По патот на римските императори | WeBalkans | EU Projects in the Western Balkans

По патот на римските императори

Проект, финансиран од ЕУ, повторно го враќа римското наследство од Западен Балкан во центарот на внимание на посетителите.

SCROLL DOWN

Дали знаевте дека помеѓу вториот и четвртиот век, политичкиот центар на Римското Царство не бил Рим туку Илирик? Ова било името на земјата која се протегала од западната граница на денешна Грција до Алпите на запад и од реката Дунав на север сè до Јадранското Море, вклучувајќи ја и денешната територија на Западен Балкан.

Богатото римско наследство во Западен Балкан не им е целосно познато на посетителите. Но, проект, финансиран од ЕУ, нуди дигитална платформа која изложува локации во Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Северна Македонија со цел привлекување на туристи во регионот.

„Доколку ја посетите Диоклеја, во близина на Подгорица, најверојатно ќе ви треба сместување и храна, а можеби ќе сакате да ги посетите и околните места. Затоа, во пакетот вклучивме ресторан, хотел и природни атракции.“

Данко Косиќ

Античкиот Рим во виртуелна реалност

Регионалната невладина организација – „Danube Competence Centre (DCC)“, успешно ја отпочнала Рутата на римските императори и дунавско вино. Притоа, им пристапиле од мрежата за соработка – Регионален совет за соработка, финансирани од ЕУ, за да развијат слична рута во Западен Балкан. Целта била да развијат рута во помалку познат дел на Балканскиот полуостров за посетителите кои сакаат да искусат нешто ново. Според „Danube Competence Centre (DCC)“, неодамнешните анкети покажуваат дека скоро 40% од севкупното туристичко патување спаѓаат во категоријата на културен туризам. Меѓутоа, Западен Балкан и подружницата Илирик на Рутата се релативно непознати помеѓу европските туристички оператори и туристи.

Данко Косиќ е координатор на проектот. Тој објаснува дека девет археолошки локации биле избрани за вклучување во Рутата Илирик. Тука спаѓаат античкиот град Стоби во Северна Македонија, Аполонија во Бутринт – Албанија и Диоклеја во Црна Гора.

Проектот изработил пакет виртуелни тури кои ги вклучуваат сите назначени локации. Главниот елемент на промотивниот пакет за секоја археолошка локација е виртуелна тура, вклучително и аудио толкување. Но, како што Данко објаснува: „Доколку ја посетите Диоклеја, во близина на Подгорица, најверојатно ќе ви треба сместување и храна, а можеби ќе сакате да ги посетите и околните места. Затоа, во пакетот вклучивме ресторан, хотел и природни атракции.“

„Со овој проект сакаме да го пренесеме римското наследство од Западен Балкан, во сиот свој сјај, на компјутерските екрани и, се надеваме, на овој начин, да ги поттикнеме луѓето да го посетат.“

Данко Косиќ

Покрај промотивните пакети за секоја локација, рутата ќе биде достапна и на сајтот https://romanemperorsroute.org за посетителите кои сакаат да го истражат регионот. Патеката Илирик ќе биде трансформирана во функционална платформа за презентација и соработка помеѓу клучните локации на наследство и засегнатите страни како, на пример: туристички агенции и бизниси.

Според Данко, туристичките посредници, агентите и туроператорите се старомодни. Современиот патник ги избира местата за посетување, го резервира сместувањето и превозот онлајн. Локациите и државите кои сакаат да станат или останат конкурентни на пазарот мораат да поседуваат напредни онлајн промотивни пакети. „Токму ова сакаме да го постигнеме преку нашиот проект. Да го пренесеме римското наследство од Западен Балкан, во сиот свој сјај, на компјутерските екрани и, се надеваме, на овој начин, да ги поттикнеме луѓето да го посетат,“ вели Данко.

За проектот

Проектот за туристички развој и промоција, финансиран од ЕУ, а имплементиран од Советот за регионална соработка, е вреден 5 милиони евра. Истиот стреми кон развивање и меѓународно промовирање на заеднички понуди за регионален културен и авантуристички туризам, зголемување на бројот на туристи кои ги посетуваат шесте држави во Западен Балкан и проширување на нивниот престој во регионот. Втората тура грантови – секој во вредност од 54 илјади евра, беше доделена во октомври 2019. „Danube Competence Centre (DCC)“ е меѓу 16-те добитници на грант во втората тура.

 

Photo credits: Danube Competence Centre

Please wait while your video is being uploaded...

Don't close this window!

Subscribe to the newsletter

I have read and understood the terms of the privacy statement.