Миљана, 27-годишна жителка на ромска населба во Свилајнац, си има свои животни предизвици. По завршувањето на средното трговско училиште, таа се нашла во улога на самохрана мајка на својата седумгодишна ќерка, Петра. Нивното претходно живеалиште, мала, запуштена куќа, нудела далеку од идеални услови за живеење.
Меѓутоа, неодамна, во нивните животи се случи позитивна промена. Тие се вселиле во новоизградената зграда за социјални станови веднаш спроти тесната улица од нивната стара населба. Оваа навидум мала транзиција направи огромна разлика во нивните услови за живот. Нивниот нов стан не само што е простран, туку е и целосно опремен со нов мебел и модерни апарати за домаќинство.
Миљана е корисник на проектот „Нови домови и инклузивна средина за ранливите категории на населението во Свилајнац“, дел од ЕУ програмата за поддршка на социјалното домување и активна инклузија (EU SHAI). Покрај тоа што ѝ обезбеди удобен нов дом, оваа иницијатива ја охрабри и кон финансиска независност и социјална инклузија. Миљана активно учествуваше на работилници со цел подобрување на нејзината вработосособност, вклучително и обука за добивање возачка дозвола, Б категорија.
Во однос на социјалните станови, проектот вклучува три начини на поддршка: изградба на нови станови и куќи, обезбедување веќе постоечки куќи за корисниците и реновирање на куќи кои веќе се во сопственост на корисниците. До денес, вкупно 127 семејства, составени од 361 член на семејството (171 машки и 190 женски), успешно се преселија во своите нови живеалишта во новоизградените социјални станови, лоцирани во Чачак, Свилајнац, Лозница, Врњачка Бања, Љубовија, Шабац, и Рашка. Дополнително, изградени се 14 семејни куќи во Коцељева и Загубица, во кои се сместени семејствата кои сега ги нарекуваат свој дом. Дополнително, проектот набави 56 селски куќи и заврши реновирањето на 92 куќи, сите насочени кон подобрување на условите за домување за оние на кои им е потребно.
Драгана Милошевиќ, проект менаџер на програмата на ЕУ SHAI, елаборира за сеопфатната поддршка што им се нуди на семејствата избрани за социјални станови. Оваа поддршка е сложено прилагодена на специфичните потреби на секој член на семејството, утврдена преку темелна проценка по процесот на селекција на социјални станови. Таа вели: „На пример, доколку семејството се состои од четири члена на кои им е потребна поддршка, ние обезбедуваме помош соодветно на тоа. Во случаи кога поединецот има уникатни потреби, како на пример, лице со попреченост на кое му треба инвалидска количка или, во еден пример, младо момче кое посетува средно училиште во друг град за што му беше потребно да плаќа студентски дом, ние ги покривме тие трошоци, овозможувајќи му да го заврши своето средно образование. Некои поединци можеби ќе треба да посетуваат одредени курсеви; на пример, понудивме курсеви за заварување, многу барана професија денес и го олеснивме нивното учество.”
До денес, проектот ја прошири својата поддршка на 324 семејства, со опфатени над 1.000 поединци, преку низа активни мерки за инклузија. Од нив, 167 деца добиле образовна поддршка, додека 104 возрасни мажи и 221 жена поминале образовна обука. Дополнително, 146 семејства имаат корист од грантови за генерирање приходи, 42 корисници се привремено ангажирани на работа, а 29 корисници се самовработени. Психосоцијална поддршка е дадена на 135 семејства, во кои се вклучени 391 член. Дополнително, околу 280 семејства добија помош во форма на мебел и апарати за домаќинство. Драгана го нагласува значењето на компонентата на активна инклузија, наведувајќи: „Ова игра клучна улога во обезбедувањето одржливост на проектот, бидејќи е прецизно дизајнирана и имплементирана во согласност со уникатните потреби на семејствата и индиидуалните членови на семејствата.”
Драгана ја нагласува најголемата важност на поддршката на образованието и професионалното напредување меѓу корисниците, признавајќи дека само обезбедувањето на социјални станови не значи сеопфатно справување со нивните предизвици. Таа елаборира: „За да ја подобрат својата социјална положба, поединците мора да ги зголемат своите вештини и образование. Со подобрување на нивните можности за вработување, тие можат да направат транзиција од приматели на државна социјална поддршка“. Таа дополнителнозабележува: „Програмата на EU SHAI донесе значителни промени во животот на луѓето и тие се многу свесни за оваа трансформација.”
За проектот
Програмата за поддршка на социјално домување и активна инклузија на Европската унија (EU SHAI) е дизајнирана да ја подобри имплементацијата на политиките за социјална инклузија во Србија и да обезбеди одржливи решенија за домување придружени со активни мерки за инклузија за најранливото население. Европската унија (EU) додели 27 милиони евра преку Инструментот за претпристапна помош (IPA) 2018 година за 63-месечната имплементација на Програмата, а Канцеларијата на Обединетите нации за проектни услуги (UNOPS) е избрана за партнер за импементација .
Photo credits: EU SHAI
Please wait while your video is being uploaded...
Don't close this window!