Церница е село, со околу 600 жители, од косовската страна на границата со Северна Македонија. Реката, која го носи истото име, поминува низ центарот на селото и од него прави еден од најубавите предели во регионот, но, исто така, го зголемува и ризикот од поплави. Фатлум Мехмети од Церница е горд на природната убавина на неговото село и вредните луѓе кои живеат во него, но, додава и дека нивниот живот би бил поубав доколку би можеле да ја избегнат лошата миризба која доаѓа од реката поради отпадните води кои се влеваат во неа, како и штетата која ја предизвикуваат поплавите. „Секоја есен и зима, живееме во страв од можната штета, предизвикана од поплавите, за нашите домови, обработлива земја и живот,“ вели тој.
Проблемот со поплавите не се јавува само во Церница. Целиот граничен регион се соочува со него веќе со децении; а поради климатските промени, зголемена е честотата на поплавите. Само ова лето, преку 60 семејства во регионот биле евакуирани од нивните домови поради поплавите. Немало човечки жртви, но материјалната штета била значајна. Општината Гњилане ја проценува штетата, предизвикана од годинешните поплави, на околу 1,5 милиони евра. Преку 30 домови се непогодни за живот, пет моста се руинирани, а оштетени се декари обработливо земјиште.
„Веќе со години мештаните лобираат кај локалните авторитети и управа за да добијат помош за санирање на речното корито со цел намалување на штетата предизвикана од поплавите.“
Бесим Хазири, јавно претпријатие за водовод „Hidromorava“
Крај на поплавите
Бесим Хазири од јавното претпријатие за водовод во Косово објаснува дека причините за поплавите се од природен карактер, но и со значаен човечки фактор како последица на климатските промени. Меѓутоа, во случајот на Церница и околниот регион, поплавите се резултат на недостаток од соодветна инфраструктура. „Веќе со години мештаните лобираат кај локалните авторитети и управа за да добијат помош за санирање на речното корито со цел намалување на штетата предизвикана од поплавите,“ раскажува Бесим.
Иако сакаат да помогнат, претпријатието и локалните авторитети немаат доволно финансиски средства и експертиза за толку важен проект. Можноста се појавила во 2019 година кога дознале дека можат да добијат помош од програмата на ЕУ за прекугранична соработка за Косово и Северна Македонија. Претпријатието „Hidromorava“ успешно се пријавило заедно со јавното претпријатие „Водовод Куманово“, од градот Куманово, преку границата. Тоа било почеток на проектот наречен „Значајни еколошки и здравствени придобивки во прекуграничниот предел“ кој треба да има долгорочен и позитивен ефект врз животот на локалното население.
Во текот на две години, проектот придонел за значајни инфраструктурни интервенции. Тука спаѓаат реорганизација на речното корито и намалување на загадувањето на почвата преку одвојување на отпадната вода и дождовницата; што значи дека отпадната вода веќе не се влева директно во реката, па затоа исчезнал и лошиот мирис. Дополнително, проектот придонел и за одредени естетски промени преку изградбата на променада по должината на реката, поставување клупи и места за рекреација. Слични подобрувања се направени и од другата страна на границата; во општината Куманово.
„Благодарение на поддршката од ЕУ, веќе не треба да се грижиме за опасноста по нашите животи и имот предизвикана од поплавите секоја зима.“
Фатлум Мехмети, мештанин од Церница
За да ја осигура одржливоста, проектот имплементирал и кампања за подигнување на еко-совеста за одржување на чистотата на реката и околното подрачје. Бесим потенцира дека покрај финансиите од ЕУ, размената на прекугранични искуства, идеи и експертиза со колегите од „Водовод Куманово“ имала значајно влијание врз успешноста на проектот исто така.
Фатлум објаснува дека проектот имал големо влијание врз нивните животи. „Благодарение на поддршката од ЕУ, веќе не треба да се грижиме за опасноста по нашите животи и имот предизвикана од поплавите секоја зима,“ вели тој.
За проектот
Прекуграничниот проект „Значајни еколошки и здравствени придобивки во прекуграничниот предел“, финансиран од ЕУ, беше започнат во февруари 2020 година, а завршен во октомври 2021 година. Целокупната вредност на проектот е проценета на околу половина милион евра.
Photo credits: Hidromorava public water company
Проблемот со поплавите не се јавува само во Церница. Целиот граничен регион се соочува со него веќе со децении; а поради климатските промени, зголемена е честотата на поплавите. Само ова лето, преку 60 семејства во регионот биле евакуирани од нивните домови поради поплавите. Немало човечки жртви, но материјалната штета била значајна. Општината Гњилане ја проценува штетата, предизвикана од годинешните поплави, на околу 1,5 милиони евра. Преку 30 домови се непогодни за живот, пет моста се руинирани, а оштетени се декари обработливо земјиште.
Крај на поплавите
Бесим Хазири од јавното претпријатие за водовод во Косово објаснува дека причините за поплавите се од природен карактер, но и со значаен човечки фактор како последица на климатските промени. Меѓутоа, во случајот на Церница и околниот регион, поплавите се резултат на недостаток од соодветна инфраструктура. „Веќе со години мештаните лобираат кај локалните авторитети и управа за да добијат помош за санирање на речното корито со цел намалување на штетата предизвикана од поплавите,“ раскажува Бесим.
Иако сакаат да помогнат, претпријатието и локалните авторитети немаат доволно финансиски средства и експертиза за толку важен проект. Можноста се појавила во 2019 година кога дознале дека можат да добијат помош од програмата на ЕУ за прекугранична соработка за Косово и Северна Македонија. Претпријатието „Hidromorava“ успешно се пријавило заедно со јавното претпријатие „Водовод Куманово“, од градот Куманово, преку границата. Тоа било почеток на проектот наречен „Значајни еколошки и здравствени придобивки во прекуграничниот предел“ кој треба да има долгорочен и позитивен ефект врз животот на локалното население.
Во текот на две години, проектот придонел за значајни инфраструктурни интервенции. Тука спаѓаат реорганизација на речното корито и намалување на загадувањето на почвата преку одвојување на отпадната вода и дождовницата; што значи дека отпадната вода веќе не се влева директно во реката, па затоа исчезнал и лошиот мирис. Дополнително, проектот придонел и за одредени естетски промени преку изградбата на променада по должината на реката, поставување клупи и места за рекреација. Слични подобрувања се направени и од другата страна на границата; во општината Куманово.
За да ја осигура одржливоста, проектот имплементирал и кампања за подигнување на еко-совеста за одржување на чистотата на реката и околното подрачје. Бесим потенцира дека покрај финансиите од ЕУ, размената на прекугранични искуства, идеи и експертиза со колегите од „Водовод Куманово“ имала значајно влијание врз успешноста на проектот исто така.
Фатлум објаснува дека проектот имал големо влијание врз нивните животи. „Благодарение на поддршката од ЕУ, веќе не треба да се грижиме за опасноста по нашите животи и имот предизвикана од поплавите секоја зима,“ вели тој.
За проектот
Прекуграничниот проект „Значајни еколошки и здравствени придобивки во прекуграничниот предел“, финансиран од ЕУ, беше започнат во февруари 2020 година, а завршен во октомври 2021 година. Целокупната вредност на проектот е проценета на околу половина милион евра.
Photo credits: Hidromorava public water company
Please wait while your video is being uploaded...
Don't close this window!