Запознајте ја познатата Мечка од Црна Гора | WeBalkans | EU Projects in the Western Balkans

Запознајте ја познатата Мечка од Црна Гора

Драгоценото живеалиштето на кафеавата мечка се протега низ Црна Гора и Босна и Херцеговина. Работејќи во прекуграничен проект, научниците стекнале нови сознанија за овие иконски суштества.

SCROLL DOWN

Борко има само пет години, но веќе е славен во Црна Гора. Лани, бил на сите црногорски медиуми и, сè уште, е набљудуван 24 часа на ден; исто како лик во ТВ реално шоу. Борко е мечка и, поради научни причини, е под надзор како дел од проектот „Bear in Mind“ финансиран од ЕУ.

Борко бил фатен пред една година кога тимот научници од проектот му ставиле ланче со GPS-трекер и сателитски предавател пред веднаш да биде ослободен. Предавателот се состои од картичка која испраќа дури седум пораки дневно до контролниот центар, обезбедувајќи ги координатите на Борко. На овој начин, проектниот тим може да дознае повеќе за неговите движења, исхрана и други навики.

„Претходниот ден, осумпати го преплива езерото Плива кое е огромно езеро. Не бевме свесни дека млада мечка е способна за тоа.“

Јасмин Муриќ

Јасмин Муриќ е координатор на проектот. Ги опишува изненадувањата што ги доживеале од движењата на Борко:  „Претходниот ден, осумпати го преплива езерото Плива кое е огромно езеро: одличен пливач е. Не бевме свесни дека млада мечка е способна за ова,“ вели тој. Опишува уште една карактеристична навика на Борко: поголем дел од времето го поминува во длабочините на кањонот на реката Сушица; можеби барајќи засолниште од студените зими, каде што воздушните струења се послаби.

Прекугранична работа

Бројот на мечки во пределот каде што живее Борко е далеку од минимумот одржлива популација, а се соочува и со бројни човечки закани. Ова се должи на тоа што Јасмин го опишува како претерана перцепција на ризик од напад на мечки, губење на живеалиштата поради урбанизација и климатски промени. Фрагментираното прекугранично управување било, исто така, проблем во минатото. Но, мечките не знаат за граници и затоа е особено важно партнерството со организации во Босна и Херцеговина; со цел споделување искуства и развивање заеднички планови. Со прекуграничната работа за набљудување мечки и управување со нивното живеалиште, Јасмин знае дека Борко и неговото пошироко семејство ќе бидат подобро.

Со помош на податоците од GPS-трекерот на Борко, тимот на Јасмин работи на развивање интензивен десетгодишен план за управување којшто ќе обезбеди стратешки приод за подобра заштита на овој животински вид и нивното окружување. На пример, доколку Борко редовно ја напушта заштитената зона на Националниот парк Дурмитор, би можеле да предложат проширување на територијата на паркот. Ако забележат дека оди кон селата, би можеле да работат на мерки за зголемување на совеста меѓу локалното население за да се осигурат дека на мечките не им претстои опасност од стапици.  Со прекуграничната работа за набљудување мечки и управување со нивното живеалиште, знам дека Борко и неговото пошироко семејство ќе бидат подобро.

„Со прекуграничната работа за набљудување мечки и управување со нивното живеалиште, знам дека Борко и неговото пошироко семејство ќе бидат подобро.“ 

Јасмин Муриќ

Градење добри резултати

Овој проект не е само за Борко или кафеавата мечка. Тимот планира да фати и означи две локални видови птици – еребица камењарка и мал тетраб. На сличен начин, ова би помогнало да се добијат значајни сознанија за подобро да се разберат нивните навики и движења.

Денес, Борко хибернира во своето дувло. Јасмин и неговиот тим очекуваат да се разбуди при крајот на април кога со нетрпение ќе очекуваат да продолжат со неговото следење.

Јасмин објаснува дека информациите за видот на живеалиште кое мечките го користат за хибернација, како и времето поминато во зимски сон и моментот на излегување од истиот, се важни исто така. „Овие податоци можат да бидат значајни за нас за да дојдеме до одредени заклучоци за тоа како менувањето на климата се поврзува со сезонските навики на мечката.“

За проектот

Проектот „Bear in Mind“ е имплементиран од Центарот за заштита и истражување на птици од Црна Гора во соработка со партнерски организации од Босна и Херцеговина. Проектот е финансиран од ЕУ во рамки на ИПА програмата за Прекугранична соработка 2014 – 2020.

Photo credits: Centre for the Protection and Research of Birds

Please wait while your video is being uploaded...

Don't close this window!

Subscribe to the newsletter

I have read and understood the terms of the privacy statement.