Српските училишта се подготвуваат за дигиталното доба | WeBalkans | EU Projects in the Western Balkans

Српските училишта се подготвуваат за дигиталното доба

Училиштата во Србија преминуваат кон дигитално образование со поддршка на Европската инвестициска банка.

SCROLL DOWN

Затворањето на училиштата и универзитетите поради Коронавирусот погоди повеќе од 90% од светската ученичка популација во 194 држави.

Владите мораа брзо да реагираат и да воспостават далечинско учење; повеќето усвојувајќи онлајн програми за учење. На овој начин, кризата го потенцира дигиталниот јаз не само помеѓу државите, туку и во нивната внатрешност; како и светската потреба за дигитална трансформација на образовната инфраструктура. Европската инвестициска банка (ЕИБ) со задоволство ја поддржа Србија на овој пат, а помошта на Банката значи дека сите училишта во Србија ќе бидат дигитализирани до крајот на 2021.

„Подобра дигитална инфраструктура ја подобрува ефикасноста на училиштето во итни случаи.“

Изабел Стофел

Проект кој навремено ги задоволува потребите

Кога Србија прогласи затворање во март 2020, часовите се преселија од училница на телевизиско плато. Министерството за образование, наука и технолошки развој започна да емитува образовни содржини, за основците и средношколците, на српските јавни државни телевизиски канали.

Како многу други држави, Србија мораше сталожено да размисли и да се адаптира на „новото нормално“ преку креирање специјализирани содржини за различни одделенија. Меѓутоа, Србија ги подготвуваше дигиталните едукативни содржини од пред веќе две години. Министерството за трговија, туризам и телекомуникации заедно со Министерството за образование, започнаа со имплементација на нивниот проект „Поврзани училишта“ во 2019, со целосна проценета вредност од 111 милиони евра. Пред овој проект, имаше 2000 дигитално опремени училници низ Србија, но во 2019 бројот се искачи на преку 10000. Според Евростат, нивото на индивидуални дигитални вештини во Србија пораснало од 32% во 2015 на 46% во 2019. 

 

„До крајот на следната година, повеќе од 1800 поголеми училишта ќе бидат покриени со пристап до брз безжичен Интернет.“

Милан Добријевиќ

Лани, во ноември, ЕИБ одлучи да го поддржи овој проект со заем од 65 милиони евра. Денес, проектот ги модернизира основните и средни училишта во Србија со нова дигитална опрема и вмрежување. На овој начин, инвестицијата на ЕИБ ќе ја поддржи државната образовна стратегија на Србија и ќе придонесе за раст на продуктивноста, вработување на младите и развој на способноста за иновација на државата.

„Пандемијата КОВИД-19 и општествените рестрикции предизвикаа строг застој во образовниот процес и систем. Овие невидени околности покажаа дека подобрата дигитална структура ја подобрува ефикасноста на училиштето во состојба на итни случаи,“ вели Изабел Стофел (Isabelle Stoffel), висок службеник за заеми при ЕИБ, кој работеше на договорот.

Милан Добријевиќ го предводи секторот за дигитална агенда на Министерството за трговија, туризам и телекомуникации на Србија и работи на проектот уште од самиот зачеток. „До крајот на следната година, повеќе од 1800 поголеми училишта ќе бидат покриени со пристап до брз безжичен Интернет, додека останатите далечински ќе се поврзат со користење на мобилни широкопојасни единици,“ вели тој.

Покрај дигиталната инфраструктура, проектот инвестира во обука на наставници на национално ниво. Вкупно, околу 50000 наставници од целата држава ќе ги подобрат своите дигитални вештини преку оваа обука. Почнувајќи од следната година, компјутерските науки ќе станат задолжителен предмет за првооделенците додека, пак, програмирањето ќе се воведе во трето одделение.

Во врска со Европската инвестициска банка (ЕИБ)

Европската инвестициска банка е органот за кредитирање на Европската Унија. ЕИБ е најголемата мултилатерална финансиска институција во светот и еден од најголемите обезбедувачи на климатско финансирање и инвестирање во одржлива иднина за сите нас.

 

This is an adaptation of an article published by the European Investment Bank. Read the original article

 

 

Photo credits: European Investment Bank

 

Please wait while your video is being uploaded...

Don't close this window!

Subscribe to the newsletter

I have read and understood the terms of the privacy statement.