Да се биде горд повеќе од еднаш во годината | WeBalkans | EU Projects in the Western Balkans

Да се биде горд повеќе од еднаш во годината

Да се допре срцето на луѓето преку активизам за поддршка на една од најдискриминираните заедници во Албанија.

SCROLL DOWN

„Љубовта е единствената вакцина против хомофобијата“ беше годинешниот слоган на активностите кои ја слават разноликоста и гордоста на сите геј, лезбијки, трансродови и интерсекс луѓе (LGBTQI/ЛГБТКИ) во Албанија. Се работи за повик, од страна на ЛГБТИ заедницат,а за разбирање и прифаќање; по она што Алијансата против ЛГБТИ дискриминација го опишува како тешка година, полна со несигурности, страв и изолација за време на пандемијата со Коронавирус. Алијансата е една од водечките организации зад активизмот  кој го одбележува Меѓународниот ден против хомофобија, бифобија и трансфобија и се случува за време на неделата од 17-ти мај.

 

Џени Карај, директорка на Алијансата, е водечки активист повеќе од една деценија. Годинешните иницијативи се фокусираат на јавни прикажувања и уметнички перформанси. „Нашата заедница мора да знае дека сме тука за да ја поддржиме, а 17-ти мај е одлична прилика да се соопшти својата сексуална ориентација,“ вели Карај. „Не треба да се чувствуваат засрамено или виновно.“

„Семејството би требало да биде сигурно засолниште [за ЛГБТКИ луѓето]. Преку уметноста, стремиме да ги освоиме срцата на луѓето за да го промениме нивното мислење.“

Џени Карај, Директорка на Алијансата против ЛГБТКИ дискриминација

Меѓу главните моменти на програмата беше квир монодрамата прикажана на сцената на културниот центар во главниот град, Тирана. Во драмата станува збор за најголемите стравови на ЛГБТКИ луѓето во Албанија; вклучувајќи ги самоприфаќањето и важноста да се биде прифатен од страна на семејството. „Семејството би требало да биде сигурно засолниште. Преку уметноста, стремиме да ги освоиме срцата на луѓето за да го промениме нивното мислење,“ вели Карај. Таа е првиот член на ЛГБТКИ заедницата во државата која јавно ја споделила својата сексуална ориентација како лезбијка. Карај ја црпи мотивацијата за својата работа од храброста на ЛГБТИ луѓето да го предизвикуваат конзервативното албанско општество.

Напоредно со подигнувањето совест, ЛГБТ организациите ги ангажирале јавните институции да се заложат за стратешко ставање крај на дискриминацијата против ЛГБТКИ луѓето во државата. Истражувањата покажуваат дека двојно повеќе ЛГБТКИ луѓе се цел на дискриминација и исклучување во споредба со остатокот од населението. Со поддршка на заедничката програма на ЕУ и Советот на ЕУ, „Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција“, организациите на граѓанското општество како, на пример, Алијансата можат подобро да ја пополнат празнината помеѓу заедницата и институциите за спроведување на законот. Пример за ова е Државната полициска дирекција која назначила контактни точки со ЛГБТКИ заедницата и ги подобрила своите протоколи за пријавување случаи на злосторства од омраза. Прилики за дијалог помеѓу заедницата и полицијата се поттикнуваат преку иницијативите на програмата, како во Албанија, така и ширум регионот.

Советот на Европа неодамна адаптира и преведе на албански јазик прирачник со насоки за полицијата за професионално постапување при вакви случаи и, исто така, организираше активности за зголемување на капацитетот во рамки на силите. Прирачникот покренува воспоставување на низа последователни иницијативи кои ќе се однесуваат на дискриминацијата, нееднаквоста и ќе ја зајакнат инклузијата во полицијата и во односот на полицијата и граѓаните. Овие иницијативи се водени од стандардите на ЕУ и Советот на Европа за почитување и промовирање на човековите права.

„Единствениот момент во кој сексуалната ориентација беше спомната во текот на општата изборната кампања беше тогаш кога политичките противници сакаа меѓусебно да се навредуваат.“

 

Џени Карај, Директорка на Алијансата против ЛГБТКИ дискриминација

Како дел од борбата за слободно и еднакво општество за сите сексуални и родови идентитети, Алијансата смета дека најголемиот институционален предизвик се политичките партии. Пред скоро десет години, со поддршката на Советот на Европа, биле предложени промени на два клучни закона кои дозволуваат истополови бракови и родово признавање на транссексуалните лица. Меѓутоа, Собранието никогаш не ги зело предвид.

„Нема политичка волја,“ вели Карај која изгледа разочарано, но не и изненадено. Алијансата ги праша сите партии кои учествуваа во општите избори во 2021 за нивните планови за подобрување на ситуацијата на ЛГБТКИ заедницата, но одговорот беше молк. Како што Карај вели: „Единствениот момент во кој сексуалната ориентација беше спомната во текот на општата изборна кампања беше тогаш кога политичките противници сакаа меѓусебно да се навредуваат.“ Невладината организација развила јавна кампања преку која се посочувале политичарите кои употребувале такви практики во изминатата изборна кампања и во текот на минатата година.

Ваквата атмосфера значи дека членовите на заедницата се обесхрабрени кога пријавуваат злоупотреба, малтретирање и домашно насилство. Но, според Џени Карај, ЛГБТКИ луѓето во Албанија се отпорна заедница која останува активна и покрај големиот притисок во секојдневниот живот. Заедницата има онлајн услуга за поддршка која обезбедува советување и правна поддршка. Солидарноста со луѓето во потреба порасна за време на пандемијата, особено со помош на донатори. Пораката која ја испраќаат е „Krenar“. На македонски се преведува како „Горди“.

За програмата

Акцијата на „Промоција на разноликост и еднаквост во Албанија“ има за цел зајакнување на механизмите против дискриминација во државата; и тоа преку промоција на заштита на правата на ЛГБТКИ лицата и борба против говорот на омраза, во согласност со стандардите и препораките на Советот на Европа. Активностите имаат, исто така, за цел да ги поддржат преговорите на Албанија за пристап кон ЕУ во доменот на основни права.

Програмата е под финансиско покровителство на иницијативата „Horizontal Facility II за Западен Балкан и Турција (Horizontal Facility II) 2019-2022“ на ЕУ и Советот на Европа – заедничка иницијатива на двете организации да ги исполнат реформските агенди на корисниците во областа на човекови права, владеење на правото и усогласување со европските стандарди.

Photo credits: The Alliance Against LGBTQI Discrimination

 

Please wait while your video is being uploaded...

Don't close this window!

Subscribe to the newsletter

I have read and understood the terms of the privacy statement.