Aко навистина сакаш, можеш и да успееш | WeBalkans | EU Projects in the Western Balkans

Aко навистина сакаш, можеш и да успееш

Кариерата на млада црногорска актерка се развива благодарение на драмата “Капитал“, финансирана од ЕУ.

SCROLL DOWN

Јелена, 22 години, уште од мала возраст била наклонета кон уметноста, особено кон глумата. На училиште, редовно учествувала во активности поврзани со драма и глумење. Но, во тој период, сè уште не знаела дека, во моментот кога ќе треба да ја избере својата професионална кариера, оваа радост ќе биде извор и на компликации.

Во средно, глумата станала нејзина вистинска пасија и започнала сериозно да размислува за неа како животна професија. Нејзиното семејство и дел од пријателите ја советувале дека изборот на глума како професија може да биде ризичен. “Ми рекоа дека во глумата нема пари и дека не може да се живее само од љубовта за уметноста. Мислам дека има одредена вистина во ова, но, исто така, мислам дека ако сакаш нешто, ако си посветен и работиш со љубов – тогаш можеш и да успееш“, вели таа.  Посекако, Јелена се сомневала дали воопшто ќе може да го положи приемниот испит на Факултетот за драмска уметност. Направила резервни планови во случај да не го положи испитот. Во меѓувреме, напорно работела на подготовките за приемниот. За среќа, првичниот план успеал и била примена на Факултетот за драмска уметност.

“Ако сакаш нешто, ако си посветен и работиш со љубов – тогаш можеш и да успееш“

Јелена Лабан, актерка

Голема работа

Но, како што вели самата “тоа не било среќниот завршеток“, бидејќи предизвиците за актерот не завршуваат со самото запишување на факултет. Била свесна дека мора напорно да работи и учи, за што и била подготвена. Но, не била нималку сигурна дека напорната работа би имала видливи резултати во смисла на успешна кариера и финансиска стабилност.  Посекако, додека била прва година, добила покана за аудиција за претстава или, како што таа вели, перформанс. Претставата се развивала како дел од проектот “EU Collective Plays!“, финансиран преку програмата на ЕУ “Creative Europe“. Неколку месеци подоцна, ја информирале дека е прифатена. Ова било нејзината прва претстава.  Необично е за студенти од прва година да играат во претстава, уште помалку во претстава која е дел од меѓународен перформанс. “Ова беше навистина голема работа!“ вели Јелена.

 

“Се работи за моќен перформанс, со многу музика, кој претставува бројни различни перспективи за секоја тематика или проблем. Оттука, некои луѓе беа шокирани, некои воодушевени, некои плачеа, а некои се смееја.“

Јелена Лабан, актерка

Отворање можности

Насловот на перформансот бил Капитал, а идејата на претставата била да преиспита сè – од теории кои луѓето ги прифаќаат како вистини, па сè до сиромаштија, официјални статистики за конзумеристичкото општество и национални дебати.  “Бев возбудена. Најпрво, добив прилика да работам со познатиот режисер Андрас Урбан. Беше различно од класичен театар, па работата со него ме научи дека класичниот театар не е единствениот вид театар. Постојат бројни други начини како може да им се пристапи на актуелните тематики и проблеми, а не само преку книги и претстави“, вели таа.

Ансамблот многу пропатувал со претставата, како во, така и надвор од Црна Гора, а како резултат, Јелена била поканета на други аудиции и добила понуди за изведба во други претстави.  Покрај Капитал, имало и други перформанси развиени од партнерските земји на проектот на ЕУ “EU Collective Plays!“. Проектните партнери формирале девет меѓународни драматуршки групи и создале девет оригинални претстави, напишани во заедничка соработка.

Капитал добил позитивна критика и широко прифаќање од публиката во градовите каде што била изведбата. “Се работи за моќен перформанс, со многу музика, кој претставува бројни различни перспективи за секоја тематика или проблем. Оттука, некои луѓе беа шокирани, некои воодушевени, некои плачеа, а некои се смееја“, вели Јелена.

Можеби некаде во публиката се најде некое друго девојче, со широко отворени очи и маѓепсано од театарската магија почна да верува дека кога навистина сакаш нешто, можеш и да успееш.

Проектот “EU Collective Plays!“ промовира меѓународна соработка помеѓу драматурзи, театарски организации и заедници од различни националности со цел создавање и реализирање колективни претстави. Проектот промовира, исто така, и млади драматурзи, нивната кариера, како и нивно европско и светско признавање. Проектот експериментира со проширување на театарската публика и тоа преку дифузија на најразлични работилници, шоуа и едукативни лаборатории.

Photo Credits: Duško Miljanić, Studio Spektroom

Please wait while your video is being uploaded...

Don't close this window!

Subscribe to the newsletter

I have read and understood the terms of the privacy statement.