Ценети артефакти на изложба во ценет објект | WeBalkans | EU Projects in the Western Balkans

Ценети артефакти на изложба во ценет објект

Проект, финансиран од ЕУ, помогна отоманска палата да се претвори во културен ресурс за локалното население и посетителите во предел помеѓу Косово и Северна Македонија.

SCROLL DOWN

Свадбен ковчег стар преку двесте години, традиционален костум, чевларски и сребрарски алатки, како и бројни други историски артефакти сега можат да бидат видени од посетителите на етнолошкиот музеј Гнилане, во источно Косово. Сместени се во зграда позната, од мештаните, како Хусеин Пашина Палата затоа што била изградена од Хусеин Паша Милла; еден од водечките отомански администратори во регионот. Била изградена во 1887 година и неколку децении употребувана како семеен дом, сè до нејзината конфискација од југословенската влада после Втората светска војна и нејзино неколку децениско користење како училиште.

Денес, палатата е едно од највпечатливите архитектонски парчиња од отоманската ера во Косово. Особено, нејзините резбани тавани коишто од неа прават уникатно место за посета, но, до неодамна, нејзината намена како музичко училиште значеше дека посетителите имаа ограничен пристап до неа. Ваквата ситуација се променила со иницијатива на општината Гнилане и поддршка на ЕУ.

„Бидејќи немавме посебно место, моравме да ги изложуваме нашите археолошки и етнолошки артефакти во националниот музеј во главниот град.“

Ѓилшен Доко Бериша, раководител на музеите во Гнилане

Нова музејска зграда за културно наследство

Градот Гнилане и околното подрачје изобилуваат со археолошки и етнолошки артефакти, но, до пред пет години, немало посебен простор за нивно изложување. „Бидејќи немавме посебно место, моравме да ги изложуваме нашите археолошки и етнолошки артефакти во националниот музеј во главниот град,“ вели Ѓилшен Доко Бериша, раководител на музеите во Гнилане.

Ситуацијата се променила во 2016 со отворањето на археолошкиот музеј, а понатаму била подобрена и со отворањето на етнолошкиот музеј, со поддршка на ЕУ.

Ѓелза Адеми била координаторка на проектот, финансиран од ЕУ, за прекугранична соработка со фокус на зголемување на вредноста на културното и природно наследство, кој ја овозможил реновацијата на зградата и отворањето на етнолошкиот музеј. Таа објаснува дека општината Гнилане има значаен број посетители ширум годината; особено оние од дијаспората кои редовно го посетуваат градот еднаш или двапати годишно. „И покрај богатото културно и природно наследство, можевме само малку да им понудиме на посетителите,“ вели Ѓелза.

На иницијатива на општината и во соработка со општината Куманово, од другата страна на границата, во Северна Македонија, одлучиле да создадат подобра туристичка атракција. Повикот за прекугранична соработка помеѓу Косово и Северна Македонија бил одлична прилика за ваквата иницијатива, бидејќи и двете општини имале недостаток на средства и експертиза. 

„Општината Гнилане, во минатите години, искористила неколку проекти финансирани од ЕУ; како и со овој, без поддршка на ЕУ, би било навистина тешко да се имплементираат овие активности.“

Ѓелза Адеми, координаторка на проектот „Зголемување на вредностите на културното и природно наследство“

Со поддршка на ЕУ, двете партнерски општини успеале да ја реставрираат старата зграда и да ја адаптираат за да може да се пренамени во Етнографски музеј, да изградат амфитеатар и да креираат простор за фудбал, кошарка и тенис во Куманово. Дополнително на инфраструктурните подобрувања, проектните партнери креирале и онлајн платформа со сите информации поврзани со туристичките оператори и даватели на услуги; како и дополнителни активности за промоција на прекуграничниот регион како туристичка дестинација. „Општината Гнилане, во минатите години, искористила неколку проекти финансирани од ЕУ; како и во овој случај, без поддршка на ЕУ, би било навистина тешко да се имплементираат овие активности,“ вели Ѓелза Адеми.

За проектот

Целта на проектот за прекугранична соработка “Зголемување на вредноста на културното и природно богатство“, финансиран од ЕУ, беше да донесе инвестиции и да го промовира прекуграничниот предел како туристичка дестинација, да ги зголеми вредностите на културното и природно наследство преку зачувување и реставрација на стара зграда и да понуди традиционални културни настани во прекуграничниот предел.

Резултатите на проектот вклучуваат зачувување и реставрација на локалитети за културно наследство, изградба на локации за спорт и зголемена промоција на културното наследство. Целокупната вредност на проектот изнесуваше преку 477000 евра и истиот беше завршен во рок од 20 месеци.

Photo credits: “Enhancement of cultural and natural heritage values” project

Please wait while your video is being uploaded...

Don't close this window!

Subscribe to the newsletter

I have read and understood the terms of the privacy statement.