ. Меѓу проектите, финансирани од ЕУ, кои ќе ги посетат, се: „Anoris“ – компанија која создаде „паметна ракавица“ за поддржување лица со оштетен вид; институтот „BioSense“ кој е креатор на неколку изуми, вклучително и робот кој помага при земјоделството; и проект во градот Рума кој им помага на младите за нивниот професионален развој и производство на здрава храна.
Кампањата започна на 18. април и ќе трае до 30. мај, а секоја недела фокусот ќе биде ставен на една од шесте партнерски држави од Западен Балкан. Влогерите ќе покријат вкупно 18 проекти, поддржани од ЕУ; 6000 километри со автомобил, и ќе запознаат бројни интересни и инспиративни локалци во текот на патувањето; прикажувајќи ги, истовремено, природните пејзажи, исклучителните обележја и уникатното културно наследство кое го нуди Западен Балкан. Дванаесетте влогери со своја опрема ќе ги снимат искуствата и ќе ги споделат на каналите на социјалните медиуми, трансформирајќи го своето патување во висококвалитетни содржини за социјалните медиуми и Интернет, слики и видеа, кои ќе бидат споделени на каналите на „WeBalkans“.
Please wait while your video is being uploaded...
Don't close this window!