Инклузивно образование за децата во Албанија | WeBalkans | EU Projects in the Western Balkans

Инклузивно образование за децата во Албанија

ЕУ ги поддржува наставниците за претшколска возраст со иновативни практики во училницата.

SCROLL DOWN

Виола е наставничка за претшколско образование. Со години, предавала во одделенија со голем број деца од различно потекло и со различни можности. Вели дека предизвиците се огромни: „Ми беше тешко да ги исполнам различните потреби на децата во одделението. Ја поддржувам идејата за претшколска инклузија и познати ми се придобивките, но ми недостигаа знаења и вештини за инклузивна практика“. И покрај подобрувањата во образовниот систем во Албанија, философијата на инклузија, особено на претшколска возраст, не се промовира доволно. Честопати, наставниците се препуштени сами на себе при справувањето со деца со широк спектар способности за учење, а им се обезбедува многу малку обука.

„Имаше неколку малку интервенции од невладини организации, но немаше холистички пристап за справување со инклузивното образование на претшколска возраст.“

Мирлинда Бушати, специјалист за образование при УНИЦЕФ Албанија

„Инклузивното образование е скоро нова реалност во албанскиот образовен систем; особено на претшколска возраст,“ вели Мирлинда Бушати, специјалист за образование при УНИЦЕФ Албанија. Објаснува дека УНИЦЕФ е во блиска соработка со Министерството за образование во Албанија со цел разработување национална образовна стратегија која ќе вклучи значајна компонента за инклузивно образование, како и за стандарди за наставниците на претшколска возраст. Меѓутоа, и покрај добро сработеното во насока на стратегијата и стандардите, во УНИЦЕФ забележале дека има значен јаз при имплементирањето на стратегијата. „Имаше неколку малку интервенции од невладини организации, но немаше холистички пристап за справување со инклузивното образование на претшколска возраст,“ вели Мирлинда.

Наставниците имаа потреба од практични програми за обука кои поттикнуваат позитивен пристап и најдобри практики за успешна претшколска инклузија. Беа потребни интервенции за осигурување дека наставниците предаваат со добар ритам за оние кои се соочуваат со тешкотии при учењето. Со поддршка од ЕУ, УНИЦЕФ обезбеди помош за Министерството за образование и Агенцијата за осигурување квалитет во предуниверзитетското образование во Албанија со цел развивање инклузивни образовни методологии за претшколска средина.

Исто така, УНИЦЕФ развил и прирачник за обука и, заедно со Агенцијата за осигурување квалитет во предуниверзитетското образование во Албанија, обезбедиле обука за практична имплементација на методологијата за  наставници и директори на училишта. Виола била една од наставниците кои зеле учество во обуката. „Новите алатки со кои се запознавме на обуката ми помогнаа да развијам иновативен пристап и да го подобрам своето предавање. Постепено, започнав да применувам нови стилови на предавање кои се инклузивни за различните начини на учење. Ако сакаме децата да си помагаат едни на други, да прифаќаат, да стапуваат во интеракција и да бидат пријателски настроени – мораме да ги научиме на тоа,“ вели таа.

„Покрај финансирањето од ЕУ, фактот дека секој дел од оваа иницијатива е во согласност со пристапните барања за влез во ЕУ направи поддршката од ЕУ да биде уште позначајна за соработката со Владата и институциите.“

Мирлинда Бушати, специјалист за образование при УНИЦЕФ Албанија

Годинава, методологијата за претшколско инклузивно учење беше акредитирана од Министерството за образование на Албанија. Според Мирлинда, ова е важен исчекор: „Ова значи дека сега сите наставници можат да ја применуваат методологија која обезбедува квалитетно инклузивно образование,“ вели таа.

Фактот дека проектот поддржан од ЕУ има огромно значење во овој контекст. „Покрај финансирањето од ЕУ, фактот дека секој дел од оваа иницијатива е во согласност со пристапните барања за влез во ЕУ направи поддршката од ЕУ да биде уште позначајна за соработката со Владата и институциите,“ вели Мирлинда.

За проектот

Промовирањето инклузивно образование е дел од програмата „Ублажување на влијанието на КОВИД-19 врз животите на децата и родителите во Западен Балкан и Турција“, имплементирана од УНИЦЕФ, а финансирана од ЕУ преку Генералниот директорат за соседска политика и преговори за проширување на Европската комисија („DG NEAR“). Преку оваа програма, во вредност од 5 милиони евра, 490000 деца и родители, ширум просторот опфатен со програмата, се очекува да имаат подобар пристап до јавните услуги за промовирање ран детски развој, образование, здравје и заштита како дел од закрепнувањето од КОВИД-19.

Photo credits: Unicef

Please wait while your video is being uploaded...

Don't close this window!

Subscribe to the newsletter

I have read and understood the terms of the privacy statement.