Арта Шеху Заими е млада претприемничка од Косово. По завршување на студиите за компјутерски науки, се вработила, како програмерка, во комерцијална банка, а, подоцна, била унапредена и во софтверски архитект. Меѓутоа, набрзо станала мајка и нејзиниот светоглед и професионална визија целосно се измениле, па одлучила да започне нов деловен подвиг. „Отсекогаш ми беше жал што, како и многумина од мојата генерација, ретко имав прилика да учам на практичен начин; и затоа почувствував потреба да направам нешто за моите ќерки и нивната генерација да не ги искусат истите тешкотии,“ вели Арта.
Затоа, уште во 2015 година, Арта и нејзината сестра, одлучиле да ја основаат академијата „J-Coders“; приватен курс на кој децата, од 8 до 18 години, можат да учат програмски јазици, апликациски дизајн и дизајн на компјутерски игри. Принципот на академијата „J-Coders“ е да им ги пренесе на децата овие концепти, со колку е можно повеќе практични вежби.
“Веруваме дека науката и технологијата треба да им се пренесат на децата на вистинит и лесен начин; охрабрувајќи ги, истовремено, да решаваат проблеми и да размислуваат „надвор од рамката“.
Арта Шеху Заими, ко-основачка на Labbox
Технологија и наука лесни за учење
Но, за време на нивната работа на академијата „J-Coders“, Арта и нејзината сестра откриле дека децата имаат тешкотии при учењето на една посебна дисциплина – хардверски инженеринг и електроника. Причината е тоа што постоечкиот пристап не нуди едноставна средина за децата да можат да експериментираат во ова важно поле. „Веруваме дека науката и технологијата треба да им се пренесат на децата на вистинит и лесен начин; охрабрувајќи ги, истовремено, да решаваат проблеми и да размислуваат „надвор од рамката“,“ вели Арта.
На овој начин се родила идејата за „Labbox“ – револуционерен производ, според Арта. „Labbox“ е сочинета од повеќе мали „кутии“ кои вклучуваат струјни кола, кабелски поврзувачи и слични материјали кои им овозможуваат на децата да експериментираат, на микро ниво, со инженерски и електронски проекти.
Откако почетниот производ бил развиен, го претставиле на група родители и партнери. Производот бил добро примен, па Арта и сестра ѝ одлучиле да го претворат во бизнис. Меѓутоа, се работело за нов вид бизнис во Косово и регионот, па се соочиле со бројни предизвици. Особено, имале тешкотии со физичкото производство на нивните единици. „Нашиот регион не е пријателска средина за компании како „Labbox“ кои доставуваат физички електронски производи. Имавме сериозни проблеми при наоѓањето на добавувачи и партнерски компании кои би го презеле производството,“ вели Арта.
“Финансирањето на ЕУ, во раната фаза, беше неопходно за нашиот бизнис и се надевам дека ќе продолжат да го поддржуваат дигиталниот сектор во регионот, затоа што имаме многу талент и човечки капацитет кои имаат потреба од поддршка за да прераснат во поголеми брендови.“
Арта Шеху Заими, ко-основачка на Labbox
Другата опција била „Labbox“ да го преземе производството, но за тоа имале потреба од сериозна финансиска инвестиција која не можеле да си ја дозволат како стартап. Затоа, во почетната фаза, морале да ги насочат своите напори за обезбедување на првата серија производи на пазарот. „Labbox“ поднеле предлог за поддршка до Инструментот за развој и иновација на претпријатијата во Западен Балкан, на ЕУ, и добиле позитивен одговор.
ЕУ им помогнала при набавката на машини за да можат самите да ги произведуваат електронските кутии; независно од останатите добавувачи и потенцијални партнери. „Финансирањето на ЕУ, во раната фаза, беше неопходно за нашиот бизнис и се надевам дека ќе продолжат да го поддржуваат дигиталниот сектор во регионот, затоа што имаме многу талент и човечки капацитет кои имаат потреба од поддршка за да прераснат во поголеми брендови,“ вели Арта.
Електронските градежни блокови „Labbox“ ги учат децата на основите на науката и компјутерското инженерство; и тоа на забавен и интерактивен начин. Арта и нејзините колеги дизајнирале и развиле серија вакви блокови за сертифицирана наставна програма „STEM“ (од англиски јазик: наука, технологија, инженерство и математика). Секој производ кој го развиле е поврзан со одредена цел за учење и им овозможува на децата да разберат одреден концепт. По успешното воведување на домашниот пазар, „Labbox“ брзо стекнал домашна и странска репутација како пионер во образованието „STEM“. Јавните училишта ширум Косово ја пилотирале наставната програма „Labbox“, а во 2018 година компанијата освоила прво место на настанот „Startup Games“, како дел од Инвестициониот самит за Западен Балкан во Лондон. Но, ова е само почеток, бидејќи Арта е посветена да го одржи силниот импулс на „Labbox“. „Планираме да ги достигнеме пазарите на ЕУ и САД и да ги развиеме нашите дистрибуциски канали со цел вклучување на малопродажните ланци кои ги опслужуваат јавните училишта и образование,“ вели таа.
За проектот
Инструментот за развој и иновации на претпријатијата од Западен Балкан (The Western Balkans Enterprise Development and Innovation Facility (WB EDIF)), финансиран од ЕУ, има за цел да го подобри пристапот до финансии за малите и средни претпријатија од Западен Балкан. Инструментот е дизајниран за да обезбеди дополнителни финансиски инструменти насочени кон целата палета финансиски потреби на малите и средни претпријатија во Западен Балкан. Инструментот се состои од четири столба: рамноправно финансирање на мали и средни претпријатија, кредитна гаранција, услуги за заем и поддршка на мали и средни претпријатија.
Photo credits: LABBOX

Please wait while your video is being uploaded...
Don't close this window!