Заживување на литературното наследство на Албанија | WeBalkans | EU Projects in the Western Balkans

Заживување на литературното наследство на Албанија

Напредната технологија финансирана од ЕУ ги отвора вратите за скапоцените литературни богатства во Албанија

SCROLL DOWN

Центарот „Сотир Колеа“ во Тирана го носи името на реномирана личност од албанската култура. Работејќи на позицијата директор на Националната библиотека на Албанија од 1928 до 1937 година, тој одигра клучна улога во обликувањето на темелите на библиотекарството во Албанија. Дополнително, тој значително ги прошири збирките на библиотеката со албанолошки материјали. Сместен во историски значајно здание, Центарот „Сотир Колеа“ има двојна важност. Во 1912 година, по прогласувањето на независноста во Валона, токму тука за прв пат во Тирана беше истакнато албанското знаме. Последователно, во 1920 година, ова место послужи како место за основање на Тирана како нов главен град и формирање на инаугуративната влада по Конгресот на Лушња.

Низ годините, центарот функционираше како „Анекс“ на Националната библиотека, каде се сместени стотици илјади книги, од кои многу беа конфискувани од поединци и институции за време на комунистичката ера во Албанија. Денес, по обемните реновирања, оваа богата книжевна ризница конечно е достапна за јавноста

“Ова се книги кои никогаш не биле достапни за јавноста. Тие се чувани под најразлични услови, но сега им се достапни на читателите. Ова е значаен настан, многу важен за секого.”

Пиро Миша, Директор на Националната библиотека

Центарот Сотир Колеа, порано познат како анекс на Националната библиотека, претрпе големи оштетувања за време на земјотресот во 2019 година. Благодарение на поддршката на албанската влада и UNOPS преку проектот EU4 Culture, финансиран од ЕУ, библиотеката е ревитализирана. Албанскиот национален библиотечен фонд сега може да се пофали со најсовремена опрема вредна 668.922 евра, која опфаќа сервери, скенери за книги и баркодови, лаптоп компјутери, таблети, специјализирани правосмукалки за прашина и за книги, средства за дезинфекција, комори за одвлажнување, како и машини за чистење и одкиселување книги. Оваа технологија ќе игра клучна улога во зачувувањето на богатата култура и наследство на Албанија, истовремено овозможувајќи книгите ќе бидат достапни на интернет.

На почетокот на летото, библиотеката беше официјално повторно отворена и прими угледни посетители, меѓу кои и Нејзината екселенција, Министерката за култура г-ѓа Елва Маргарити, Нејзината екселенција,Амбасадорката на ЕУ во Албанија, г-ѓа Кристијане Хоман, Регионалниот менаџер на UNOPS во Албанија, г-ѓа Памела Лама, заедно со други експерти од областа и претставници на медиумите. Директорот на Националната библиотека г. Пиро Миша срдечно им посака добредојде и направи обиколка низ извонредните простории на библиотеката, при што ја прикажа новата опрема и ги откри нејзините функционалности за гостите и претставниците на медиумите. Директорот Миша забележа: „ Ова се книги кои никогаш не биле достапни за јавноста. Тие се чувани под најразлични услови, но сега им се достапни на читателите. Ова е значаен настан, многу важен за секого.”

” Оваа опрема ги гарантира највисоките стандарди во зачувувањето и реставрацијата на книгите, ќе ја подобри ефикасноста преку овозможување третман на поголем обем на книги во пократок временски рок и ќе го прошири пристапот до збирките за истражувачите, научниците и пошироката јавност. Дополнително, опремата поставува преседан за пофалба за другите библиотеки и архиви низ целата земја.”

Памела Лама, Регионален менаџер на UNOPS за Албанија

Памела Лама, Регионален менаџер на UNOPS за Албанија, ја пренесе својата благодарност до Европската делегација во Албанија за изборот на UNOPS како доверлив партнер во спроведувањето на овој проект и го пофали Министерството за култура за нивната продуктивна соработка. Таа изјави: „Оваа опрема ги гарантира највисоките стандарди во зачувувањето и реставрацијата на книгите, ќе ја подобри ефикасноста прекуовозможување третман на поголем обем на книги во пократок временски рок и ќе го прошири пристапот до збирките за истражувачите, научниците и пошироката јавност. Дополнително, опремата поставува преседан за пофалба за другите библиотеки и архиви низ целата земја “,нагласи г-ѓа Лама.

За проектот

Проектот EU4Culture е финансиран од Европската унија (EU) и го спроведува Канцеларијата на Обединетите нации за проектни услуги (UNOPS) во тесно партнерство со Министерството за култура на Албанија. Фокусот на проектот е на реновирање и ревитализација на главните објекти на културно наследство оштетени од земјотресот и претставува една од најголемите програми за културно наследство финансирани од Европската Унија со вкупен буџет од 40 милиони евра.

EU4 Culture

Photo credits: EU4 Culture

Please wait while your video is being uploaded...

Don't close this window!

Subscribe to the newsletter

I have read and understood the terms of the privacy statement.