Традицијата, модата и уметноста сочинуваат бизнис | WeBalkans | EU Projects in the Western Balkans

Традицијата, модата и уметноста сочинуваат бизнис

Жена од Рожаје, Црна Гора, ги меша традицијата, модата и уметноста за да започне нов бизнис.

SCROLL DOWN

Игбала Муриќ, 49 години, живее во малото гранично гратче Рожаје во Црна Гора. Уште од рана возраст уживала да шие традиционални ткаенини како постелнина, облека и салфети. Веќе во средношколските денови била одлучна дека со помош на своите шивачки способности ќе изгради професионална кариера. Имајќи ја согласноста на своите родители, се запишала во стручно средно училиште за текстилно производство.

Подоцна, во животот, работела како кројачка во компании во Црна Гора и Турција, но ваквата работа не вклучувала традиционални изработки. „Ми недостигаше работата на традиционална облека и ткаенини. Нашите традиционални облеки се уникатни и убави, а истовремено се и дел од нашето културно наследство“, вели таа.

Игбала отсекогаш сакала да направи нешто за зачувување на традиционалното текстилно наследство. Нејзината замисла била да основа свој бизнис специјализиран во доменот на нејзините омилени традиционални облеки. Но, за да го направи тоа, ѝ била потребна финансиска поддршка, како и знаење за отпочнување и управување со бизнис. Времето поминувало, но таа не била во можност да отпочне со нешто што би било одржливо.

„Нашите традиционални облеки се уникатни и убави, а истовремено се и дел од нашето културно наследство“

Игбала Муриќ

Наоѓање соодветна поддршка

Во 2019 година, Игбала дознала за проектот „Занаетчија“ (Craftsman), дел од ИПА програмата за меѓугранична соработка Србија – Црна Гора 2014 – 2020, финансирана од Европската Унија. Проектот нудел поддршка за жени и млади во регионот Рожаје во Црна Гора и Сјеница во Србија. Ја регистрирала својата компанија и се пријавила за поддршка. Учествувала во тренинг програма за бизнис менаџмент, добила нова машина за шиење и станала дел од претприемничкиот свет. Проектот обезбедил поддршка за повеќе од 90 индивидуи како Игбала преку нивно инволвирање во програмата за тренинг и менторирање.

Како резултат на поддршката, од почетокот на годината, таа го зголемила своето производство и планирала да вработи и други жени; сè додека нејзините планови не биле нарушени поради пандемијата. „Обично, работев на рачни изработки. Поддршката од проектот ми овозможи прилика да го проширам својот бизнис, да го зголемам производството и да продавам во останатите делови на Црна Гора“, вели таа.

„Поддршката од проектот ми овозможи прилика да го проширам својот бизнис, да го зголемам производството и да продавам во останатите делови на Црна Гора“

Игбала Муриќ

Помагање на традиционалните бизниси

Микро, малите и средни претпријатија играат клучна улога во вработувањето на разновидна работна сила и генерирање профит за локалните заедници во Црна Гора и Србија. Под раководството на локалните авторитети, проектот иницирал соработка помеѓу средните стручни училишта од целните општини и тоа со цел обновување на интересот за традиционалните бизниси како, на пример, рачните изработки.

Проектот создал нови работни места за ранливите категории на население; вклучувајќи ги младите и жените, нудејќи им ја помошта која им била потребна во поглед на бизнис знаење, поддршка за млади бизниси во зачеток, тренинг и менторирање. Дополнително, проектот обезбедил и специјализирани занаетчиски алатки за средните училишта во Рожаје и околината на Сјеница во Србија, ставени на располагање не само на учениците туку и на други потенцијални претприемачи.

Амела Ковачевиќ Календер, проектна менаџерка, вели: „Општината Рожаје со гордост го поддржува локалниот економски развој, со фокус на создавање нови работни места и претприемништво. Нашата цел е да ги охрабриме луѓето да ги остварат своите идеи и да покажеме дека дури и малите иницијативи можат да имаат значајно влијание врз локалната економија.“

Партнерите за имплементација на проектот се Општините Рожаје и Сјеница, во соработка со двете стручни средни училишта во овие градови. Проектот „Занаетчија“ („Craftsman“) е дел од ИПА програмата за меѓугранична соработка Србија – Црна Гора 2014 – 2020, финансиран од Европската Унија.

Photo credits: Igbala Murić

Please wait while your video is being uploaded...

Don't close this window!

Subscribe to the newsletter

I have read and understood the terms of the privacy statement.