Девојчиња ја дизајнираат својата иднина во ИКТ | WeBalkans | EU Projects in the Western Balkans

Девојчиња ја дизајнираат својата иднина во ИКТ

Растечки можности за младите во растечки сектор: тренинг програма, поддржана од ЕУ, помага во започнувањето на косовските технолошки кариери.

SCROLL DOWN

Високата невработеност во Косово е постојан проблем и реалност која особено ги погодува младите: скоро половина од младата популација, под 24 години, не е во работен однос и многумина бараат можности во странство. Меѓутоа, една 20 годишна графичка дизајнерка одбила да се предаде на оваа сурова реалност и се посветила на својата прва прилика.

„Работев случајно најдена работа кога ми се јавија од една ИКТ стартап компанија и ми понудија да се вклучам во краткорочен проект. Кога проектот беше успешно завршен, во рамки на предвидениот рок, се отвори патот за постојано вработување и, до ден денес, сè уште работам тука,“ вели Арбра Шала, постојано вработена во „АмамСтудио“ (AmamStudio) во Приштина.

„Уживам во мојата креативна средина која ми овозможува да го илустрирам светот онака како што го гледам.“

Арбра Шала, графичка дизајнерка во „АмамСтудио“

Пазарно-ориентирано професионално менторство во училиштата

Процесот на учење нови вештини се забрзал во текот на последните две години за Арбра којашто ги комбинира следењето настава за графички дизајн на факултет и работата со клиенти во студиото. Нејзината одлучност не останала незабележана додека ја следела тренинг програмата каде што нејзиниот сегашен работодавец бил и нејзин ментор.

Покрај останатите средношколци, Арбра била дел од деветмесечен тренинг, специјално дизајниран за вештини од доменот на Информациски и комуникациски технологии (ИКТ), кој вклучувал графички дизајн, дизајн на движење, социјални медиуми и мулти-медиуми. Училиштето во кое се запишала е едно од двете стручни средни училишта кои користат програма, финансирана од ЕУ, а спроведена од Центарот за иновации во Косово (ЦИК).

По успешното завршување на обуката, учениците биле испратени да добијат директно искуство преку стажирање, а многумина од нив биле и вработени во добро утврдени компании. „Тука уживам во мојата креативна средина која ми овозможува да го илустрирам светот онака како што го гледам. Во секој дизајн или, пак, илустрација, има елементи на увеличување кои ме дефинираат,“ вели Арбра за својата работа.

Вклучување на повеќе жени

Во традиционално машки доминиран сектор, зголемувањето на бројот на жени во ИКТ е важен аспект; не само затоа што разноликоста во работната сила е значајна за бизнисот, туку на тој начин и самиот сектор нуди повеќе можности. ИКТ е еден од најперспективните сектори за економски развој во Косово. Тренинг програмите кои ги нуди Центарот за иновации во Косово се особено важни и барани, со зачудувачки резултати до сега.

Шеесет и едно девојче од вкупно 205 ученици и 30 наставници во стручното образование и училиштата за обука во Приштина и Призрен зеле учество во тренинг програмата. Истата им овозможила на 51 возрасен да најдат работа во ИКТ – сектор во раст кој нуди зрак надеж за младите генерации да можат да го отклучат својот потенцијал дома и да придонесат за посветла иднина на државата. Покрај развивањето вештини, проектот придонел за збогатување на претприемничкиот екосистем, поддржувајќи 70 стартап компании и компании со прилагодени консултантски услуги и услуги за инкубација во центарот.

„Искрено верувам дека графичкиот дизајн може да биде моето професионално занимање.“

Арбра Шала, графичка дизајнерка во „АмамСтудио“

Вештини кои се бараат

„Програмата имаше големо влијание затоа што овие вештини навистина се барани,“ вели Дорина Грезда од Центарот за иновации во Косово. „Овозможивме младите да се стекнат со неопходни вештини и истите да ги стават во пракса преку стажирање. На тој начин, ги зголемивме нивните шанси за вработување и самовработување, а младите добија можност да ги земат предвид ИКТ како кариерен пат.“

Мешавината од вештини се покажала како успешна стратегија за отворање можности за младите кои се во процес на дефинирање на својот кариерен пат. Таков е и случајот со Арбра; обуката ѝ овозможила да открие дека графичкиот дизајн е полето во коешто е најдобра. „Искрено верувам дека графичкиот дизајн може да биде моето професионално занимање,“ со самодоверба вели таа.

За проектот

Проектот „Обука и едукација со пазарни ИКТ вештини за вработување и самовработување во Косово“, спроведен од Центарот за иновации во Косово, беше основан со ИПА финансии од ЕУ. Целта на проектот беше креирање нови работни места и бизнис просперитет во Косово преку развивање на вештини и иновација, како и поддршка за претприемачи, стартап компании и веќе постоечки компании.

Photo credits: ICK & AmamStudio

Please wait while your video is being uploaded...

Don't close this window!

Subscribe to the newsletter

I have read and understood the terms of the privacy statement.