Надоградување на младите луѓе со работно искуство | WeBalkans | EU Projects in the Western Balkans

Надоградување на младите луѓе со работно искуство

28 Јун 2023

Косово се соочува со голема побарувачка за квалификувани работници, подготвени да работат физички или онлајн за остатокот од светот. Зграпчувањето нови можности овозможени со зелената и дигиталната транзиција може да се резлизира со доживотно учење и развој на вештините кај младите. Слични јазови меѓу вештините се присутни во областа на ЕУ, каде што Европската комисија (EC) ја прогласи 2023 година за European Year of Skills. Целта е да им се обезбедат на граѓаните соодветни вештини со цел нивно прилагодување на промените на пазарот на трудот.

“Постои голем јаз во вештините на пазарот на труд на Косово, кој само се продлабочи по пандемијата“.

Фатос Аџеми, Центар за иновации во Ѓаковица

Постигнување позначајно влијание во помалите градови  

 

Пазарот на труд во Косово се соочува со најразлични предизвици, но во помалите градови има уште помалку можности за работодавците и за работниците. На врвот на листата на проблеми е јазот во вештините: компаниите не ги наоѓаат работниците што им се потребни, додека оние кои бараат работа не се доволно квалификувани за да се вработат. Во западниот град Ѓаковица, Jakova Innovation Centre (JIC) идентификуваше голем потенцијал во адресирањето на неусогласеноста на потребите на пазарот на труд и образовните вештини. Овој феномен веројатно придонесува за невработеноста на повеќе од половина од младите во Косово.

„Постои голем јаз во вештините на пазарот на трудот на Косово кој само се продлабочи по пандемијата“, вели Фатос Аџеми, проект менаџер на кофинансираниот проект меѓу Европската унија и општина Ѓаковица кој се однесува на вработливоста на младите, жените и обесправените групи…

За да се справи со проблемот, JIC примени двонасочен пристап: работа со работодавачот и со оние кои бараат работа. Откако ги наведоа потенцијалните можности во приватниот и јавниот сектор, тие идентификуваа осум барани вештини преку анализа на пазарот на труд и проценка на потребите – резултатот: 31 вработен и над сто завршени пракси.

„Нашите методи за ангажирање млади луѓе на пазарот на трудот се покажаа успешни, за што имавме многу позитивни критики“, вели Аџеми. „Тие завршија пракси каде што ја носеа тежината на работата на своите раменици, вршеа професионални должности врз основа на тоа што се вешти да го работат“.

Покрај обуката, учесниците растеа во текот на нивното искуство со програмата за менторство во текот на двегодишниот проект.

Ги поставивме темелите на голема мрежа на постоечки и нови компании кои работат во Ѓаковица, преку којапродолжува активно да се идентификува недостигот на вештини кај јавните власти, што е уште едно од нашите достигнувања како проект“.

Фатос Аџеми, Центар за иновации во Ѓаковица

Старт-ап компании, надминување на првата препрека

JIC, исто така, ги поддржа старт-ап компаниите на кои им беше потребна помош за да ја надминат почетната линија, особено оние кои работат во мали градски средини како Ѓаковица и соседните општини Јуник и Дечан. Помеѓу 16-те грантисти, проектот поддржа жени претприемачи и сопственици на старт-ап компании со попреченост во различни индустрии, како што се преработка на храна, ИТ, консултации за исхрана, раст на бизнисот и многу други.

„Ги поставивме темелите на голема мрежа на постоечки и нови компании кои работат во Ѓаковица, преку којапродолжува активно да се идентификува недостигот на вештини кај јавните власти, што е уште едно однашите достигнувања како проект“, вели Аџеми.

Континуираното идентификување и адресирање на недостигот на вештини е задолжително за сите актери, како што е и потребата за доживотно учење и стекнување вештини за да се вклопат во транзициите, како се зголемуваат шансите за вработување на сите. Повеќе од три четвртини од компаниите во ЕУ имаат потешкотии да најдат работници со потребните вештини, а само една третина од возрасните се обучуваат, вели EC.

За проектот

Како водечки партнер, Центарот за иновации во Ѓаковица и општина Ѓаковица го имплементираа проектот „Обединети кон зајакнување на младите, жените и обесправените групи“ во текот на две години, финансиран од Канцеларијата на Европската Унија во Косово. Главната цел на проектот беше да се анализира сегашниот пазар на труд и да се создадат нови можности за младите, жените и обесправените групи. Дополнително, проектот имаше за цел да им ги обезбеди на целните групи вештините потребни за пазарот на трудот, поврзување и усогласување на работодавците со вработените за обука на работното место, пракси и редовно вработување и финансирање на нови иновативни идеи за создавање нови старт-ап компании.

Дознај повеќе

Photo credits: Jakova Innovation Centre

Please wait while your video is being uploaded...

Don't close this window!

Subscribe to the newsletter

I have read and understood the terms of the privacy statement.